Мајки бебе е 1 месец, кога има грчеви стомакот и е тврд и првам масажа и одма исповраќа се.Инаку на доење сме,и многу често ми повраќа изгледа многу се прејадува.Ке цица ке се прејаде,ке плаче, ке поврака,па ке почне да ика и така цел ден во круг.
Ја носиш ли исправена после цицање да ждригне? Дури и да не ждригнува барем 10минути носи ја исправена
И моето повраќаше скоро после секој подој, а ждригаше, сега е поретко 4 и пол месеци е.., а првото дете па воопшто не повраќаше и не ждригаше, скроз различни се, само исто напредуваат, дури ова сега и повеќе според Родилна тежина. Како сте мајки? Среќна Нова година, здравје, љубов и мир секаде нека има. Прв пат излеговме в кафана вчера и бебе прв пат да плачи и да не заспива, свеки го чуваше ама вика на мака се најдов очи триел ама не заспива и плачел цело време, па и прв пат се напил млеко замрзнато, има надеж за шише да фати, од прво не сакал после го испил цело и заспал. Па спиеше после цела ноќ. Мене ми личи дека почнува регресија оти ко спиеше во 7ч плачеше во сонот силно и не се будеше, в раце се смируваше ама замижан очи не отвараше, легни го пак исто.
Ние со таква надеж бевме купиле карти за Дино Мерлин. Пробав мајка ми да го успие навечер тестиравме, но со плачки неуспешно. Така си ги продадовме картите, среќа, зошто скапи беа. Преку ден го заспива без проблем го чува по 2-3 саати, но навечер си ја знае рутината дека јас и он сме сами. Така ќе тестираме нареден пат пак. Не сум излегла навечер не памтам од кога
Бебево денски е супер спие, цица се по ред, меѓутоа навечер драми, нема шанси да се наспиеш за да си способен следниот ден. Дали да правам адаптирано за навечер? Дека поубаво спиеле. Дали нема да сака после мајчино? Нема причина буквално зошто е толку кенкаво во сред ноќ, со саати не се смирува да спие.
Колку што знам бебето ти нема ни месец дена што е нормално. Грчевите најчесто се јавуваат навечер па стави термофорче можеби ќе се смири. Кај нас првите 3 недели беше исто и нервозно цицаше зошто и немаше доволно млеко секако веќе навечер беше доста намалено и не качуваше доволно на килажа па затоа вметнав адаптирано но кога давав адаптирано давав цел оброк не давав прво да цица па дохрана зошто рикаше од грчеви така па морав решение да најдам. Ризик да се одбие од мајчино немаш но од цицање може да се одбие или потешко да ви иде. Ако нема доволно мочани пелени, какани пелени и не качува на килажа тогаш ќе мора да воведеш но сепАк измери ја и види колку тежи.
Моето на 2месеци и 3 недели се сврте, и а го ставевме на стомак тоа правеше. Сега ретко се врти, ама има обиди за лазење, крева газ а глава забцува у подлого и се лути зошо не може
Второво сега пред 10тина дена 4 и пол месеци е сега, исто има обиди за лазење. Првото дете на 8 месеци не лазеше воопшто, не сакаше на меше ич. Истово го прави а ако сум седната до нозете кај него се турка и оди напред малку.
Колку пати ми текнува во последно време за адаптирано за да спие повеќе, бидејќи многу често се буди навечер, иако што одма заспие, а преку ден милион пати се нишкаме. Ама се откажувам одма штом помислам. Имам млеко фала Богу, а кај и да е ќе почнеме со вкусови. 5 месеци е. Инаку пред некој ден прашав за вкусовите. Педијатарот ми вели ако си напредува добро може да почекаме и до контролата на 6ипол месеци па тогаш ќе ни каже како да почнеме со вкусови. Мислам дека сама ќе почнам порано, касно ми е многу тоа.
Моево е 1 и пол месец и ја местам за на стомак да вежба главче иако си го држи веќе исправено и си го врти ми се превртува на грб и од 2-3 минути наместо да вежба таа ми се превртува мислев дека е многу рано зошто првото на 3 месеци ми се превртуваше оваа ептен запнала да стане голема девојка за брзо време
Ne znam dali e normalno da se pozali ama bebeto mi e 3 nedeli, mnogu retko place i toa mnogu kratko. Samo koga saka da sisa i toa mnogu malku. Cel den spije i mnogu e miren. Dali i ova e normalno be?
Моето бебе прв пат заплака кога се роди, а втор на прва вакцина на два месеци. Од тогаш на прсти се брои колку пати плачел, скоро 9 месеци има. Такво си е детето, не е плачливо.
Да второво такво беше, јас се чудев исто дека првото ми беше лошо. Почна сега да плачи на 4 месеци. Леле денес многу е нервозен, само кога се чешка на непцата ќути иначе плачи, апла се гледа дека го боли, долните единици се подбелени, татко му на 4 месеци извадил запче, брат му на 6м, почнаја маките