Е добро де, тоа не е страшно, може за 10 дена да качи уште 200-300гр. Бебето битно не спушта килажа, не може сите по 1кг. да се поправаат. Не се секирај мајка.
Да тоа и педијатар ми кажа и дека весела е, здрава ама минатиот месец качуваше 240 грама неделно и ми дојде баш голема разлика
Еве сум да се приклучам на плачењето денес мерен ма 39денови само 830 гр по 21 дневно а накачуваше по 45 сега е под минимумот од 25.....моево по 5мин влечење се трга не сака да чуе во скокот, денес мискам е поок зошто цица по 8 од двете и спие денски по 1ч а до вчера по 15мин само на раце, за 2 недели сме на контрола зошто на друга вага го мереа и вака не личи неухранет долго бебе е со преубави дебели образи ама ќе видиме...ќе молзам после доење да стимулирам, и ќе го терам на 1.5ч (на 2ч цица)
Леле ќути сто пати пресметав од сабајле и толку, 22 грама дневно. Педијатарот вика добро е ама јас мир немам, зошто така одеднаш и филмови 300, дури и второ мислење побарав таму ми ја измерија 10 грама повеќе. А утре па и вакцина има лелеее, сеа ќе давам и јас на 1,5 час ама ми повраќа така ете мм вика ако нека повраќа па ќе видиме. Зошто да се одмолзуваш?
Да набилдам млеко нека тече од вишок не штети (уживај си) извадена сум од памет да не му е малце еве сега 50мин пројдоа пак го ставив влече зар сум си го држела детево гладно а да сум немал доволно па затоа се нервирал на града после 5мин?
Иии new fear unlocked. До сеа се опседнував по колку време цица ама дури од сеа ќе има весела математика по дома и вага ќе си купам
Баш пред некој ден во тема доење пишувавме, бебе треба да ја дуплира родилната на 6 мес, а да ја триплира на 1год. А нас упорно ни ставаат страв дека 500-600гр месечно е малку. Првата ќерка ставаше по 1.2кг првите два месеци, ја имаше дуплирано родилната уште на 4 мес. Еве второво бебе првите два месеци по 600-700 гр ставаше и јас бев нешто испаничена, па мерев подои, се мачев, а за шо? Еве ја на 5 мес има 7кг (родена 3кг)
Хахаха леле леле како да се гледам самата јас пред 3 месеци. Апликација спуштив, секое доење ми беше со штоперица, мм само ме гледаше намрштено Подои и мерев како луда, не давај пари за вага, не се замарај. Си расте бебе, си има сила повеќе, ке си исцица колку што му треба.
Исто и тоа јас секој ден се бесам со него на вага не ми се даваат 50еур за бебе вага ама ако за 2 недели не напредне ќе купам Сега се враќам на чаеви за лактација, сок јаболко, леден чај само нека си биде добар се пренервирав сега мада докторкава ич не ми се допадна ама ајде ќе брка работа за ситници и упати во маало она не се потресе ич ама затоа јас мислам не можев излезот да го најдам знам дека не е престрашно ама одма филмови ми секнува млеко бебево гладно седи, затоа има да виси на цице од денес
Немој да си ставаш вакви безпотребни грижи! Што ќе биде утре кога ќе е болно? Кога нема да сака да јаде? Кога ќе вришти а не знаеш што му е.... ехеее назад е се, не треба ваква паника да се праи за нешто што е далеку од лошо..
Едно прашање може ќе звучи смешно ама паа вистина ме интересира Ние не сме од Ск али би сакала да одиме до Ск, е ме замисли ако сме на кафе а бебулето бара да ја дојам дали би ја дојела пред др или глупо е ?
И мене ме интересира ова треба да одам на кафе со малиот тогаш ќе има 2месеца а и мене ми е полесно кпга го дојам
Ако ви е вас лично непријатно купете си од оние наметките што се за доење во локо кроко, или ставете тетра или некоја наметка облечете. Јас имам поголеми ареоли па ми е срам да се гледаат затоа се измолзувам за надвор
Vo molovite imas soba za doenje, znam vo siti mol deka ima, samo zavisi bebeto vo nepoznata okolina dali kje cica. Pokrij se so maraca ili pelena, kjebence. ako ti e neprijatno. Inaku ne e glupo samo vo posledno vreme od kovidot gi snema bebinjata od javnite mesta site se plasat od virusi, pa sekoja cest sto sakas da go napravis toa.
Мајки со што им ги чистите носињата на бебињата? Една недела направивме и гледам како да и е полно носето не може убаво да диши. Имам носко аспиратор за на правосмукалка ама ми е страв дека е мала да го користам.
Не се плаши, слободно чисти го носето. Јас чистев од старт на првото дете, сега еве и на второто од третиот ден прскам солена вода и чистам со аспиратор. Не само додека да се исчисти од плодова вода, туку и натака најдобра превенција е да се чисти носот.