Од иста куќа ние, имав и јас ситуација да ми грабне дете од раце, сопругот не изреагира, јас ја направив голема. Точно е дека има моменти кога треба помош. Еве моево е во градинка запишано, па настинки, вируси, по цели 2 недели се случува да отсуствува, а со тоа мора и некој да ја чува. Не можам јас толку одмор или боледување да користам. Сепак, убаво е да се постават граници. Понатаму сметај и со храна и со се. За старите нема ништо ако му дадат на дете 1-2 животинско царство чоколадо, ако му дадат 2-3 залачиња од манџата која ја јадат кога бебе е 5-6 месеци, нели да не гледа. Ако не дај боже јави некаква реакција, после ти си таа која ќе трча по доктори, која ќе оди ненаспана на работа, која ќе ги трпи сите нервози. Не дека кај секое бебе јавува реакција, меѓутоа подобро е нели да се спречи. Инаку убаво е што сака да помогне, јас повеќе пати имам пишано. Со бебе не ми треба помош барем не тој период. Помош ми беше да донесат ручек, да испеглаат алишта и постелнини од бебе. Моево тој период имаше навика ноќе да е по 3-4 часа будна, нели и јас со неа и дење едвај чекав да спие за да легнам и јас. Секое присуство на свекрвата и со најдобра намера, за мене значеше дека место да одморам бидејќи пак ме чека седење цела ноќ, јас ќе треба да седам со неа, слушам приказни за соседите или не знам кој таму, пијам кафе.
Не гледа на проблем зошто не е он цел ден дома и не гледа како бебе спие,јаде полни пелени итн. Ти си таа што се замараш за тоа и плус мајка му доаѓа он не се замара за дете мајка му се вртка и он е слободен. Но подобро скарај се одколку ти нервоза да имаш. Ради тоа грабнување од раце јас се иселив од дома за 6 саати све имав спакувано и тоа бебе имаше 2 и пол месеци и мастит фатив тогаш по тоа ќе памтам, ама после они не дојдоа едно добри 2 недели па после тоа само на 1 саат и пак ги немаше.
Od denes, vo relaksator. 20dena e bebe. Inaku zaspiva na mene, posle go stavam vo krevetce, ama mi kenka place, mislis trnja ima. Vo relaksator go stavam , produzuva da spie.
Мојава релаксатор не прифаќа, 10 мин и плаче вика а по колку ги оставате да спијат таму? И она кога и се спие, спие било каде, нај веќе ја оставам во корпа во дневна и во нејзино креветче. Зборов ми беше за положбата на телото, дали и колку е ок да спие било каде па кажете искуства..
Јас педијатарот го прашав баш за корпата од макси кози со душече рече се додека е рамно да не му е свиткано телцето е ок, релаксатор ми рече да е кратко лежење моево секако во релаксатор не сака баш
Jas ne sum prasala, ama posto se stutkani nekako, veruvam max tolku e. Ke se najde kolku da go smiram nekad, ili da zavrsam rabota nekoja. Ne mnogu korisna rabota bil relaksatorov.
Кратка дремка. Иначе има разлика од релаксатор до релаксатор. Пример mamaroo е најскапо али и најсвиткани се да не кажам како транспортерот, а овие што нишкаат лево десно само се по исправени. Секако не би спиеле многу таму. Да не се лажеме ако е лошо да спие во релаксатор уште полошо е да спие во раце, цели скифлени без разлика како и да се држат полошо од ова нема.
Сигурно е подобро 1 час во релаксатор отколку во раце. Бебињата што си преспиваат нон стоп во раце нели се стуткани? Јас сум го оставала секаде количка, релаксатор, креветче колку спие толку.
Здраво мајки бебе 6 месеца има ноќеска наеднаш се разбуди со пиштење го зедовмо и почна како да се рипа да се притресува тоа неколку секунди и ке престане ке почне да плаче ка уплашен таке правеше некое време бевме на доктор настинат е имасе темп 37.5 и слајм затнат нос дали има некој искуство со ова рипање незнам што е ама не извади од памет
Леле не ми збори до два месеци во какви се положби не спише. Де во раце, де врз мене исправено, де на нозе, де со глава врз мој стомак, нозе на кревет. Со саати ја држев и не мрднував, додека поминаа грчеви и прогледа малку. Сега веќе сама не сака во транспортерот во колата дури да спие. Си бара да се тегне. Муабетот ми е, не купив релаксатор, демек не бил добар. Ама од денешна гледна точка, ако бар малку лежеше во него, или дремнеше, ќе имав барем пола саат слободни раце да јадам ако не друго.
Ее баш за тоа и јас го користев релаксаторот 20мин да каснам, нам поклон ни го донесоа, не знам дали би купила, зошо сите беа што ќе ти го нема да седи. Ама па еве го седи сега и тука му давам да јаде, дур да почне стабилно да седи. Спиеше што викаш во сите можни пози врз мене, уште на глава не го ставив и да знаев дека толку кратко ке трае ке чував ден и ноќ. Сега сака да се тегне на кревет нејќе во раце дури и цица легнат на спална
Не се стуткани,убаво им е. Иако на нас ни изгледа дека не им е удобно. Они ја обожаваат таа топка положба како во стомак што биле. Сепак има препораки и за релаксатор и за транспортер ограничено време,додека се сеуште вака мали.
Не мора да значи за релаксаторот еве јас купив од одма воопшто не сака да седи во него ни заспано ни будно се надевам дека ке засака ако не ќе го чуваме за второ дете Омилено за спиење е транспортерот значи уште не ставен за шетање он веќе е заспан
Омилен ми е во таа позиција душа кога го кревам на рамо после ручкање обавезно ми ги собира ноџињата и си легнува цел тоа најмногу ќе ми фали
Моето обожава да биде во релаксатор. Го добивме на поклон. Сам се лула, дури страв да те фати од страна кога го гледаш. Не ни требаат батериите Инаку не спие во него. Синко спие во креветче, понекогаш до мене на спална, и ретко врз мене Инаку ваков е релаксаторот