Чај не се дава до 6 месеци зошто тогаш бубрезите можат да ја обработат водата. Обична вода,чај сето ова предизвикува отекување на мозокот и можеш последица да му направиш. Ако не кака има адаптирани млека за какање ИТ што се. На адаптирано до 5 дена можат да не какаат.
Тебе Симонида од Систина или др педијатар не ти кажале да дадеш бебешко чајче без шеќер на бебе под 6м? Зошо врвен педијатар ко неа би знаел ако 10мл чај предизвикува оштетување на мозокот.
Lugenca me plasite. Mene poznata doktorka na detska klinika mi kaza da davam caj i toa zasladen so dekstroza (glikoza) zatoa sto ima prolongirana zoltica... sega fufki P.s. vo banjanje kolku pati da "spricnam" od gelot za tusiranje? Po dve pumpici od Bioderma maslenava kupka stavam, ama kako nisto da ne sum stavila mi lici vodata.
Голем процент од педијатрите не препорачуваат чај има и зошто. Со 10мл чај нема да го протераш детето да кака ниту ќе му помогнеш некако.
Јас освен мое млекце, ништо друго не и давам. Правилно или не, појма немам. Прашав педијатар, ми рече здравје кога ќе си јаде храна, после 5 месеци тогаш. Ептен строги правила денес, па ги следам иако може баш сè не ми е по мерак. Колку пеничка да направиш, толку ставај. Ја мавтам со раката низ водата колку да запени, од око ставај.
Ова е тоа што ти го зборам. Наназад имав и видео оставено од тик ток од педијатар што објаснува зошто не се дава вода на бебе пред 6 месеци. Чудно ти е знам дека ад се прави со вода но во самата формула има доволно електролити и други работи што го прават ад соодветно за бебињата затоа и има упатство со колку вода и колку дозерки се ставаат.
Знаеш колку вода треба да испие бебе за да му отече мозок? Секако и вода никој не препорачува да се дава. Чај не се дава зошто нема никаква хранлива вредност, а во USA пазарот за чај не е ни регулиран па се продава свашта, ама те молам, не плаши млади мајки вака. Ништо нема да биде ако се напијат 1 неделно 10, 20 па и 50мл чај.
Бебко кога беше со температура педијатарот ми рече да давам малку вода и чајче , ваљда на толку школување знаат што прават . И нас ни давале вода , чај па дури и оризова вода па еве здрави живи сме .
Majki mislenje vase me interesira.. Bebenceto mi e na Aptamil, sega na 2ri pravime 6 meseci... sakam da probam so Bitolsko da vidam dali kje go prifati.. Ste imale li vakvo iskustvo, kako go prifatile bebinjata, kako ste pocnale, so koja doza?
Секој си знае за свое бебе. Јас пред да дадам нешто дури и сега кога сменивме формула се консултирав со повеќе педијатри и тоа со причина. Погоре имав оставено колку е потребно за тоа да се случи. Бубрезите не се во функција да ја преработат водата па затоа е токсична за нив. Зошто не не пораѓаат одма кога влегуваме во 9ти зошто чекаат да е зрело бебето? Исто е и ова треба убаво да созреат за да дадеш нешто. Зошто не даваш јагоди на 4 месеци туку даваш покасно? Се си има причина. Подобро сега да се замисли некоја мајка што прави и колку е корисно, а колку штетно одколку после да се трча по болници и да не знаеме што му е. Јас покасно почнав 8+ и тоа само во чоколино му ставав и тоа со Алпско почнав зошто Битолското на неколку наврати после отварање ми мувлосуваше во фрижидер за 2 дена преку сила. Не го разредував.
Ова па малку мислам дека е претерано. За ова да се случи кој знае колку вода треба да испие. Дај ви се молам малку закочете со вакви информации кои ги пишува по нет, а не е стручна литература. Ако е така како овде што пишува сите ние што сме пораснале од два месеци со шишето вода ќе имавме потечени мозоци и немаше да дочекаме да станеме мајки. И јас не сум подрживач за давање вода од кога дознав дека бубрезите не можат да преработат толку вода ама од тоа подалеку да не се оди.
Секој за свое дете си одговара! На некое дете може не му се случило, на некое му се случило пребрзо. На тој што мисли дека ништо нема да му биде слободно нека дава. Порано и мед ставале на цуцлите па сега ете живи сме, а тие што добиле ботулизам што со нив ама нели ништо страшно не е од малку мед?
Ботулизам не се јавува само од мед и може да се јави и покасно низ животот. А плус убаво кажав дека не сум подржувач на давање вода ради бубрезите. Ама тоа со мозокот ми е премногу екстремно и не знам ова колку е пропишано во стручна литература. Инаку дали е на дохрана или цицање секако детето си внесува доволно вода на тој начин и за тоа се сложив со вас.
А кој препорачува да се даде Битолско на 8 месеци? Ниеден педијатар нема да ти каже дај тетрапак и чоколино на 8м. Сите прашуваме педијатри за децата, јас имам и во најблиска фамија доктори, и никој ама баш никој не рекол дека ќе му отече мозокот од чај. Не треба да се дава чај како замена за оброк, ама пак ќе повторам од малку бебешки чај даден повремено, ништо нема да му се случи на бебето. За тетрапак млеко, ако веќе дискутираме, не е баш така.
Си има на чајот упатство 1+ 2+ месеци...нема да се продава ако е толку ризично, има и препорачана доza, зборуваме за чај за бебиња не било каков чај
Има и чајче за 1+ недела , нормално пред да дадеш нешто се консултираш со педијатарот, од 30 мл чајче еднаш во неделата нема ништо да биде, нема сигурно некоја мајка да даде 200 мл вода на мало бебе
А за што се даваат чаевите? Јас исто читав дека не се препорачува вода и чај а и не сум имала потреба да давам. Пример другарка на малото му дава чај зошто икал, моево ика често по 10мин уште од меше прашав и педијатар рече ништо страшно, читав дека не му смета него тоа не го ни перцепира а дури некогаш и го успива самото икање па не гледам потреба зошто да давам кога самото прекинува. Индивидуалн е ваљда секој педијатар има и различен пристап а и ние како мајки најдобро си знаеме за нашите деца никоја не би наштетила намерно или непроверено. За хидрирање нели велат млекото е баш најдобро за се? Моево каналче му се затна па педијатарот ми рече чисти со твое млеко, нели за настинка температура на мало викаат ставај на града ќе помине, значи се што им треба имаме ние веќе во градите, барем јас така мислам
Читам коментари и ви се чудам искрено.. Како бре луѓе ние сме израснале во здрави, прави луѓе со вода, чаеви, газирани сокови, сме јаделе што ИМАЛЕ да ни дадат мајките. Кал сум јадела како мала, па фала му на бога до сеа мозокот не ми отекол ниту имам некаков вид оштетување. Што мислите дека ако се придржувате според правилата на интернет или според педијатриве, еден едно друг друго ти кажува.. ќе имате мноогу здрави деца.. Господе боже заборавате сите како сте израснале. Децава ги направија како подвижни роботи. Од толку месеци тоа од толку тоа од волку овоа.. Затоа се повеќе и повеќе има деца не арни пу пу скраја да е.. Од шо многу се слушаат педијатри и се чита на интернет
Точно, но кажи им во градинка да не даваат кравјо млеко да дозволат адаптирано па ќе правиме муабет. Нема резон зошто да се дава вода ниту пак чај особено не оној за добра ноќ.И да бидеме реални тетрапакот е толку преработен што тие витамини и минерали не се толку јаки како во свежо кравјо млеко и има разлика особено оние со помала масленост. Го наведов како пример на тоа ти што кажа дека и нас како мали ни давале шише вода па еве ништо не ни фали ама ете и со медот на некое ништо не му фалело ама на некое и те како му фалело и тоа како збор ботулизам бе звучи страшно, но кога ќе го опишеш детално е страшно, нели? Епа истото е и ова. Секој си води грижа за свое дете. Да де и чајот на бекутан од анасон е за 1+ ама е полн со шеќери и затоа го пијат. Немаат потреба од чаеви зошто мајчино млеко се содржи за што е чајот потребен?