Во Авицена правевме ние повеќе пати на приватно, од сабајле не го миј не го бриши окото одете само во лабораторија и кажете брис од кое око и толку. Кај мене едното бебе до годинка секој втор месец беше со некоја бактерија заради неотворен очен канал. Само што ќе почнеше да му солзи едното окце знаев дека е бактерија пак.
Ќе прашам тука како поактивни. Роден 22ри Јануари. Сакам да го крштевам на 1год. ака 22ри Јануари 25'. Е сеа дали некој имал искуство со зимско бебе или зимно крштевање? Според мене ќе е поголем и да настине "полесно" ќе е за справување со настинката сеа има само 3месеци не е изолиран од настинки а ептен е мал. Плус финансиски на едно полесно да не е на двапати сеа крштевка па ај кафана па после роденден па кафана. Плус сеа крштевка па ај кафана па уморен па ај у раце фати префати. Совет? Како да постапам? Знам дека мајката си знае најдобро за детето,ама полесно ќе ми е да слушнам мислење на мајка од овој свет не од старовремскиот. Мене ме замараат детето во мир ќе го ставиш,нема да ти плаче во сон дрндрн. А он е бебе од што гледал од што го играме во текот на денот и заплакува во сон поради тпа или го боли нешто ило гладен нема везе крштевањето(така налага религијата и така викаат постарите)
Скоро сите сега прават крштевка и роденден па и ние. Не слушај такви работи не се замарај, правете како што ви е подобро.
Внук ми е крстен и прв роденден , баш на 22 Јануари. Просториите каде што се крстат децата е топла. После од црква одма во кола на топло. Другарка малиот сред Декември го крстеше. И прави си како мислиш, не како проповедаат старите.
Од аспект на зимско крштевање имам само присуствувано и секако ги загреваат просториите, обично на зима во големите цркви, прават во помали простории крштевање. Од аспект на мир и неплачење, сите ќе ги крштеваа порано за да им бидат мирни и решен проблем а? Да не звучам лошо, пошто сум верник пред се ама како ќе си одлучите вие така. Првото ми е крстено на лето на 2,5 мес, второто сме со план пак на лето иако бебе ќе има 9/10 мес и сите ми велат ами што не почекате да правите заедно со 1виот роденден, ама ете ние така сакаме.
Нормално во денешно време сите гледаме финансиски помал трошок да ни е кога сè е изгор скапо. Не слушај застарени муабети ехее мене на секој скок и плачење на детево ми викаат дека е урочен и да го прскам со светена вода Еве моево е баш пред Божиќ па нема да можеме прв роденден и крштевка во едно па затоа на година ипол ќе го крштеваме нит сум прашала за мислење ни ме интересира
Јас имав летно бебе и на годинка му правевме и кршевка и 1 роденден. Сега ова е родено во декември и решив крштевка да правиме сега во мај,а роденден на денот кога ќе му биде. Гледај како вас ви е најубаво,така правете. Со друго не се оптеретувај
Правете како вас ви одговара така. Еве на пример нас сигурно ќе не фати година и пол додека да ја крстиме, ние странство, кумовите исто така, ова лето не одиме Мк, на зима пак ич не верувам дека би оделе и останува дури др година.
Врска нема јас на 40 дена го крстив првото еве го 3 години накај 4 уште плаче. Малата 5ти месец некрстена е и не плаче. Од аспект на крштевање зимно слободно можеш но запамти тоа бебе тогаш е поголемо можеби и проодено и ако имаш намера да правиш во кафана знај дека или во раце ќе ти биде тие неколку саати. Ако имаш доста дечиња игротека ти е боље опција пред се ради тебе не е работава на сите атер да им правиме да се најадат и напијат. Гледај временски и за тебе и за детето да е океј да немаш непотребни нервози.
Da na godinka nesto taka spomnav restoran ama ima mn braducedi tuka na godinka razlika ke si trckaat ke si igraat em rodenden em krstevka em zabavno ke im e nema da mu e tolku traumaticno krestavnjeto ke zaboravi ke se zaigra
Чисто да си имаш на ум дека ресторан и зима плус затоа ти ја спомнав игротека како опција плус и 2 саати е само и сите си одат да не го тормозиш зошто не е тоа бебе од 4 месеци легни го да поспие па да стане па пак после да си легне
Првото родено мај 2019, рота беше воведена ама во диспанзер ја немаше па ја испуштивме, со второво ја испуштивме од вируси еден по друг. Еве ја големата ќе прај 5 год па никому ништо. Не сум против вакцини ама ако се испушти од икс причини тоа е тоа.
Mi potkasluva malovo 3m e na doenje sme. Onaka duri koga ke potkasla kako da se davi otvara usta mnogu mi e strav da ne se razboli mn sto da prevzemam?
Да го однесеш на педијатар да го чуе, по мене за кашлица на мало бебе е подобро да си претпазлив. Еве моето се закашлуваше многу лошо од памет се извадив го однесов на педијатар среќа немаше ништо симнато ми рече некоја настинка била и од носко слевало секрет. Па инхалации со физиолошки и чистење носе помогна, секако на града ставај деновиве почесто
Овој деновиве му влегов во шема мада 1000пати треба да повлечеш точно над мрсулчето хахаха а на носко му нема рамен ама малце да го одмориме од влечење да не му пукнат капиларчиња од пречесто