Каков топломер, бебиња што си цицаат нормално е по неколку дена да не какаат, крај краева друго нешто може да се превземе, не на тој начин со топломери. Јас мислам они сами вака да си пробаат со топломерот божеее на мало бебе таква тортура, па и тие што советуваат па не е ова кон тебе, за советувачиве зборам Нормално е толку да е буден, не може па цело време да спијат
Богами @Cherry blossom89 какви застарени работи кажуваат Девојки денес на 3 4 пати од окцето му лачи жолто зеленкасти лепливи не знам како се викаа....читав со чиста газичка зовриена вода или млеко од мене за да исчистам окце ќе полудам до понеделник за на педијатар да не е инфекција некоја има нешто некако да му помогнам ? Окце не е црвено
Се затнало некое каналче, ништо страшно. Чисти со физиолошки и стерилна газа од надвор на внатре и масирај нежно кај внатрешноста на окцето. Само не поминувај два пати со иста газа. Боже колку ми фали периодот кога беше новороденче, како да беше вчера..
Како му ги даваш гранулите? Јас од страв едно топче го држев со прст кај него во уста и чекав да се стопи
Му ги ставив 8 под јазик демек и тој си ги изеде и сега со лајче му ги давам и така дирек ги јади, шлапка со јазичето.
По 8 се даваат јас од првото така памтам ама пиши и на упатството мислам види баш. Вчера во пати дадов денес еднаш
По 2 гранули пишува на 2 часа, а ако го боли повеќе на 30 минути, но максимум 12 гранули во ден. Така пишува на бугарските осадент.
Бебе 4м за некој ден. Во скок е, денски доста се приметува разлика, плачка, се буни ако му е досадно, се бори со нас кога му е време за дремки ама заспива, се мене ме бара и со очи и со плачки. Ама па најубаво на свет ми е. Учиии многу, и одново и одново се воахитувам на способноста на бебешкиот мозок од ден за ден да учи се повеќе. Се смее на глас, со раце трга да не гали, си игра со мојата коса и лице, на сред цицање ќе застане да ме погледне , се сврте од грб на меше и сеа интересно му е. Пожилаво е од брат му, посилно. Искрено има моменти кога мислам дека не му посветувам доволбо внимание заради поголемиот и како со поголемиот бев целосно посветена на едно, ама другарка фино ми рече дека второво за возврат има смирена мајка. И така е. Со првото колку што бев под стрес нон стоп у породилно, сега толку уживам Уште мрсуливе да ги решиме, нон стоп е со мрсули едвај чекам да заврши зимава
Исто ко јас да сум пишала Мрсули од 2 месеци навака скоро цело време 2 недели има 2 нема. Моментално е со мрсули.
@KuklickaSk и јас за првото жива насекирана бев уште во болница некако ко стегната,дома бетер, па и не фати да цица.. Затоа сега со второво песна ми е се. Едно бидејќи поминав еднаш и веќе знам што да очекувам а друго бидејќи имам уште едно дете за гледање, а тоа не ја заслужува таа верзија на мајка. Следев и доста поткасти и интервјуа од жени што поминале низ тој пост породилен(депресивен) период и тоа многу ми помогна, нивната приказна како се избориле. Од утрово некако поактивна ми е, повеќе време е будна тоа ме радува. Мирна е си лежи во креветчето. Ќе цицне малце и после си набљудува само. Папучето ни падна вчера.
Бебко е 8 недели скоро , на ад млеко сме кака на два дена , педијатарот рече ок е додека се среди и чим не се мачи нежа потреба од ништо. до сега не се мачеше воопшто ама денес цел ден се мачи не може да се искака пробавме со вежби со масажи не бива . Ако може совет како да олесниме да се мачи цела ноќ