Ќе помине со инхалации за некој ден, правете редовно. Вадете мрсули, пуштете навлажнувач и кога е чисто надвор, на прошетка. Може и кога се бања некој, да го внесете да дише од пареата. Ако цица, да цица почесто. Без грижи ќе пројде за два три дена. Инаку, колку дена може да не се искака 4м бебе само на мајчино млеко?
Дали е во скок бебето мое е три месеци без една недела? Потешко заспива, ќемка, плаче повеќе му се спие а никако да заспие и кога ќе заспие е приличи кратко. Преморена сум не знам како да му помогнам
Неспиење,висење на града цело време,кенкање.. Ќе ја успиваш два саати,ќе поспие 2 минути и ќе почне да плаче. Пиши како ќе поминете деновиве
Еве го уште е таков, од 8 до сега трет пат цица, во меѓувреме 1 поврати од прецицан ама си сака цице хаха навечер најмногу цица полни резерви за спиење, макар што плачи на 1 сат и презаспива со мм со нишање до кај 2, 3ч после 3 цица на 2 сати на сат, моментално е во регресија, плус заби, катастрофа Со помин да е, не се плаши ќе помине
Мајка, ние сме скоро 3м и бебе кака еднаш на 3-4 дена ама полни скоро 3 пелени тогаш. Педијатар кажува нормално е до 7-9 дена ако е на мајчино .
И ние сме исто веќе недела дена. Од денеска веќе намали, не кашла толку многу. Инхалации правиме со синомарин и кортаир. Пумпа за нос веќе не сака да види, а 5 месеци е. Овие денови треба пак на контрола да видиме градите. Вака ми е подобра ама страв ми е што има малку спуштено. Ќе бидат добри.
Страшно кој се е доктор во државичкава. Жолтицата кај моето бебе траеше месец дена. Уште во болница беше жолт и го сончаа последниот ден, билирубинот беше добар па не пуштија на време. Таму ми кажаа дека е важно да цица почесто пошто ја вадат преку мокрача и да му давам на два часа. Мајчиното млеко се вари многу брзо, плус имаат мал желудник и затоа почесто јадат дур се помали. Мој совет е дур е жолт да даваш на два саати.
Мајки до колку месеци траат грчевите ? Ние сме 4 месеци и мислам дека сега има повеќе грчеви , отколку како бебе . На ексклузивно доење сме и ептен внимавам на исхраната. Последнава недела бебе плаче навечер. Испушта гасови и плаче. Преку ден немаме никаков проблем ,ама вечерта ми е многу тешко ,дека поради болка се буди често. Давам пробиотик Waya + по потреба Nurse Harvey's. Педијатар вели дека се грчеви и ќе поминат , но мене ми е ептен греота да го гледам како се мачи. Дали да го однесам на друг доктор или ? Hекој со вакво искуство да сподели некој совет...
После 3 месец треба веќе да се намалуваат зошто веќе се разработени цревата. Тоа што испушта гасови најверојатно му е од плачењето што вика па лапа воздух и мора да излезе тој од негде. Повеќе би рекла дека сте во скок.
Кај некои бебиња траат и до 6 месеци. Кај моето бебе не траеа толку ама исто ноќе го фаќаа, се во истиот саат. Најголем ефект имаа масажи, вежби и термофор. И со капки и без беше ист. Што ли не пробав, на крај баталив се и давав само пробиотик.
Мајки овие два дена бебе многу често повраќа.Ке цица ке исповраќа се и после пак плаче за јадење.И цел ден така во круг.Инаку сме месец ипол,до сега има качено кило и 200 гр.
Здраво мајки, папокот ни падна на 13ти јаниари, но денес приметив крв на папокот дали е нормално? Дали некој се соочил со вакво нешто? Инче откако падна му ставав хидроген 3 % и банеоцин
Ајде мајки кажувајте лек за опаѓање на коса вие што доите ? Или да се помирам дека ќе ми опадне косава со влакништава што ги сеам сегде
Првата бременост од 4 до 6 месеци ми паѓаше, сега исто почна од 4 месеци да паѓа, хормонски е, мислам дека џабе се, овие помагале, јас немам земено ни ни планирам да земам.
Да не ми го зголемат итака зголемениот апетит што го имам со доењево, многу јадам луѓе страв некогаш ме фаќа
А те слабее? Доењето. И јас јадам ама слабеам посебно наодлу, ни газ ни нозе останаа ич не си се бендисувам вака. За апетит нз дали прават, не сум ги пиела.