Мамички здраво Јас сакав да споделам нешто со вас. Пред три дена земав чај од билна аптека за доилки и почнав да пијам. Чајот е на Алкалоид и наменет е за доилки што сакаат да имаат повеќе млеко. Составен е од: ким, анасон, мајчина душица, босилок и грчко семе. Морам да кажам дека откако го пијам малиот ми е посмирен и повеќе спие и почна повеќе да качува на килажа па кој сака нека проба, бидејќи ние си имавме доста мака со грчевите. Инаку му праевме чајче од ким со вода, ама сега не сака со цуцла воопшто, ја трга со јазичето и плаче кога му давам, па со лажичка. Сум пробала и со сила ама толку плаче, ја исфрла цуцлата и не знам што ќе правам после 6 месеци кога ќе треба сокчиња да му давам. А цицка сака не одбива , а не сакам да го учам со цуцла лажливка, бидејќи си ја голта својата плунка и знам од педијатар и плус мајка ми е медицинска сестра дека цуцлата лажливка предизвикува желудникот да лачи повеќе киселини, а нема храна само плунка голта и плус и за непцата не чинело. Ако не сака со цуцла не знам 7 месечно бебе како ќе пие од чаша. Да додадам и дека не сака измолзено млеко со цуцла, и сега не можам да го оставам некој да ми го причува, мора цело време да биде со мене. Еднаш го оставив 2 саати со мајка ми ама имав 120 мл измолзено млеко. Инаку е 2 месеци и 12 дена.
Ана сеуште пие 90 мл млеко навечер 100-110 и тоа само еднаш.. не знам што да правам.. а секогаш и правам по 120 ама па нон стоп фрлам млеко зошто се расипува на 3 саати јаде..
Моево сокчиња , чаеви не ги пие од шише , се научи од чашка ..прво да давав со лажиче па пробавме и со чашка Него Уник може и 90 мл доволно и се , ако си спие убаво после тоа .. И јас правам млеко и на крај го фрлам , еве сеа коа ја легнував да спие и направив 120мл и не го допре млекото и сеа го фрлив ... и секој ден фрлам млеко што ке праам друго
НЕ ја форсирај. И Лина не пие секогаш по 120мл, само 1 или 2 пати во денот ги испива. Секогаш се 70-90мл. Јаде на 3ч. Јас одприлика знам кога колку би испила, па толку и правам. Некогаш знам дека и 60мл и се доста, ама да ја оставам неа уште 160мл ќе изголта, па после ми повраќа. Сега си ја научив па си правам по осет и досега не сум погрешила. Неможат секогаш да јадат исто, и нас секое јадење не ни е исто.
Па се си мислам дека ќе сака да пие и некогаш по 4 часа па и повеќе не јаде и пак 90 пие.. до сега не сум ја форсирала да јаде ама читам 2 месеци бебе јаде 120 - 150 а моево скоро 4 ќе направи и уште е на 90 .. затоа и почнав да се загржувам .. Инаку сакав и јас да прашам за овие кашичкиве со ориз повеќе искуства дали се добри затоа што уште малку и ние ќе имаме 4 месеци па да си бидам информирана.. и се заменува цел оброк или ?
Unique ако е гладна верувај нема да си седи мирна. Мојот звер кога е гладна дури хистерија ја фаќа Ако си напредува значи доволно и се, а можеби сака и манекенка да биде
Unique јас со житарки почнав на 5 месеци првин почни си со кашички и сокчиња ,а оризот остај го малку покасно барем на 4.5 месеци. А што се однесува до ситоста заприметив дека независно дали кашичка овошна или милупа или зеленчукова дадам ,го држи максимум еден саат што не е случај со млекото. Така да основен продукт кој повеке ке го држи најадено бебето е млеко барем засега кога неможеме дададеме поголеми грамажа на кашички бидејќи сеуште бебешкото меше се привикнува кон нови вкусови.
па пробај повеќе да и дадеш. јас од почеток почнав со по 50тина грама па за многу брзо почнав и по повеќе,сега веќе јади по 200грама каша! обично не препорачуваар по повеќе ама ако ти ги занва муцето давај дури сака!!!
Ние денес сме на мака . Цел ден е јадена само 120мл млеко и ништо друго. Да напоменам дека и тие ги испи со плачење и не сака да слушне за шише, само сака да цица, а гледам дека не голта, зошто нема млеко. Кенкава е, многу, плаче, кога ја држам во раце се смирува. Се гледа дека има некоја мака, но немам појма како да и помогнам. Имаше запек, немаше какано точно 24ч, но еве во 13ч се искака одлично, а до сега уште два пати се искака. Незнам само како не и се јаде, и зошто не сака да јаде, како да не е моето дете.
а нормално ли е секоа пелена да е какана? јас од сабајле до сега 4 пати го пресоблеков син ми и 4ти пати беше какан и тоа солидно, да напоменам и вчера беше така и пред тоа значи секоа ден кака по 3 4 пати. е сега многу не се разбирав за тоа што значеше бојата на каката. нашата е светло кафена. дохрана не користиме само на доење е и тоа цица на секој саати ипол преку ноќ а денски на 3 саати.
Па си јаде детето убаво и после си кака Иначе каките и кај моето после раѓање и беа темно светло кафени , цревцата додека се исчистат.
аааа доброоо, оти имам читано мајки што новороденчиња не им какаат со денови и јас бев спремна на тој проблем ама гледам го нема и си е ова па сега нормално ли е? ви благодарам на одговорот
еее една од тие мајки сум и јас хахахаха сењорита овде е еленика оној проф е банирам ми беше хакиран и го користам овој...нормално е да не кака до 9 дена мене син ми ми какаше како што треба до 40 дена после почна да зеза ма да нормално е и да кака како што треба и да не кака е нормално
Mey не се секирај толку за какањето Ана порано секој ден какаше, а сега на секој втор ден колку и да е јадена сепак така си кака.. И ние некогаш се мачиме воопшто не сака да јаде ама потоа си надокнадува .. Инаку ние имаме 5780гр и 61см сме долги .. 11 см во должина пораснала откако се роди.. а и многу е активна ке ја ставам да лежи и ке седнам до нејзините нозе и она ме клоца и е многу интересно , особено кога ќе стане од спиење (како сега).. а кога ќе почне да плаче а не знам зошто претпоставувам дека и се спие па ја гушкам убаво до мене и на увцето и правам шшшш и заспива многууу бргу..
И нас “шшшшш“ ни успева за смирување Но, досега за јадење не ми правеше проблем, незнам што и стана. За какање си кака секој ден, дури ако не се искака не сака ни да јаде, тоа е маката. Или пак додека не прдне не продолжува со јадење, се напнува и се вцрвенува целата. Ние сме 12цм пораснати, а пред 8дена беше тешка 5300гр Голем успех, ме радува што се изедначува со децата на нејзина возраст. Е сега за јадење исклучиво само да цица, ама гледам не голта, и затоа знам дека не е јадена, а шишето не го сака Многу се лигави и ги јаде рацете, ама дури како паника да ја фаќа и да може до лакти ќе си ги напика во уста.
меу не и се плаши и син ми исто така ние сме помали од вас и сме само на мајчино млеко од раганјето до сеа супер напреднува сеа е 6 250 а се роди 3 400 го меревме во вторникот...а овој мојов не ни кака ме израдува на бадник па до завцера какаше сеа пак не сака предгодно по недела не какаше и со топломер го ослободував и каката бесе како брбушка...а и има една навика прстите во уста и нз како да си ги стави за убаво да ги цица па се нервира хахах
Ова моето научи, не прстите цела рака како да ја става, но претпоставувам дека ја чешкаат непцата, зошто вчера и ставив прст и ги проверував непцата , а со тоа и ги чешкав, беше како во транс, се смее, гуга, се гледа дека и е убаво. Туку јас незнам што да правам, не сака никако шише, дури ни чајче, а го обожаваше Навистина сум уморна веќе, преку ноќ е на цицање, но додека пиеше АД(односно додека го сакаше) ќе и дадев во 23ч и после до 04ч мирно беше си спиеше, а сега само на мое, синоќа се будеше буквално на секој час, и додека да ја нахранам, да ждригне, па малку исправена да постои за да не поврати и јас не сум спиена ни 40мин Знам дека моето млеко не ја држи, зошто нема ни време да се насобере количини. Незнам навистина што ќе се прави Само се молам да е период кој брзо ќе пројде.
mey да не не и добра цуцлата, ние имаме на нуби како брдавици ама пуштаат по малку млеко треба многу да тегне па така замав ги раширив дупчињата малку и сега и е подобро, можно е и тоа да е а друга цуцла никако не сакаше .. пробај или успиј ја па дај и млекце мојава само на спиење јаде асално , кога не е заспана како црви да има се мрда лево-десно хахаха
период е е е меу јас не сум наспана одкако го имам хахах оти е само на мајчино млеко нокеска се буди на секој 2 саати само после бањање спие 4 саати онака во 4 саабајле ни почнува денот и нема спиење до кај 9 саат потоа заспива и секој 2 саати е буден некогаш не ни сака да спие.ама сигурно е период па да го смениш млекото инаку и овој не го сака повеќе чајот а го пиеше многу добро ама ете веке 2 недели не го сака а нз зашто.