Не знам стварно како да не се “прејадува” бебе што цица, тоа е генерален совет при рефлукс ама ми нема логика, инаку мојата дури од 3 мес почна да цица по 5-10 мин инаку беше маткало, заспиваше на града, па едвај се будевме да продолжи да цица. Нас ни дадоја и алгорал инфант, сега го почна второто шишенце. Нз дали од него е подобро и од држењето по пола саат после подој, инаку цело време грчеше во носето, додуша и сега некогаш знае да се случи. Да не сака да ждригне уште еднаш, моето ако случајно така мрда претс пушта звуци, ќе ја кренам и во секундата ждрига уште еднаш и ке се смири и ке си продолжи со спиење. Во однос на држењето после јадење пола саат, помага да остани храната во желудникот, а и веќе да си се згусни млекцето. Не е работата да се научи да повраќа, работата е да не го враќа. Јас на првите прегледи во советовалиште кога се жалев и прашвав зошто и низ нос ми враќа, ме тапкаја не бери гајле вишокот е. А мене бебето ми напредуваше ама на долна граница. Ко напрај и бронхиолит почна да се сомнева матичната, не пушти ск на клиника ама таму не сакаа да го испитаат рефлуксот, оти била болна во моментот. Да не должам на таа тема, значи можи од млекото шо и се враќа да оди на плуќа па да напрај опструкција. Значи и ние од почеток со тежина послабо одевме нагоре, еднаш дури и ми падна 70гр, па после 3 мес кога почнавме со анти рефлукс мерките почна поубаво да качува и на 4 мес веќе ја дуплира родилната. Можеби сте за терапија, баш нас ни рекоја ако нема значително пдобрување од алгоралот ке дадеме нексиум кесички. Сосема те разбирам за со мерењето, ме збудали и мене ова бебе со килажата.
Мајки бебе е 2 ипол месеци.Цица од мене и плус еднаш до двапати во денот пие адаптирано.Но овие денови понекогаш нервозно цица преку ден и плаче и мора да и дадам од шише.Можно ли е да немам доволно млеко или се навикна на шише.Преку вечер си цица без проблем си спие по5-6 часа.Како да знам дали имам млеко?
Пробај одмолзи се да знаеш колку имаш. Мене ми личи дека полесно му е од шише тече полесно побрзо па затоа се буни, земи од шишињата што се слични на града да се мачи дур влече
Алгорал и давав и јас ама пак си повраќа. Инаку алгорал 30 дена се дава, зошто и второ шише сте почнале?
Зависи и на колкаво растојание цица. Можеби кога даваш дохрана преку ден си се најадува убаво и навечер не му треба многу и затоа спие, а преку ден може не му стасува. Со секоја дохрана што ја даваш ти се намалува млекото. На 2 и пол месеци моето пие 170мл на 4 часа готов оброк.
До 6 месеци колку што знам не треба да се мачкаат бебињата, многу им е нежна кожата. Евентуално ако мора, нешто што не се апсорбира во кожата со физички филтри кои ги одбиваат зраците, но не навлегуваат во кожата како цинк оксид, титаниум диоксид. Некој да ми пише како треба да е прозорот на будност на 3 месеци. Навечер си спие убаво, не се буди скроз, само прета за цицање. А преку ден некој ден спие повеќе пати, некој ден само дремнува кратко и само еднаш ќе преспие подолго. И друго за витамините како ви препорачаа. Дали д3 + д3 со омега или само д3 со омега е доволно?
Да препораката е 30 дена на самиот сируп, ама педијатарот што ја следи и матичниот ми рекоја 2 месеци да го пие. Еве за прозори на будност Инаку нас ни имаат препорачано една чиста д3 и една д3 со омега. Значи вкупно 800ие
Д3 и плус д3 со омега т.е. 800 и.е. Иначе и кај мене од аабајле по 30 мин и се некои дремки причината е дека треба да се затмнува просторијата за дремките зошто веќе знаат што е ден и ноќ. Иначе прозор на будност идеално е до 1 или 1 и пол час
Да, јас ставав по дома додека сме. Бебе е веќе 5 месеци, па рскавицата е веќе оформена и не користам подолго време, ама супер беше за почетокот
Мајки сега го приметив бебко дека едното капаче не му се отвара скроз до горе како малце отеченко од што може да е дали да го чистам со газичка и вриена вода? Гледам по слики од 12ти такво му е ама сега дека ептен му се спиеше па црвени очињата и баш се запримети
Многу му се тресеш мајка. Ќе му се подсмири и на мојата и беше такво и црвено како капилари и сега на 3 месеци е скроз чиста
Вие што имате девојчиња дали и од која возраст почнавте да им ставате ленти, панделки и слично на главчињата? Нешто ми се брза изгледа да ја дотерувам
Zdravo majki, edno prasanje za novorodence, odnosno bebe od 3 dena. Mnogu cesto koga e budno, place, ili pri bilo kakva aktivnost liceto mu e crveno, kako so crveni fleki. Dali e nesto normalno toa ili? Nekoj da imal vakov slucaj pa da mi spodeli
Јас веќе и ставам, 2ипол месеци има, од пред некој период почнав, пре слатка ми е со тракички машнички ставај си кога ти е желба, дотерувај си ја
На малава и се појавија некаде околу првите недели и се преплашив, баш беше ко алергија ко јаки црвени флекички точки ама и поминаа сами од себе и повремено ставав уријаж. Пре задоволна сум од уријаж па и ден денес ја мачкам со тоа на лице.
7 недели е, си мислам да не е многу рано иако гледам дека доста новороденчиња на фотосесии имаат ставено...
Не е рано само гледај нешто да не ја притиска на главчето, тоа е нај битно. Користи по растегливи и нема гајле