Isto sami sme od 1 den plus so carski. Odma stanav i cistenje i rucek dosega vo 3 nedeli samo 1 sme kupile tesko e ama soprugot pomaga mn. Dur spie bebe turbo rabota
Сами ја чуваме од што немаме кој, барав и жена ама немаше во близина, нашите се далеку. Можно е, еве ја 4 месеци е, ама зошто ако имаш помош. Ептен да се неподносливи па тогаш. И детето ќе се научи на други луѓе и тебе малку ќе ти се олесни. На крај крајот ако не ти се допаѓа секогаш можеш пак сама да чуваш. Ако имаш помош зошто да не ја искористиш?!
Да немав помош за првото, ќе се фрлев од зграда, ај шо беше он ужас туку и ја неспана на два пати и колабирав. Јадев на нога, поточно голтав не ни џвакав, никогаш не ми беше чисто, ручек зготвен? Шанса немало. Сме јаделе брзинсли ајвар и леб, паштета и леб, порачана пица, евентуално супа. Кој немал ужасно дете не знае што благослов е помошта. Ако ништо др за ручек да ми направат, спружат соберат алишта се од голема помош, па и да отспијам 2ч да им оставам дете. Тоа одмарај кога он спие немало а нема ни сега, зошто раѓам неспијачи, и урлачи за во раце,па ако не ги почува некој нема ич да дремнам. Сега и со второ, со бебето помагаат околу обврски низ дом или да го земат и прошетаат поголемиот. Јас барам помош, мене ми треба. Првиот од 18м го остававме да преноќи сам кај баби, за да може и ние раат да отспиеме бар 1 викенд во 2 месеци и да излеземе бар еден ручек да изедеме сами на раат како луѓе, и да се видиме со маж ми на само и во мир, зошто бракот ни пропаѓаше. Заедница не поддржувам, освен ако не е куќа со два посебни влезови и одвоени дворови. Нашите живеат далеку, но доаѓаат на помош. Тешко ми е и вака ама имаме раат што сме сами, а за помош ускокнуваат
A ako mu oblecam bodi po dolgi trenercinja od vnatre meki plis i vrz bodito dukser bez patent(kako bluza sto e) kapce corapi i kebence dovolno ke e?
Јас земав кенгур ама нешто многу не го сака , па затоа у количка у транспортерот ужива со мене у кујна , на тераса , у перална сегде па дури и на бањање И не знам зошто ама на глас се смее додека се бањам
Да мене ми беше така и уште ми е на периоди. Од бебето е мислам. Дури зглобовите на прстите ме болат и ми се укочуваат од што го кревам во спиење… и стапалата скроз укочени дур да ги размрдам Магнезиум пијам тоа ми помага колку толку..
Ние од прв ден сме така, во странство сме и немаме никаква помош од никој. Моите и родителите на мм, поради здравствени проблеми не се во можност да дојдат а не па да го чуваат. На почетокот ми беше стварно тешко, ама па од друга страна, со сите работи после пораѓај, хормони и сето неспиење среќна сум што имаме мир дома.
Јас ја облакам боди по долги хулахопки и тренерки горе и доле и толку. Покриена е со подебело кебенце, а на ноџињата ако е во раце надвор или кенгур имам земено од ваикики дебели пантофли меки со мече одозгора некои 300 денари беа. Ем не тежат ем топли ноџиња. Во скафандер ја имав облечено ама почна да пишти многу топло и беше иако одоздола беше само со боди на долги и тенки хулахопки.
Јас изгледа премногу го облакам .. боди по долги , тенки тренерчиња и јакничка тенка онаква пролетна шушкавна и ако дувка тенко кебенце ако не го тргам ќебето
Не си будала. Многу паметно правите. За мене се будали оние што секој трет ден оставаат деца кај баби и акаат по кафани. Место за викенд да шетаат со деца по паркови и да ги научат нешто,седат дома со баби и гледаат турски серии. Од пон до петок по школи,градинки,тренинг. За викенд кај баба и дедо. И цело време така. Во Мк,има мнооогу вакви. А и зошто би се одлучила на деца ако немаме способност со маж да се организираме и тераме секојдневие? Да,тешко е. На моменти сме во тотален хаос,ама поминува. Сами живееме и си го организираме секој нареден ден, со дете од 4 години и бебе од 2 месеци.
Со бременоста се троши организмот, а богами и по породувањето. Треба витамините да се вратат и пред се одмор. Зависи колку време те боли и колку. Не е лошо да си Консултираш матичен и да направиш барем лабораторија
За акањепо кафани не би оправдала. Ама помош со бебе да. Ние сме имале не хаотични, туку мизерни периоди со првиот, тоа не спиење не знаеш што сѐ прави. Маж ми одеше на пат низ мк и има и призаспано на волан неколку пати. Попрво ќе побарам помош отколку да останам не дај боже вдовица. Пак ќе кажам кој немал дете што 24/7 е будно и само плаче и е само во раце, не знае што е мака. Сме плачеле со ноќи, кај све не го однесовме, чаре не најдовме и да, порасна он, ама дур порасна првата година беше убиство. Акање по кафани не, ама еден ручек на само со мажот или дејт преку недела може да се истера, тоа е и здраво за бракот, за 3 саати може да се причува дете, секако преку недела е со нас. Ова зборам до 18-20м, после тоа си го носевме и носиме со нас, ретко и излегувавме и излегуваме на ручек ама кога одиме одиме сега сите. И порано одевме ама со кавги и плачење се враќавме. Еден викенд во 2м може да се чува дете, барем едно попладне, колку на појалок сами да излеземе како луѓе да се видиме. Барем за тоа се мн ок моите и неговите, имаат одбивност од пуштање цртани на деца, серии и не гледаат баш, вести само, па се гледа да се цртка да се бои, прошетка на воздух, да се чита некоја приказна. Тв немаме пуштено 4г, во зорт мн ретко да пуштиме цртани. Пак ќе кажам, сами живееме и сме раат во однос на мешање и коментари дека они ни ги исчувале децата, ама нас очајно ни требало и ни треба помош и сега, зошто и второво малце се погоди како првото
И јас сум оставила дете со баба не дека не. Сам барал. Сигурно нема да му го скратам тоа. Ама е далеку по различно од 'помошта' што беше наведена во прашањето. Малце во поинаков контекст беше кажано моево. Пост царски,имав операција на нога,па секако дојде мајка ми да помогне. Бебе едвај месец имаше. Во некои ситуации секако треба помош. Се' носи животот.
Бебе не е какана од 19 часот завчера. Што можам да направам за да се искака? Вежбите ги правиме ама секоја пелена е само мочкана. 2 месеци е
Пробај масажа на стапалца и нека лежи на меше на тебе на моето тоа му помага и топло на меше, твоја рака или бањање, термофор
Мене педијатарот ми рече да и го раширам газето и колената нагоре, провај неколку пати… кај нас успеа кога не беше какана 3 дена