Здраво мајки, неполн месец сме со бебчо, почнаа грчеви… користиме Биогаја и Еспумисан л, некои дополнителни совети да ни дадете? До кога траат грчевите? Што да очекуваме периодов?
Грчевите можеби се од капките баш. Со првото истите ги користев грчевите беа појаки дури. Не спаси Линекс пробиотик и Саб симплекс и Нурс Харвејс сирупот(го имаш во Зегин)
Не користам. Имам две тенџериња што нон стоп стоат во кујна редам во нив шишиња, цуцли, глодалки и ги попарувам со вода завриена од бокал. Пред да ги попарам шишињата ги плакнам со фрош сјај за бебиња од ДМ.
Лошо искуство имам и со едните и со другите, од нив и повеќе грчеви имаше него без нив. Не значи дека и кај вас ќе е така, ама такво е моето искуство. Што да очекуваш не се знае, можеш да се надеваш само дека ќе бидат послаби. Ако се слаби јас за почеток не би давала ништо. Само масажи, вежбички и топли облоги на мешето.
Јас почнав пред 2 дена, прво јаболче, вчера банана, денес круша, за 6 дена 5 месеци ќе биди. Мн напредуваше со ексклузивно доење е (9600г) ама веќе е мн напорно доењето, ме истроши мене, бев кај матичната и ми рече почни, тоа беше минатата недела, ама не сакав во неработни денови да давам. Па и сака да јади, можи дека благо му е ќе видиме со зеленчук како ќе биди. Засега е супер нема грчеви, нема запек, си се кака пак повеќе пати, 6,7 во денот само што му се здебелува има парченца во какето првото дете 2 дена не какаше воопшто ко почнав со вкусови,па потоа нормално си продолжи.
Моето е на АД, сега на 6ти направи 5 месеци и вчера му дадов да проба јаболко. Мислам дека за недела две можеш да почнеш со вкусови, па околу 6-6 и пол месеци да имаш оброк.
Мајки што да ѝ дадам за сува кашлица, од вчера почна, страв ми е? 5 месеци е, само на доење, нема почнато ништо од вкусови.
Мајки ги купив осанит пилулите зошто се сомневам дека е почнат процесот на вадење заби. Бебето има многу плунка, цело време е со раците во уста, обожава глодалки лом ги прави и гледам дека почна и да се тегне за ушите. Дали е доволно за да почнам да ги користам или да чекам нешто посериозно? Инаку е 5+.
Мојот се лигавеше од 4 месеци, уши тегнеше исто така и гризаше се прво запче му искочи на 11 и пол месеци т.е. тогаш проби со се и свашта го мачкав џабе беше.
Со среќа нека е, да си лапкате многуу Ние во понеделникот сефтосафме. Јаболче предходно му имав дадено 2-3пати во цуцла, сега тиква му дадов 2 дена со сласт јадеше. И денеска компир со јаболче. Компирот варен, јаболчето рендано испасирав си касна бебо за машала Вода почна ли да му даваш? Да му дадам морков па брокула да имам со што да мешам на ред ми се тие
Здравоо мајки, совет на која страна да гледам/порачувам шпикозни/алиштенца за новороденче? Да се убави и по нормална цена
Ние живееме во Шведска и му даван Semper 1, во денот му давам 3 пати а некогаш и 2 пати. Вкупно му иди 240мл дневно а некогаш 180мл оти и си цица тој
Јас сиве дена се мислам да ги дадам, денес утре ама можи и денес да му дадам, на првото му помагаа се смируваше, ептен е нервозен, се изеде, се смирува кога се чеша со глодалките. Мене ми се чини до 7 месеци ќе има заб. Фала и вие исто денес крушата со мерак ја јадеше уште во шмукалчето му давам јас, сам па се мачка, шмука има интерес и сака засега, утре можам и јас така компир и јаболче, фала за идеа. Нешто зеленчук да воведам. Вода немам уште дадено, а планирам по некое лајче да почнам. Газето одма црвено денес, очекував
Здраво мајки. Се приклучувам на темава тазе породена со царски. Не пуштија од болница пред 3 дена. Кога не пуштаа ми кажаа да и ги давам вијалите со,д3 и к1 и плус омега. За пробиотик не ми спомнаа ништо. Треба да давам?? Со педијатарот се слушнав денеска вика давај да поминат грчевите полесно кога ќе дојдат. Ама нема мака бебево засега и со какање сме таман. Не знам што да правам дали да давам..Таа ми ги препорача биогаја.
Честитки мајкаа, ние вчера дојдовме домче. Нас ни рекоа биогаја 5капки секој ден а д3 од следна недела ми рекоа да почнеме.
Саб симплекс и еспумисан се иста генерика - симетикон. Евентуално во производството нешто ако има разлика. А, можеби сирупот му помогнал. Јас со двете деца најмногу бев задоволна од еспумисанот, најмногу им ги смируваше грчевите. Првото дете имаше повеќе, второво нема толку многу, но го дојам, а првото пиеше измолзено (ако има тоа врска заради шишето) @mache123 траењето мислам дека е индивидуално. Првото до 4 месеци имаше, со второво кога почнаа грчевите почнав со Babycoli (пробиотик и лактаза), малку беше подобро, но се уште имаше. Пред една недела на месец и пол, се жалеше повеќе и зедов еспумисан, сега е многу подобар. Си врзува подолго си спие, па ќе видиме до кога ќе траат.
Нас ни препорача педијатарот диастоп 9 капки на ден. И моето немаше проблем ама мислам дека мн ни помогна, а помагаат и сега кога има грчеви.
Kakva jabolka pecena? Na tri dena da menuvam vkusovi ili ke mi kaze maticnata? Nekoe "meni" sto i koga da davam ?
Да се умешам у муабетов јас излупено јаболче му дадов во цуцла од дм што се оние. Му дадов ладна една коцка да си лади непца он си ја изеде