Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    165
    На колку планираш да почнеш со вкусови? Јас претходно имам пишано дека дури на 6ипол месеци имаме контрола, касно ми е до тогаш да чекам за да каже педијатарот и не знам искрено кога, како и со што да почнам. Збунета скроз.
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.191
    Допаѓања:
    24.594
    Пол:
    Женски
    Па здравје на 5 месеци планирам сега е 4 и пол, за 2 недели ќе почниме.
    Со првото дете на 4 и пол месеци почнав.
    Мислам и јас ти пишав, касно ми е мене 6 и пол.
     
    На јolene, lalinda и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    Лаки ја почнав на 5 со вкусови. На нас педијатар и општо во Германија од 4 е препорака со вкусови. Од 5 со оброк и тоа зеленчук и месо. Значи ручек да се воведе. Мене прерано ми се гледа. Туку друго ми беше.
    Кога почнав сакаше и морков и компирче. И се шо и дадев.
    Се додека не проба крушка. Од тогаш само круша сака. Па на зеленчук затвара уста. Па се прета со раце.
    Вчера беше цела портокалова. Од глава и паѓаше каша надоле. Столче портокалово. Абе хаос. Морков и тиквичка сакав да и дадам. Две усти не изеде.
    Искуство? Шо да правам?
    Не може и не сакам се да маскирам со крушка..некна така компир и пашканат маскирав. Јадеше.
    Ја планирам од 6 полни оброк. Она може да изеде и јаде на пример цела крушка.
    За три-четири дена планирам да дадам и житарки нешто. Просо, овес и ориз зедов.
    Ама ова со зеленчукот не знам што да правам?
     
    На lackygirl и lalinda им се допаѓа ова.
  4. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    165
    Предложете ми педијатар и ортопед во мк каде да идам. Да видам бар за празниците во Скопје што ќе ми каже педијатарот таму
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    21.344
    Пол:
    Женски
    Маскирај на почеток за да се навикне на храна и да почне да јаде поубаво. Јас имав таков проблем и на почеток морав да додавам банана во се или некоја блага компонента, сладок компир, тиква. Вчера прв пат без проблем изеде каша што беше баш бљуткава на вкус, ама на него ептен му се допадна. Имаше телешко, ориз, морков, праз и тиквичка.
     
    На Ceneva и јolene им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    Ја се мислев баш сега. Ја чекам да стане. Сварив компир, пашканат и морков. Мене ми е преблага како каша, оти цел зеленчук е уствари шеќери од овие. Ама ако не сака да и ставам ли малку ад во кашата или не? Она секако е комплетно на ад.
     
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.191
    Допаѓања:
    24.594
    Пол:
    Женски
    Стави АД, можеби така ќе јади да не ставаш во се круша :D
    Со првото јас не давав по 3 дена еден вкус, и сега не планирам 3 дена исто, секој ден различно и мешано, 1 ден пр јаболко, др ден, банана, потоа морков, па на пр круша, па морков и компир заедно, морков-компир-тиквичка, така давав и се покажа супер се јадеше, ама обожаваше тиквичка и јас ствав почесто тиквичка :D
    Немаше реакција на ништо, плус ако има ќе јави одма нз зошто по 3 дена е воведувањето.
    Иначе не сум спремна во смисла немам список што ќе давам, од ден за ден ќе одиме, плус јас давав претежно сезонски овошје и зеленчук, не мора и манго и папаја да проба сега, јас сум пробала на 25 год и толку не го јадам пр тоа. Жолчка на 6 м, белка и риба на 8 дадов, исто планирам и сега, белка и порано овај пат ќе оди. Др лајчиња, тањирчиња имам се од големиот и тоа не купувам :rofl: само порачав од алиекспрес лајче и вилувче ај да има нешто ново. Уствари тањирче на почеток не користев, кашичките ги ставав во тегла од купена кашичка, 100 пати попрактично и полесно за давање. Др со блв не почнувам оти неможам да поднесам толку неред и валкање, немам ни време за тоа, после секое јадење да капам бебе и да чистам :shake: за јадење сами ќе научат секако. И уште нешто планирам пасирано да давам, нешто блендирано зависи што е, ама претежно пасирсно, првото на 8 месеци јадеше парчиња.
    Во влавно тоа ми е план само да сака да јади (fingers)
     
    На KuklickaSk, Ceneva, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    9.413
    Пол:
    Женски
    Така нешто и јас. Држам среќа да јаде.

    Кај нас денес. Пасирна каша. Не салаше. Демек кашла. Се мршти. Јазик испружен. Абе ко почнавме не беше така.
    Ај изблендирав со млеко. Исто. Чиниш готово отров е, нагон за повраќање.

    Се откажав и дадовме банана, само со лажичка изгребната директно. Јаде.
    Не знам како и што да правам. Мене и зеленчукот ми е преблаг варен.

    Друго ми е. Сета е нафрлана. Под уста, врат и на меше. Ама не се исти.
    Под уста се како брумчиња и црвенило, сумјам од блуцкање и лиги. Иако мијам и сушам редовно.
    На меше е како рапав осип на две три места малку. Не знам дали е од пелени оти баш таму ја допираат или е од храна.
    Тие пелени ги сменив што сумјав, и сега се мислам дали три -четири дена да паузирам од храна. Да видам дали ќе се повлече. Па да почнеме од почеток.
    Да не избрзав и јас што не чекав по три дена намирница.

    Да ја видите ќе речете дека сум ја запоставила. Жими се.
    Изгребана. Исфрлана. Измацани облеки. Кога ги гледам сликите од другите девојчиња. Абе сонценца. Моето ќе биде тоа шо ќе ги тепа сите во градинката. А нит чула цркање нит видела агресија.
    Од кај е таква, поима немам.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    21.344
    Пол:
    Женски
    Ако не сака со ад додавај банана на почеток. Освен ради вкусот одбиваат и затоа што сеуште се учат. Минавме низ повеќе фази ние. Нејќеше ништо без банана, па нејќеше ако не е скроз мазно и потечно. Сега веќе прифаќа секаква структура и ситни парченца. Процес е, ама се учат. Важно е да сме упорни.
     
    На lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    19.431
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе не е какано 3ден денес ептен е жален и само стенка, се витка не знам како да му помогнам. Немам ништо променето во исхрана јас, исто е се. Се мислам чајче од хип да му дадам ке помогне ли? Или ким? Тоа имам дома моментално
     
  11. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.741
    Мајки, на колку време отприлика, ви јадеа на три месечна возраст? Не можам никако да фатам некој ред. Бебе покажува знаци дека е гладен, скоро секогаш кога ќе го земам, па дури и кога му се кака. А не секогаш вистински му се јаде.
    Некогаш кога има поминато повеќе време, знам да му дадам без да побара, затоа што мислам дека е гладен ама после некое време секогаш ми враќа млаз, иако предходно има подригнато. Секогаш си викам да му дадам, пред да почне да плаче, ама вака само полошо му правам.
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.191
    Допаѓања:
    24.594
    Пол:
    Женски
    Пробај со чајче и масажи на меше, да полежи во топла вода.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    21.344
    Пол:
    Женски
    На доење ли е и колкаво е? Јас не би дала вода/чај, ако го доиш јади суви сливи, пиј чај од ким, преку тебе ќе прима. За доени бебиња и до 14 дена е нормално да не какаат. Моето кога беше помало 8 дена не се искака.
     
    На 0ли и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ако сте почнати со вкусови слива свари и дај ја водичката. Доколку немате пробано масажа на меше и со влажна марамица пробај забриши го од кај што кака обично така се "иритира" па им доаѓа да какаат.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Не си пишала дали сте на доење или АД. Ние на 3 месеци веќе почнавме само на АД ми се случувало да направам цело шише, а тој да испие само 20-30мл само како да се искака. Така да кога сака колку сака нека јаде. Не го терај без потреба тоа нема гладно да седи.
     
    На SiMpAtIcNaTa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    19.431
    Пол:
    Женски
    4ипол месеци има, на доење е на 11 јануари 5 ке прави мноогу е жален денес само се витка, еднаш не се насмевна. Од вчера пиам јас чај од ким. Ке пробам и со сливи да јадам и со масажа да видам.
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.679
    Допаѓања:
    21.344
    Пол:
    Женски
    Знам како е, ама ќе помине. Сѐ е тоа дел од развивање на дигестивниот систем. Кога се искака после 8 дена и мене ми олесни. :D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KiviOdMaldivi

    KiviOdMaldivi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2018
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Имаме бактетија во носето staphylococus aureus,вадиме зелено жолт секрет и многу кашла,ама ептен длабоко кашлање.
    Бебе старо 50 дена,матичната ни даде само локално chloramfenikol
    Некој со искуство со бактеријата кај толку мало бебе
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.191
    Допаѓања:
    24.594
    Пол:
    Женски
    Кај мало не ама имаше синко на 2 год од ко почна в градинка, истите капки ги користевме, таа е мн честа бактерија не е мн страшна.
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Страфилокока не е толку лоша, моето уште во стомак ја имаше на пораѓај по телото. Додека стрептококата е доста полоша.