Дали ставате широк повој? Јас со првото не ставав беше,машко. Од ортопед исто така ми беше кажано да не ставам. Сега истиот ортопед за женско ми вика да ставам Кажете ми вие со женски бебиња како сте сте правеле? Некако ич не сум за широк повој...
Јас и ставам, во Битола педијатрите сите и приватни и на државно кажуваат да се става повој. Мојата е за една недела 3 месеци, ќе одиме на ехо и ортопед ќе видам натаму дали ќе ставам. Досега ставав а и јас ич не сум за повој, а кај нас инсистираат педијатрите Од искуство од други мајки не им ставале повој па се било во ред, ама јас сум малце паничар па и ставав во овие три месеци
Кај нас почна вака во средина на 4ти скок, ама скокот одамна помина а ова не. 5 месеци има, и не е 1 ден вака...
2 i pol meseca Има синтетичко блакно в око од ќебе. Со трепкање го има па го нема. Детево не знае како и што да праи си удара бокс. Како можам јас да помогнам? Окото солзи. Настинато дете со што го мачкате? При појава на заб ,против чешањето има чааре?
Испери го окото со обилна количина физиолошки раствор, држи го детето свртено на страна со легенче под него и од внатрешната страна на окото почни со испирање. Околу 30-50мл физиолошки би завршило работа.
Е ако е така баш долго е. 4 ти скок трае месец и пол само. Не знам до што би било тоа. Дали чувствувам кога ти наидува млаз кога цица? Само проблем имаш да го задржиш на града дур надојде јак млаз или ?
Надоаѓа млаз брзо, голта активно 20-30 секунди и почнува да вика и да се турка. Пелените празни цел ден. Навечер се буди на 2 саати и цица многу секој пат. Педијатарот не беше загрижен, ама јас сум.
Истото и јас го имав забележано. Особено прва дремка ако малку се задоцнеше, отиде цел ден со проблеми со спиењето. Затоа треба внимавање со прозорците и досегашното искуство ми покажало дека на изморено дете спиењето му е ужас и сè потешко и потешко заспива, немирно спие, често се буди, има прекратки дремки и сл. Првото машко ми е, а второво девојче. Ниту за едниот ниту за другиот сум ставала, нема потреба. Бебето само си ги држи раширени нозете и ставање повој е непотребна и застарена работа, некои педијатри и ортопеди со советите се заглавени во минатиот век.
Тој навечер надокнадува со вечерните подои значи. Убаво напредува така ? Јас би ти препорачала да почнете со вкусови, можеби така ќе се наврати пак на цицање. Не сум паметна за ваква ситуација и само тоа ми паѓа на памет зошто мислам дека јас така би постапила да ни се дешава тоа толку долг период.
Девојки прв пат на 15степени ќе излезе бебче на педијатар сме па дали да го облечам Тренерчиња горни долни боди и чорапчиња со тенко капче, горе двојно ќебенце Или на се ова да додадам и скафандер? Со кола ќе бидеме само до кола 2мин да го ставам и пред влез ќе не остават секако. #МутавиПрашањаКоиМеМачат
Никако скафандер. Јас за шетање ја облакам боди по долги,тенки хулахопчиња и тренерчиња со зимска вреќа ова за надвор со саати кога сме. А за со кола боди на кратки или прерамки и тренерчиња со чорапчиња подебелки.
Да ама многу често ние како мајки особено со први бебиња се мислиме дека се грчеви во прашање зошто и при премореност виткаат нозе, се тегнат па не разликуваме и упорни сме дека грчеви ги мачат, а уствари не сфаќаме дека таа една дремка ако е уништена животот ќе ти го заебе . И мојава не дека нема грчеви ама во спиење ќе се стегне ќе се напне да прдне кога успешно а кога не ама не се буди, само сака на време да е најадена и легната да спие и се е под конец
25 дена е беби. Му се појавуваа од сам старт по една две ама сеа има повеќе и му е сува кожата на лицето. Маж ми го натерав да ја избричи брадата, викам да не се нафрла од тоа ама еве пак има. Не се лигави уште и не му се кај устенцето таму му е чисто, повеќе има на челцето и на крај на обрввињата накај ушенцата.
Ќе ве цитирам сите за да видите сите. Во германија има едни капки LEFAX за грчеви и за какање не се скапи 200мл 25евра се. Може ги има и во соседниве држави незнам. Многу помагаат ќе ставам и слика да ги видите.
Ќе те карам другар Не ти треба ни скафандер ни многу облекување. Во кола е топло,на педијатар исто а и надвор веќе не е минус температура. Покриј го со тенко ќебенце само и толку. Вади го покасно,прошетај го малце. Ќе му годи верувај
Jas ne stavavav, mi rekoa nemalo potreba, pa posle na prvata kontrola zosto ne sum stavala. Pa ja prasav dali da stavam vele Sega vekje ne, vezbi da sum I pravela. Koristam violeta peleni nekako najblisku mi se do toa, malku poskapi se, ama pa velam barem dobri e se ako treba kje zavrsat rabota