Нема скок што не го осетила мојава ама 3ти скок вода може да му носи на 4ти Еве уште со спиењето не може да се среди од тој скок и таа регресија па и забиве згора на сè Не се замарај дали требало порано нешто да прави, секое бебе за себе, јас си ја следам неа, сè си прави кога она чувствува дека и е време, не ја форсирам ништо. Бај д веј, и моево сè исто реагира, почна да се врти на игрална доле за 360°. Сама се "одбива" со ноџињата од краевите на игрална и си се врти. Исто држи играчки сама, сака да допира, истражува со рачињата, гуга ко да си прави муабет со нас дома, се смее подолго на глас баш ко нас возрасните и посебно што ме воодушеви е дека почна да си се врти на името ако е ужасна со спиењето, бар овие работи ме радуваат кај неа
Ме интересираа лични искуства од мајки, инаку читам, не дека не, бар општо се запознавам со тоа што да очекувам од бебето во одреден период. Имам и апликации на тел, ама да ти кажам од др страна, не се опседнувам со читање, некако стрес ми ствара(општо зборам па и за скоковите) ќе дојдам до оној момент да се нервирам, еј тука пишува треба да пее мојата не пее и ете ти нервоза, така да, расте она, јас си уживам со неа во "новите вештини"
А да, спиењето го заворавив. Од бебе сѕо ми заспуваше во 7 и се будеше во 3 да цица и продолжуваше, се претвори во мало зомби. Се буди на секој саат, тешко заспива дури и имам фобија. Дневните дремки ако ти се посреќи. Нека расте само, мало човече имаме по дома.
Супер си ти ако си имала период да спие од 7 до 3, јас таков ред памтам само првиот месец и од тогаш хаос со спиењето. Сеа па се научила од 4 сабајле(кога се враќа од диско госпоѓицава) до 12/13ч спие ама ред дневни дремки 40 мин до саат строго на цицање и во раце спиење. Твоево како спие сега, од колку до колку, за навечер мислам?
Cdc milestones ја најдов апликацијава за следење што се очекува во одреден месец да совлада бебче симни си ја бесплатна е и ќе си штиклираш Затоа плаче така не знае како да се смири и заспие кога ќе се премори. Гледај успивај максимум на 40мин будност
Слично и моето, само моето навечер си спие, само за цицање кенка во спиење и кога ќе му дадам да цица си продолжува да спие. Почна да го вади јазичето и да се задира да му зборуваш, плаче од некои непознати, во текот на скокот сакаше да е само исправен, ако се потпреш на кревет тој сака да седне. Исто почна да се интересира за се, за време на цицање се вртеше ако некој нешто зборува или има некој звук. Отприлика тоа ми текнува.
Првото излегување ми беше 10ти ден од раѓање,Февруар месец некои 12/13 степени. Шетавме зависно од температурата со количка низ нсселба. Молови кафичи со толку мало бебе јас не одев. https://lococroco.mk/produkt/prestilka-za-doe-e-tule-siva/ Повели линк од наметката.
На ортопед кога бевме на 6м ни рече дека веќе рефлексот за спиење на меше им е развиен и ако сам се заврти така да го оставам
Па ја дури и се чудев како толку спие. Сега се учиме да заспива барем после 7 ипол 8. Се мачиме и нишкаме во креветче уште пола саат сигурно. Е сега ќе се разбуди околи 12/1 и после тоа на секој саат ипол два е будна, ја ставам фа цица заспива и кога ја префрлам кога како, некогаш си продолжува одма, некогаш пак нишкање. Овој ритам се до кај 5ипол 6. Со тоа будење заспивање тек после 2 сати.
Мајки што правите со грчеви? Денес еден месец и официјално првите грчеви. Страшен беше денов, помодре од плачење а и јас со него… што сѐ не пробав, помогна термофор и еспумисан. Кажете ми други совети? Не е спиен цел ден, сега успеа да врзе два саати сон… Буквално помодре и стана виолетов од плачење, умрев од грижа… со гушкање и бел звук се смируваше наеднаш како ништо да не е, ама се гледаше дека е преморен што можам јас да направам? Секој совет е добредојден
Да добива се со плачење Се шалам, јас имав премирно бебе, во 4 скок не ја препознавав. Сега е подобро. После 4 скок, почна да се врти на страна, скоро и да се превртува. Секој ден има нешто ново, па нови звуци, цел ден со еден звук, се смее на глас, и претходно се смееше ама сега константо веќе. Реагира и на нејзиниот глас, веќе ништо не и бега, се прати лево, десно. Се врти на нејзиното име, тропки, глодалки играчки зема сама, си игра и ги фрла. Кога ќе речам си игра мислам на тоа дека тропа и ќе ја тресне од земи. Посегнува со рацете во вис по играчки. Се тоа преку ноќ го покажа, до вчера бебе кое не јадеше и само плачеше, од другиот ден позитивни новитети. И да, почна да манипулира со плачењето, да го користи во нејзина полза. Не верував дека толку мало бебе би разбирало, ама и те како плачи само за в раце и за постојано внимание.