Мајки, ве молам за мислење дали има место за паника и дали треба да ја носам повторно на ортопед. На првите два прегледи на 2 и 4 месеци сè беше уредно. Бебето ми е 6++ и сè уште не се врти од грб на стомак и не покажува никакви знаци за седење. Ретко да се сврти и од стомак на грб. Веќе 3-4 месеци најголемиот дел кога е будна е на под, на подлога на грб, а сака и на стомаче - и читам, пеам, игра со играчки, ги крева нозе и ги става стапалата во уста. На стомаче во последно дури знае да го подигнува и газето. Јас не ја ставам да седи, нели да не се форсира. Ама да не грешам негде? Количката ми е на 45 степени, така и јаде кашички. Пишав и во ортопедски прегледи ама дека тука темата ми е поактивна.
Од 4 месеци само третите на сликата или заедно со претходните две? Мене педијатар после 4 месеци ми рече само тие третите со Омега.
Добро имаш разберено, скоро секој педијатар па и ортопед дава различни насоки. Кај нас и на педијатар и на ортопед мислењето се поклопуваше, кога бебе имаше 7кг да прима 1500 единици витамин Д.
Една недела по вторите вакцини бебо нема какано четири дена. Поврзано е или не? Мочка и пртка нормално. Не знам шо да направам за да се искака нервозничко е
Мојот после рота 2 дена не какаше. Инаку кака секој ден.. може од вакцината не знам. Баш коментирав, ни рекоа диареа, он не кака.
Здраво мајки,пишав во темата доење па си реков ајде и овде…бебе има 3 полни месеци, и сме само на доење, прашањето ми е дали анестезијата за заб нешто ке ми смета на тоа што го дојам , ако има некој искуство некакво со заби, нека сподели тука...
Пробиотик до кога сакаш, а капки за грчеви обично до 3ти месец ако ги имаат. Јас само пробиотик давам месец и пол е и нема грчеви.
https://vm.tiktok.com/ZM6aR36b8/ Не можам да ја најдам членката што прашуваше зошто не се дава вода на бебе. Па еве во видеото има објаснување детално зошто не е добро.
Што се правеа/можеа вашите бебиња од 2 месеца? Моево на стомак лежи си ја подига главата, се смее,си гука, има брзи движења кога е на грб и со раце и нозе Но Не се загледува во нив, играчки јаки бои не го интересираат, јаде,дремнува ,си прди и тоа Не може само да се сврти од грб на стомак ко што читав на нет , мора ептен да му помогнам ------ Кога одам в Вц, мислам имам напнат мускул таму доле и осеќам ко да ми пукаат конци (немам веќе) .. Дали е Ок?
Таман си е мајка. За др прашање нз јас сум царски. Бебе нервозно со забите, се гризи на нерва, кога го чешкам ужива, плус регресијата почна, засега ноќе е ок, не смени ноќе, а дење не спие поќе од пол сат, 1 сат најмногу, се буди со плачење и не ги пули очите, мижи и плачи, раце ни паднаа од кревање, за некој ден почнувам со вкусови, само шлапка кога не гледа кај што јадиме само се молам да јади, да не ја нервира мајка Иначе со вртењето стана профи и штом го легнам на грб одма оди на меше, вчера имаше обиди за лазење, на кревет, се помести нанапред 10тина см по едно играче одеше мајка прво искуство со вакви рабоќе мн ми е интересен и поинаков од брат му, единствено по килажа и раст се исти, се др различно. Нека се живи и здрави
Мајки бебе 2 вечери по ред плаче ако го ставам во креветче. Помина скокот, сега ова почна првото спиење му е добро заспива во 9 9ипол до кај 1ч некогаш знае да завлече и 2 ама после ова се буди на пола саат и плаче ако не е до мене. Ке цица успан ке го ставам во креветче плаче и се врти со главата лево десно, само тегли уши, се кубе за глава. Регресијата е? 4месеци сме веќе 5 на 11 ке правиме. Да не му е нешто а јас го чувам дома, вака весел е се смешка, не знам што да му правам..
Не беше баш тој период кога мислат дека родителите ќе ги остават сами па затоа се будат и плачат? Немам многу искуство со скокови зошто моето прво дете плачеше ден и ноќ до 11 и пол месеци како цело време да беше во скок
Страв од разделба со родител, како се викаше сепарациона анксиозност нешто, има неколку такви ко ќе се залепени цело време за мајката. Иначе првото исто така ми правеше од 4 месеци и така на цицка спиеше до годината, тој воопшто не спиеше в креветче, до мене цело време, тек на година и 9, 10 месеци почна в креветче ова исто не презаспива ако не го ставам на цицка, ама спие уште в креветче.. Иначе си покажват веќе карактер и тие. Да не почнавте со вкусови?