Да ставам јакодерм на газето??? додуша тоа е на средина меѓу газето и дундето, ама има брунчиња сирото. Значи не е проблем?? Да ставам ноќва нешто што имам дома, а утре ќе бараме чааре по аптеки
Не ни помага цуцето, уште повеќе се разлутува и почнува од кенкање да плаче се` додека не цица барем малку. И јас како Божица сум постојано на штрек и како зомби овие неколку дена т.е. ноќи.
Слободно мачкај или јекодерм или кантарионово масло(јас повеќе преферирам кантарион,поприродно здравје),а интимата јас на мојата малечка и ја чистам со стапчиња за уши (зборувам за она белото што се прави во внатрешноста на усниците,а кое со тек на време ќе исчезне)
Нас за газето освен павловичева онаа розевата друго ништо не ни помага.. Туку до пред некое време беше на пелени и сега и ставам памперс и цело време е црвена, сеуште не можам да најдам некој што ќе и одговара..ама се надевам и тоа ќе го средиме..
Можно е да се гасови?М?Подуено меше, грчеви? Дека и мене буцево мое така ми прави последниве две дена, само ме зеза, никако да одморам. Успеваме да се залажеме по малкуцка со цуцле, ама не се мами фраеров така лесно Му помага да спие кај мене на меше, па го ставам в креветче.
Божица, АИТ, Лолита - мора да ги одвикнете од ноќното цицање. Син ми така ми правеше откако наполни 6 месеци, сè додека не престана да цица, на 15 месеци. Тој период сите тројца (јас, малиот и мм) бевме живи ненаспани бидејќи малиот нонстоп се будеше, на секој саат, плачеше, го земав да спие со нас и притоа цело време демек цицаше. Не бев доволно упорна да му го скратам тоа ноќно цицање со време, на пример кога имаше 7-8 месеци, полесно ми беше да го земам до мене и да му дадам да цица, демек, ќе спиеме сите, а уште повеќе бев на штрек, пак се будеше и кенкаше. Затоа, што порано им го ускратите ноќното цицање, тоа подобро, оти се будат од навика, а не од вистинска потреба (глад). Ќе ве мачат неколку вечери, ама навистина само неколку вечери трае тоа одивкнување иако можеби ќе изгледа долго. Некогаш навистина може да се работи за проблеми со забите, за некој страв од нешто што сонувале и слично, ама тоа нема да биде секоја вечер. За црвено газе го заборавив кантарионот а и на син ми многу му помогна. Марина.м.г, како не си ставала крем на газето на детето кога си менувала пелени... па кремот е за заштита на кожата, бидејќи пелените, посебно овие еднократните (поради големата впивливост) толку ја сушат кожата што и без мочкање и какање може да предизвика иритација на нежната бебешка кожа. Затоа е кремот неопходен.
Bozica welcome to the club... Кога ќе чујам некој кога ќе се жали дека детето преку ден не му спие а навечер ќе го легне во 9 во кревет и спие до сабајле се чудам што им е побогу? Или слични стории... Колку сакам кога ќе ја успијам малата да ја легнам и да спиииеее цврсто. Плус веќе не цица воопшто. Ама ништооо... Се буди, сака да ја нишнеш. Ќе ја нишнеш, назад во кревет и за пола саат-саат пак исто. Инаку навечер ми се случува да бара нешто да шмука ама не цуце. Ќе и дадам вода или сок и после неколку повлекувања продолжува да спие. Колку сум желна да дочекам период кога ќе спие поцврсто... Еве и додека го пишував постов на пола бев да ја нишнам...
Ах тоа спиење неспиење, вие не знаете каква мака си имавме со внука ми, мислам дека уште прави инат ама пак се трпи. Значи детево седеше до 1-2-3 часот навечер, си седи она, и тоа активно, не да кажеш да се мачи да не заспие, си игра, праи бељи. Престана да цица на година дена и навечер одвај да пиеше порано млеко. Знаеше да се деси да заспие околу 10, да си отспие и да стане спремна за играње, е тогаш иди да те видам, до 3 ќе те трчка низ дома. Си мислевме период е, и навистина помина, ама тоа беше еден долг период, навистина долг. Сега пие навечер млекце, си легнува сама во кревет и пак тоа не е некое разумно време, касно легнува, а станува со петлите. Е такво е детенцево наше не и се спие навечер, ама затоа денски си отспива некогаш и по 4 саати. Зависно од периодот, од денот, од тоа колку е топло, ладно, ама менува во секој случај.
Ние да се пофалиме, само што си дојдовме од контрола. За 8дена сме поправени 450гр Само некако не ги осеќам полни градите, ептен ми се меки, а поминаа веќе 3ч од како малата цицаше, сега кај и да е пак ќе стане, па се надевам ќе се присобере нешто за да се најаде. За секој случај јас продолжувам со чајот за доилки на Хип. Само да ве прашам да не знае некој како се вика чајот од билна аптека, прочитав дека и таму имало некој за доилки, колку пари е и колку време трае??? Зошто овој на Хип е 230ден, а во него има за 5 дена.
Проблемот е баш таму, во денското спиење (барем од пишаното на AngelofArh). Пробајте неколку дена со ред, па и недели, да ја будите после само 2 саати отспани, и попладнето убаво да ја истрчате. Уморно и ненаспано дете нема да игра игри на сред ноќ, верувај. И јас имам вакви периоди со ќерка ми (не станување ноќе да игра, ами легнување покасно, околу 22:30), ама секогаш ги контролирам преку дневното спиење... За другите мајки - се придружувам кон советот на Анатх - одбивајте ги од ноќниот подој под хитно (освен лолита777, не знам колкаво е мажето, мислам дека се` уште ти е мало ), верувајте, нема никаква штета да им направите, напротив - ем вие наспани, ем тие. Поубав и подолг сон ќе резултира со помирно денско бебе И јас ја направив грешката како Анатх, па одбивањето од ноќниот подој ми беше дури на 14 месеци, ама за следното си знам, дефинитивно 6 месеци ќе ми се максимум граница.
Јас морам да го пофалам моето бебе , веќе 2ра ноќ ја преспива цела ... легнува во 20ч а станува во 6ч сабајле пие млекце и ја презаспивам уште еднаш до кај 08ч .. Ем бебе одморено ем мама исто така Се надевам вака и ке си продолжи
meU, чај за доилки се вика баш, комбинација од 5 билки е. Инаку мојава не спие премногу преку ден, а не да е активна... ко на струја е. Нон стоп да се мрда, трча, игра, и слично. Веројатно ќе помине овој период кој веќе не трае баш кратко. Инаку meU спомна демек сложени се малку бебињава... оффф а ние којзнае колку сме биле сложени, немало памперс, немало креми со цинк, немало вакви такви и онакви производи... и не им било лесно. Затоа секојпат кога ќе помислиш колку некои работи се сложени, помисли како било кога тебе и мене не гледале и инстантно ќе ти стане полесно и ќе собереш сила. Уште кога ќе ти текне колку намевки и прегратки те чекаат ооохохооо
Еве јас да се придружам во клубот на ненаспани мајки....... Значи знаеше и навечер да се буди по неколку пати ама одма заспиваше, ама овие две вечери...... Посебно синоќа, се будеше на секој 30 минути буквално цела вечер и плачеше..... Не знам што се случува, пред некое време пробав да го одвикнам од ноќно јадење, ама што знам тешко, уште почесто се буди, некогаш ги смука прстињата и плаче ко за јадење ама одбива да пие млеко.... Не знам што да правам, си викам да не е жедно, вода пробав да му дадам, одбива и плаче а упорно ги смука прстињата иако е најадено...... Е сега, ако скроз па му го укинам ноќното јадење, он уште толку е нервозен, пробав и така, пример ако бара за јадење во 3, јас упорно го заспивам или со чајче или без ништо, тој упорно се буди на секој саат додека не добие млеко...... Ама обие две вечери е некако поинаку, и од дневното спиење се буди со плач и рацете во уста и навечер истата песна.... Бевме на контрола се е добро, за запчиња е рано ни рекоа бар уште месец дена..... Не знам што да правиме.... Инаку имаме 5 месеци и една недела...
Меу чајот во билна е околу 300 ден и имаш многу повеке да направиш затоа што се ставаат 4 лажици во 1л вода и се пие цел ден ,а имаш за 2 недели сигурно . Е сега јас да си побарам совет од некоја мајка со машко бебе,како му одржувате хигиена на бебето, малку сум збунета бидејки јас од прв ден при секое бањање му го отварам курето ама нежно и уште главичката не е излезена ,отидов на матичен лекар бидејки ме напнаа дека треба да му биде веке отворена а има само 2.5 месеци ,и др само го погледна и ми вика одма носи го на децка хирургија ептен е слепено ке треба да го сецнат,се запрепастив и викам јас секој ден го масирам и му правам вежби како одма да го носам и викам дајте нешто да се отвори дома да пробаме ,ми даде герамицин маст , па вцера бевме на вакцина и ја замолив педијатарот да го види и го прегледа и ми вика каква хирургија мало е бебево до 7 месеци ке се отвори ако го однесеш тие немаат осет ке го трауматизираат. И сега останува да си вежбаме по дома , па да видиме како ке биде. Ако имате некакво искуство ве молам пишете како побрзо и безболно да се отвори .
A lolyta што да прави Мало ми е бебето, има 3 и пол месеци, рано ни е за да се одвикнуваме од ноќно доење. Се смеам за да не заплачам....сепак вчера вечерта имавме подобрување. Го успав околу 22.30.. како порано што правев и се` живо избркав од соба да спие во тишина, изгасив и ТВ и лап топ, само столната ламба беше запалена и тивко беше. А... и уште нешто, го завиткав во една голема пелена т.е. рачињата му ги спуштив до телото и го повив за да не се штрека од рачињата. Го легнав цела ноќ до мене да спие, а не во лулка и на секое негово кенкање кое беше на секој час му давав цуцла и го занишкував. Продолжуваше да спие подој му дадов во 2ч наутро и потоа во 6ч иако се будеше секој час јас не давав цице лоша мајка . Пак сум ненаспана ко удерена со мокра чорапа , ама барем успеав во намерата (да не цица секој час ). Ќе видиме вечер како ќе биде.
Тоа е лолитке, неколку дена се само во прашање, ама мораш да си упорна и доследна во тоа што го правиш, оти на првиот кикс цел тренинг ќе ти падни во вода... А иначе нели има бебиња кои од првите недели не се будат ноќе за цицање, така да - ваљда можеш и ти да почнеш со одвикнување..во најмала рака со намалување на бројот на подои
Мамичи, спие вашето бебенце на перниче? Тука педијатарот ми рече да ми ставам мало тенко перниче, за да можело вратот подобро да го врти, а не да било згрчено само на една страна. А пак до сега што имав читано, се беше да спие на без перниче за подобро грпчето да му се оформело. Е па не знам што да мислам. Да купувам перниче или?Кои се вашите сознанија?
дали можи да ми поможи некој. бебенцето ми е скоро 6 месеци. му давав по 6 оброци.2 немлечни 4 млечни. сега почнав да му давам по повеќе млеко и купив nan2 и скоро секогас не ми го допива. цитам во книгата што ја имам дека во 7 месец треба 5 оброци. дали да почнам да му давам на 4 сати??? млеко му давам со 180мл вода а млеко иди 200мл... помош ве молам
Јас користам перниче од пред некое време, мало тенко, од мемори пена. Го купив од Џамбо 350 денари и супер е.
Лолита, не е мал за одвикнување од ноќни подои, таман е. Колку помало го одвикнеш, толку подобро и за тебе и за него. Барем јас така би направила, со син ми се меткав (ај вечерва, ај утревечер) до 14 -15 месеци, се надевам дека нема со второто, здравје, да ја правам истата грешка. Леонтина, не се секирај, ти продолжи да го отвараш до каде што оди, без премногу сила и да му го чистиш редовно. Нема врска дека главчето треба веќе да излегува, рано е уште, на син ми дури на 15 месеци сосем му се отвори, а сега на 19 месеци, главчето му излегува до половина. Мене што ме секира е тоа што е така темно црвенко (знам дека е нормално кожата на главчето да биде потемна), пред некое време и малку крв имаше на пелената, ама син ми знае некогаш силно да го истрга, па може од тоа да било, или пак иритација од пелените. Подолг период не ме остава да му го отворам, тука има и моја вина, бидејќи после годинката не го отворав секој ден, туку како ќе стигнев. Отварањето секогаш ни оди со плачки. Ноел, син ми до годинка спиеше на рамно, само пеленка имаше под главата. Сега спие на сосема рамна перница, дебела колку свиткана фротирска крпа. Повисоко не сака ни тој. За малите е препорачливо на рамно, ама знам дека има и бебешки перничиња. Стефи, веќе треба да му создаваш навики за пет оброци дневно, што значи, појадок, ручек, вечера и две ужинки. Е сега, мој совет би ти бил, појадок (07:00 - 09:00) - млеко, ужинка (11:00 - 12:00) овошна каша, ручек зеленчукова каша (14:00 -15:00), ужинка млеко (17:00 - 18:00) и вечера млеко (20:00 - 22:00). После оваа вечерата ќе му ја замениш со млечна каша. Времињава што ти ги наведов се ориентациони, ама ќе си видиш по детето. Убаво е секој ден во исто време да ги има оброците, така си создава ред и навика, и после помалку проблеми ќе имате при воведувањето на поразновидна цврста храна.