Јас не видов многу разлика од алгоралот. Повеќе мислам влијаеше тоа што и сменив ад со АР ( анти рефлукс) ознака и мислам дека најмногу повраќа исцицано млеко, по неколку пати, а ад повраќа во помали количини. Инаку за тие половина час држење исправено, знам зошто треба, сакав да кажам дека нас ни тоа не ни помогна, повраќа и после еден час и после два. Пред 2 часа цицаше, ја држев исправена, па полека ја спуштив на релаксаторот а тој и е кренат на највисоко и доста исправено лежи на него и поврати после пола саат. После 10тина минути пак со голем млаз. Ја избришав, сменив лигавче, поседев со неа чекајќи да поврати и отидов да земам нови алишта за пресоблакање, се враќам по 2 минути гледам мокра, уште толку повратила и во ист момент пак со млаз поврати. Спие на крената перница, пазиме во раце кога ја држиме да не ја вртиме многу ама џабе. Едно време имаше подобрување ама сега повеќе ми надојде млеко и повеќе е на цицање, ад и давам на спиење само 2 пати и почна пак со обилни повраќања. Намали во првите 2 недели 250 грама, 70 се ништо... Едвај со 3500 првиот месец го поминавме, качи кога и давав повеќе ад, сега пак мислам дека или намалила тежина или стагнира пошто не ја осеќам потешка воопшто. Се мислам да се откажам од цицање.
Неколку вечери по ред бебе се витка у сон и има гасови…дали е од сирупот нирсе харвеј , се мкслам дали да продолжам да и го давам?
Леле значи ептен поврќало твоето. Знам, се изначитав јас, доста искуства прочитав и на ФБ во соба за доење и ад. Има случаеви кај што велат дека и ги одбиваат од цицање, АД ар си е баш за таа работа. Не сум стручна, ама зошто матичната не ве пратила на испитување, па да дадат терапија, или да одите само со АД на пример. А колкаво е бебето? Јас се тешам дека ќе прај 5 мес моево па ќе почниме со дохрана. Инаку моево падна во килажа не само првите денс после болница туку и после тоа имаше падови, иста бев како тебе, си познавав кога ми има со килажата успони и падови.
Чај од ким е мајката. Јас го користев сирупот 2 месеци и помагаше ама пак се виткаше и плачеше, а со чајов се препородивме. Какви испитувања се прават? Она како што ми кажа, а и на интернет сум читала дека нема посебни испитувања за рефлукс. Не дај боже на плуќа само да врати, тогаш е маката. За сирупот дури ми кажа дека е нов, до скоро ни тоа го немале за бебенца што повраќаат. Инаку 2ипол месеци сме.. имаме уште доста додека почнеме со цврстс храна
Во ред е да цица 4неделно бебе по 5мин и вреска нејќе цицка пак да го држиш ќе е мирно ќе се искака ќе пробам пак 2мин и пак вреска така на 3 саати 2 пати ми направи. Да не се одбива?(Синојка си цицаше мирно го средивме и си заспа) Како го давате кимот на бебињата?
Мајки бебе изгледа се навикна на шише.Осекам дека имам млеко ке поцица малку и се трга.Инаку бебе е 2 ипол месеци и бевме на комбинирано.На вечер не прави проблем си цица но овие два дена преку ден ми прави проблем не сака,а ги осеќам градите полни.Не сакам да преминам на вештачко бидејќи имам млеко.Има ли шанси да ја навикнам пак или тешко?
А поради која причина сте на комбинирано? Велиш имаш млеко. Шише им е секогаш полесната опција, не се мачи да влече туку му тече убаво. А за да ја навикнеш пак само да цица треба многу да си упорна е мое мислење. Немам искуство ние сме само на доење.
Не и достигаше за тоа и давав адаптирано.Ама сега пробав со пупма да се измолзам и само 90 ml од двете гради,што значи и е малку.
Со пумпата не ти е мерило колку млеко имаш. Силата бебето кога цица ни една пумпа не може да ја има. Не напредуваше доволно што вклучи ад или си мислеше дека немаш млеко? Не е критика, но најчеста грешка што ја правиме ние мајките е стравот да не е гладно бебето и се посегнува по ад и не сме истрајни да ја видиме прво вагата и дали напредува само со доење. Јас живеам во србија и тука прва контрола е месец дена од раѓање, знам колку ми беше матен умот дали цица доволно, но издржав да видам што ќе каже вагата. И си беше топ и така си останавме само на доење. Биди упорна повеќе на града можеби ќе се наврати. Биди истрајна во тоа.
Јас уште бремена направив луда колекција на сите џиџи миџи панделки,капи и свашта што ми падна на памет. Мојава ако и ставам нешто на глава се корне од плачење додека не го тргнам. Едвај за сликање ако издржи. Ќе почекам за дотерување уште малце
Имоето повраќаше како твоето сменив на новалак аленова ар безлактоза и сега е бомбона. Иначе предходно и цицано и обично ад повраќаше
Постои 24часовно испитување со тоа што се става сонда во носот и се гледа коллу рефлуксни епизоди има во 24ч и дали се кисели или не. И друга метода е флуороскопија со пиење течност, па се гледа не ехо или рентген. Се прави и на детска клиника и во козле и во приватните болници. А сирупот го има подолго време, може не кај нас ама Грција да, постојат и омепразол кесички. Не е дека немало порано како да го третираат овој проблем.