Јас барав низ сите ДМ во мкд нема а другарка во Хрватска ги купувала за 2еур. Штета многу производи ги нема кај нас. Ако најдеш пиши ми и јас сакам да земам
Autan junior koristam. Ne e ok bas so sostav neli kako i site sto se za komarci sredstva ama samo toa ni e spas. Sekako sekoja vecer banjam dete. Kaj nas i premnogu komarci.
Мајки, бебуш почна со грчеви од завчера и од тогаш помалку седи на града и помалку кака, сега не е убаво какан повеќе од 24 х, се така како по малку. Страв ми е да не е гладен, активно цица по 15 мин плус два пати дохрана имаме во денот. Нормално ли е ова? До пред некој ден спиеше на града и за тоа пишував, сега обратно…
Гладно бебе ниту ќе спие ниту ќе седи мирно, ќе плаче. За какање не знам на комбинирано како е нормално ама знам дека од мајчино е ок и до 7 дена да не кака. Моево еве 3 месеци не сум видела како личи тоа да не наполни пелени 4пати дневно(ноќно) Штом даваш и дохрана апла нема шанси да е гладно
И моето е тука негде, сега ќе прави 5 месеци, немаме уште почнато. Кога планираш да почнеш? Мене педијатарот ми рече на 5ипол да почниме со вкусови. Се надевам ова ќе сака да јаде, со првото истргав маки.
Јас ќе улетам малце, на 5 5ипол месеци седат бебки? И кој одлучува кога се почнува со вкусови? Ние сме на почеток на јуни на ортопед ама тогаш ќе има баш 5месеци одма па ваљда таму ќе ни кажат кога треба да почнеме?
Јас уште не го седнувам, за првото ортопедот ми велеше само ќе си покаже кога ќе биде спремно. Ние сме на контрола кога ќе има 6 месеци, планирав тогаш да го прашам. Сега само на перница малку поткренат го оставам, далеку од седнат. А за јадење јас се водев спрема педијатарот, со првото ни рече да почниме на 4.5 месеци бидејќи послабо напредуваше, сега со ова ни рече на 5.5 месеци да почнеме со вкусови.
Првоте дете ми е родено крај на мај, дома кога си дојдовме беше врнежливо и ладно и нормално климата ја пуштавме да стопли. Во рок од недела дена фатија такви жештини, дневната ни е со стакла цела и тоа на југоисток, без клима беше како сауна така да мораше клима. Само нормално да не е директно во бебето.
Здраво мамички. Бебето ми е еден месец, навечер не го будам и си сврзува по неколку саати сон а преку ден знае да спие по неколку дремки кратки или пак долги по 2 3 саати. Ич не ми се буди, еве сега во 1 и пол цицаше малце и заспа кај 2. А во 12 цицаше неколку пати. И сега скоро 5 уште спие. Дали да го будам?
Дома сме со комарници и ние, за надвор повеќе ми беше муабетов. Инаку планирам и јас мрежа да земам..од каде ја зема? Одговара на секоја количка? Ич немам искуство со мреживе.. Да се надоврзам за седењево, малава ќе ја носам почеток мај, со полни 5 месеци на ортопед па ќе прашам за седењево и ќе ти пишам.
Ќе се консултирам и јас со педијатар за јадењево, напредува супер засега и не ми спомнал за вкусови. Последно ја носев на 4 месеци, рано беше за тој муабет, ама следна средба ќе биде 5 месеци и ќе прашам. По мое би почнала нај рано на 5ипол месеци, идеално на 6 месеци. Со цицањево е супер до сеа, од тоа не можам да се пожалам.
Од Локо Кроко стандардна величина 400мкд беше. Одговара на транспортет и корпа. Е сега искрено дали ќе биде ок и за третиот дел што е за седење тоа ми е сомнително малце ама како да гледав во бебехоум дека има за максито такви. Добра идеја е ова од погоре со прскање на количката со спреј што е дозволен и за малечки
Малава од 3ти месец веќе се поткрева за да разгледува, крева глава како стомачни да прави, се мислам како ли ќе ја истрпи мрежава..затоа не сакам некоја скапа да не биде џабе парите..а и тоа што викаш, и делот за седење дали ќе го покрива..ќе треба да прашам..ако не, советов со прскање на количка ќе го применам зошто мн е беличка мојава а и често се вцрвенува по лице/тело па уште и инсекти да ја каснат..
Исто е и моево малце да се допре посилно жар црвен е по лице. А со инсективе раат да не си, мене ми е искрено многу добро со ова за сега и од оси. 3 4 пати му доаѓале по количка и фала богу што беше ставена. Имаше некоја мајка пишано за фобија од тепање бубачки, епа пред бебево бев иста. Памтам еднаш ми влезе во дневна смрдливка тие ми се најјезиви а мм излезен, фино лепо се затворив во спална и чекав да се врати за да ја убие. Ама затоа завчера дома во количка му влезе оса, се разбуди лавица во мене ја избркав и во исто време дур ме напаѓаше му ставив мрежа Нема врска што после пиев шеќер и вода од афтершокот Кажете за вакви не дај боже случаи при убод од инсект што да имам во себе за бебево? 3месеци е. И дали во таков случај се оди итно на доктор? зборам оса пчела а не комарец де
Аа ја сум поделена со тепањето на инсекти бубачки итн на тераса ќе залута некоја бубашваба од цевките, ко ќе ја акнам со папуча, од прва е мртва ама затоа страв од оси пчели(алергична сум на полен, па не знам како би реагирала на нивни убод и пусти страв) огромен и кога шетаме со маж мавтам ко откачена ама за бебе, жена мајка кралица, алигатор да дојде, кинеме глава нели, сè за нив Супер ти се прашањава, и ја чекам одговор од поискусни како се постапува во таков случај.
И мене ме интересира, имам мрежа ама пак, има бубачки што Лазат, кога ќе се вратиме од парк обавезно ја пресоблекувам и ја бањам од страв да не ја полазало нешто, а Кочани и комарци... не знам што ќе правам
Јас не знам дали ова е некој скок ама искрено се надевам.. Беба е скоро 5 и пол месеци ама веќе неколку дена е пренервозна, хиперактивна, врие прета не се додржува, воопшто не сака да лежи, се исправа се крева за седнување ама сеуште не ја седнувам чекам контролата на ортопед да видам како ќе поминеме, за успивање буквално се бориме додека да се смири да заспие а очи и паѓаат, ама и во сон немирно спие често прета, цуцлата ја искина од гризење мислам дека многу ја чешаат непца, гризе се живо од играчки до ќебиња, рацете ги изеде.. за вкусови на точно 5 месеци неколку дена пробав ама не сакаше да јаде ништо па реков да причекам да не е рано, па за некое време ќе пробам пак.. има ли некој со слична мака да сподели како се справува?