Баш така. Умор е страшна работа. Добро е што јас не се вртам во сон. И одма рипнав и го вратив во креветче. А во последно време доста сум уморна, почна почесто да ми станува ноќе и тоа ме исцрпува. И затоа гледам да прилегнам денски ако се осекам дибидус уморна, дур спие тој , дали било пола саат тоа неважно. Дур да се оправиме со тоа станувањето ноќе мора така.
Majki 14 nedela sme I sme horor film so placenje...noke znae i da pospie ama denski mnogu place ,se izmacivme...
Мали сме ние уште во вторник 40 денови моментално грчеви и прв скок не дрма, плачеше 3ч сега е зарипнат од тоа конечно заспа 30мин не се осмелувам да го спуштам од 3 не е здраво спиен само по 10мин Кај вас лесно да проаѓа скокот
Држи го во раце да спие мајка. До 8 недели е новороденче, не ствараш лоши навики, му покажуваш дека е безбеден. Уживај колку можеш во моментот. Мојот е 22 недели, првата дремка од 2 саата на мене ја спие, и јас со него. Знам колку брзо ми порасна големиот, не ми се пушта ова бебе од раце.
Исто исто,како јас да се читам.До вц не можам да отидам од што плаче,нон стоп да е во раце а некогаш ни тоа не помага.
4ти скок само што почна... Што е ова вриштење пред заспивање навечер, па и будење на секој саат , претање и развртување по кревет... Кажете дека ќе помине, право зомби сум
Ние сме веќе при крај со 4ти скок ама уште не држи јако… борба за спиење и дење и ноќе мислам дека веќе ќе скрејнам, јас ја заспивам она си гука па потоа ќе почне да се тегле па ајде со плачки тука дури ја снемува од плачење и се спие едвај си држи очи ама не бре какво спиење и од кога ќе заспие 40 мин. и потоа пак исто
Мамички ај вака кој е имал слична ситуаација,бебе ми е веќе 3 месеца ама јас имам проблем со ставање во макси кози и возење во кола ,не сака воопшто врипти плаче не можеме ниладе да одиме до болница кога одиме на 10 мин е од нас че ја ставам и морам да ја извадам у кола зошто се залисува и така ја држам во раце додека да стигнеме што да правам .Некој совет ♀️
Здраво мајки, кој е имал вакво слично искуство, бебе 6м многу тешко заспива а му се спие а се мачи, денски има многу кратки дремки навечер дури кај 23 часот ми заспива и станува само за млеко 2/3 пати и вришти во сонот, само на АД сме и овошни каши, АД давам на 2 часа 120мл дали ми е гладно или нешто др е ?
Мајки, бебе уште 5 дена имаме до 6ти месец , тие што сте на АД , по колку мл давате? Јас сум 120мл се мислам да не е гладно?
Ние имаме уште неколку дена од 4ти. На почетокот навечер, научена дека бебе заспива кога ќе го легнам, имаше повеќе вриштење. Сега кога ќе покаже знаци за спиење, го легнувам, си заигрува со прсти некои 10-15 мин и заспива. За дневните дремки, е малку потешко. Веќе спремен, легнат и кога ќе почне да му се приспива почнува да пишти. Ни сака гушкање ни па во раце. Капак на се имаме проблем со јадењето. И така почнав веќе да се навикнувам на неспиење
Да не те плашам но тоа трае цел месец е сега треба психички да си спремна само. Ќе помине но гледај да не е ао успивање цело време нишајќи, со цуцла, со храна зошто како што ќе заврши скокот перманентно го памтат успивањето т.е. навиките. Да овој месец е мачен зошто имаат и регресија во спиењето но сега ти е клучно да го научиш на се за понатака да ти е полесно.
Кажи трик со време да се спремам психички до тогаш да не потклекнам за на раце за успивање како успеа да ја заспиваш во креветче? Јас моментално многу му се плашам на губење/кашлање од плачење снемува воздух и од страв го кревам давам се што и да помогне само да не се дави може ќе бидам поцврста психички кога ќе биде малце поголем сега апла му се плашам на реакциите. Вчера буквално остана без глас засипна цел од плачење иако го држев на мене со саати и не се смируваше никако а тек е прв скок