Не живеам во Скопје. Мислам дека веќе и нема саглам педијатар. Во мојот град некои 10тина се и сите речиси исти
И ние бевме така со окцето и го чистев само со водичка, на оние марамчињата суви што се сам си ги топиш, ги има во зегин
Здраво, првпат ќе патувам со бебето, подолг пат ќе е околу 3, 3 и пол часа со кола. Таа е 5++ месеци. Како да ја облечам за во кола? Ќе патува со корпата делот од количката. Други совети да ми дадете?
Кога отидовте на преглед после пораѓај? Се имам спонтано породено, требаше да одам после 6 недели но ми закажаа дури во Мај - би биле веќе 2 ипол месеци поминати. Не е премногу нели? Или мора да се направи прегледот порано?
Зошто сметате дека не е добро во корпа? Јас за удобноста мислев во корпа. А транспортерот ми е и седиште за во кола. Само се уште дека не седи самостојно, ми е како неудобно наместено чупето.
Транспортерот е наменет за бебиња. За нивна безбедност. Дизајниран е како што треба да биде положбата на бебето. Таму бебето не седи. Корпата е комотна, ама никако безбедна. Едно нагло закочување или на дупка да поминете, ќе шета низ корпата, да не збориме за друго.
Транспортерот е соодветно направен за бебиња што не седат самостојно. Тежината на бебето му паѓа на на грбот, не на нозете/колкчињата. Да, не е најудобна варијанта, но е најбезбедна. Не знам за кај нас, ама во многу земји ова е регулирано и со закон.
Никако патување во корпа па особено на долг отворен пат. Не дај боже нагло кочење, судар не сакам ни да помислам што може да му направи на вратчето. Транспортер/седиште се наменети да е фиксирано бебето. Ќе направите пауза на 2 2.5ч да го извадите бебето и нема да му е ништо. @TammiB5 6 недели после пораѓај со царски
Ние патувавме 3, 3 ипол часа на иста возраст. Бебе беше во седиште, облечено во тренерки исто како нас без палто. Сега исто и на 8мес патувавме викендот кога беше претопло и го соблеков на кратки ракави. Во кола мора да имаш тропки, или со што и да се занимава највеќе. Моето многу сака една музичка книга. За жал еден период морав да пуштам и малку телефон Стела и Сани песнички.. тоа е. На прозорците имајте од оние црните завеси што се спуштаат за сонце.
Мајки здраво, дали практикувате повивање на бебе? Исто прашање имам и за широк повој. Јас купив специјални за повивање и приметив дека многу помирно заспива и општо како спиење е многу посмирен. За широк повој купив специјална пелена, Поп Лазарова ни рече да му ставаме навечер. Исто сакав да ве прашам за совет за како да не плаче кога го облекувам/ пресоблекувам. Значи тоа е плачење, губење… пробав и на спална, пробав и со топло, со калорифер, со бела врева е мааалце подобро, ама пак плаче. Исто е после бањање. Со паузи, со гушкање… додека да го намачкам тоа е како некој да го коле. Страв ми е дури комшииве да не ми викнат социјално шо се вика
Повивање не. Го гледав Антониј доктор на едно предавање во кое вика да не ги повиваме бебињата бидејќи не може убаво да се развие. Тоа и додека спие е со рачињата нагоре, пак мрда и слично. Он исто даде мислење “и нас возрасните да не ставите во лудачка кошула така врзани ќе спиеме мирно”. Јас реално не го повивам. За широк повој имав земено од ДМ со лепенки што се, му ги ставав кога не е нервозен и плачлив, но откако бевме на прв преглед на ортопед ни рекоа веќе дека нема потреба од широк повој. За пресоблакањето изгледа се има нешто уплашено. За после бањање и мене еднашка ми зајде со тоа што помодре од памет се извадив. Ми помага кога почнува да плаче дувни му нежно во лице- веднаш ќе престане. Ми помага и звукот на шушкање поправило на влажните марамчиња пакувањето па намерно го тријам да шушка. Можеш да се обидеш и со музика или white noise да биде посмирено.
Kolkavo e bebe? Mojov prviot mesec-dva isto bese horor, placese na soblekuvanje/oblekuvanje, placese i na banjanje, a pa koga go vadevme od korito placenje do daska i vristenje bese toa. Posle prestana. Sega se smee koga se oblekuvame, a uziva vo banjanje (3++ e bebe).
Баш прееска ми излезе видео зошто не треба да се повиваат бебињата. Со тоа им ги ограничуваш природните рефлекси и движења со што понатаму може да влијае на поспоро совладување на одредени движења, моторика и потешко развивање. Јас не го повивав зошто никогаш не научив да го стегнам убаво и се нервирав дека сум грешела а на крај добро излезе. Широк повој - Многу поделени мислења, јас не ставав само од старт правевме вежбички па на прв ортопедски преглед ми рекоа да ставам ради историја со каивчиња иако кај бебе немаше проблем, јас кога ставам кога не двојна пелена зошто баш го нервира. Во врска со плачењето, моето го правеше истото после бањање и на гола подлога па сфатив дека му доаѓа шок,ладно. Затоа после бањање одма го мотам во бањарче и му пеам зборам па така со мене гуга се смее. И обавезно од доле да му е топличко за пелена менување, ќебенце или тетра.
Повивање на секое спиење додека го има Моро рефлексот, имам и специјално врекиче, или со поголема тетра. Само рацете да се стиснати убаво, мешето и нозете послободни. До 12 недели редовно повивам. Широк повој нема потреба освен ако не каже ортопед. Нема штета, ама немам намера да се замарам освен ако не е потребно. Мојов плаче после бањање, обожава да се бања, само да е топло мислам дека цел саат ќе кисне. Ама штом замотам со пешкир уклучува сирена. Гледам да сум брза, ама тоа е, си плаче. Плаче и на мењање пелена ама не до толку. Нема големо чаре за тоа, сеуште е мал и ништо не го занимава. Се надевам кога ќе порасне уште малце ќе може да се залаже со некоја играчка.
Пред месец дена патувавме со бебе 5 м. Патувавме 4 саати. Го возевме во транспортер бидејки така е најбезбедно. Бебе претежно спиеше, го будев на паузите за цицање. Правевме пауза на саат ипол и тогаш го ставав во корпата да се истегне убаво.