Па јас само во машина и лажички и шишиња, се … а ако немам доволно за у машина во миментот , само на рака, па следна тура у машина
И јас го делам истот мислење, порано не миеле со специјални сјаеви, па еве здрви живи сме јас лично гледам одма да го измијам шишето ако го перам на рака, да не стои така ако го(не го) допие, а ако е во машина секако тоа на висока температура го мие, а има и пареа.
Незнам дали јас сум заостаната со сваќања иако немам ни 30 или што е работава, да претходно немале фрош и такви глупости пример користеле тетра переле вриеле ни сега имаме памперс фала богу дека ке користеме се што може да ни помогне да ни биде полесно но мислам дека нема потреба да претеруваме и бебињата во стаклено звоно да ги чуваме зошто така е полошо за нив ке бидат меѓу др мн по подложни на секакви бактерии. Искрено мијам со сјај што мијам за нас ставам мн малку и плакнам по 3 пати со врела вода, вода и давам обична купечка или од бокал филтрирана не некоја специјална за деца, играчки се живо диво пика в уста и да сакам да ја допазам неможам наскоро ке почне и трошки ако има на земја да јаде. Муабетот ми е да др време е но мислам треба да искористиме се за да си олесниме а не да им наметниме и нам и на бебињата само непотребни работи и нервози цело време стерилизрај миј со ова она. Мн и од старите не се согласуваат со мене и со сопругот ама пр јас не сакам бебе в раци да го држам и да писка ако не е в раце, што ке научи ништо ем јас си комплицирам неможам да завршам ништо подома, така и со ова зошто да си стварам нервози и да пазам на се што не би требало ко реално на крај го пушташ в градинка каде далеку по мацано ни е од дома и најнакрај дете е нормално е дека најмацаното и она што не треба ке го најде да го пикне в уста. Се извинувам однапред знам дека мн нема да се сложат со мене ама јас така мислам и така терам до сега фала богу за понатму здравје кр видиме може ке променам некогаш мислење
Сјај имало и тогаш и сега, а пелени какви што користиме денес ние немало, и затоа употребувале ‘крпи’, но затоа децата порано ги одвикнувале од ‘крпи’ да научат да мочаат ,а сега познавам деца кои на 4 години уште носат пелени, пошто ваљда им е полесно на родителите, што за мене не е во ред.
Majki ve molam za sovet, dodeka go banjav bebus racinjata mu bea nasapuneti ao mustela i dodeka se svrtam gi stavi vo usta so sapunica , dali moze da ima nekoj problem 5+ m e
Мајки давајте совети. Денес примивме 2ра доза вакцини, меѓутоа овие 2-3 дена ми е доста намалена количината на млекото, не знам зошто, дали зошто треба да ми дојде, едноставно преку ноќ се намали, имам замрзнато ќеси но ако се потрошат дали во овие ден два можам да воведам адаптирано?
Nice. Da si procitam pogore znaci od prethodnite majki. Sirota jas Sega e momentot da ja platam app za skokovi
Neka ti e so lesno bev tamu znam kako e nemoras da ja plakas jas se vodam po dr goodnight i vo toj period koj sto e odbelezan togas mi se poklopuva
Не ја плаќај пишуваш на гоогле baby leaps ...таа и таа недела ти излегува и веб страна. Да ти кажам право, мајки што ме гледаа накриво што е скок регресија во сон поарно си поминаа, не се замараат толку и се во стилот на ај бе такво ти е детето плачко (што ужасно ме нервира ама не вреди да се објаснуваш со секој) Тежок период е зошто учи многу работи, плус регресија во сон се поклапа и главата му е турлитава. Денски играјте си, повеќе на земја, играчки,тропалки,пред огледало ѕее правете и сл. Еве ние доста лесно го пројдовме (не не тресеше цел месец ) ние потешко проаѓаме сега после ревакцинава него тогаш. @Nataliii мораш да пробаш дали ќе сака и јас тоа баш прееска се прашував дали ако снемам ќе сака ад и што ако не сака @Emilija28 мислам не може ништо да му биде природна колекција е Можеби само би покакал повеќе (или балончиња да ика)
Како знаеш дека ти е намалена количината на млеко? Јас не сум за адаптирано. Биди упорна, ќе влече бебе, ќе си имаш млеко.
@Fenix05 се надевам дека ќе сака, инаку не знам што ќе правам. @Cherry blossom89 не цица бебе, се измолзувам и по тоа знам дека е намалена количината
Уф тоа ми е најголем кошмар, мали периодов само кенка, па се тегне, плаче на града се влече од неа и оп го тргам престанува се смее гуга ваљда го нервирам дека го ставам ко аларм да цица на 2ч а он не е гладен, не знам. Ама јас си уфилмувам редовно дека не слушам голтање, градиве веќе меки ко празни може лактација сум воспоставила не знам плус он многу малце си накачува килажа некако. И јас не сум ич за АД многу ми е убаво доењето плус му е лек за сè ама ќе видиме како ќе биде
Женски дали има некој искуство со др. Викторија Филева од Систина, детски очен доктор и како сте поминале?
Еве ќе ти кажам мој пример...пред неколку дена кога почнавме со вкусови, викам ќе се измолзам за да и ставам во кашичката. Лелее додека потече, се напнав..не е ич како на почетокот, за секунда при молзење капеше млеко, а сега не беше така ама пак имам млеко, малава ја дојам на неполни 2 часа, некогаш и повеќе не плаче не кенка значи сита е. Како што читам и слушам искуства, во текот на месеците како што растат бебињава, имаме млеко колку што нив им е потребно, колку што они си влечат. Така да, по мое не е репер молзеното дека немаш доволно. Мислам да не се откажуваш, почесто на града и тоа си е круг, бебе ќе влече, тебе ќе ти надоаѓа млеко. Околу добивањето, читни по темите, мајки кажуваат(јас уште не сум добила) дека околу тие денови одбиваат да цицаат, можно е млекото да им се менува ама се средува откако ќе добијат. Не губи надеж пред време. @Fenix05 од 4ти скок, мн е сменета со цицањево. Сè од страна ја интересира, ме гребе, ме мава со нозе нема што не прави. Мое мислење, не го ставај на града баш во точно време, не секогаш се гладни во исто време. Не изигравам докторка, само мое мислење и искуство да си кажам. Малава ја следам, и те како дава знаци кога и се цица. Сега како поголема, знае на саат ипол, ама преку ден знае и да се заигра и да си бара и на 3 ипол. Јас ја следам неа и така терам. Градите и треба да ни се меки, моите се ко желе, тоа е така зошто убаво е воспоставена лактацијата. Ако се сеќаваш на почетокот се жалевме дека ни се тврди, ни тече млеко итн епа тоа бил период додека убаво си се разработат каналите. Денес го слушав Сајковски на тв, збореше за алергија ама доста збореше и за доење. Такви бенефити има доењето за едно мало бебе, да се чуди човек. За неколку дена малава ќе прави 6 месеци, си имав замисла и горда сум на себе дека си ја исполнив, до 6 месеци ексклузивно да ја дојам. Така да, и ти знам убаво си се снајде со доењето и не гледам зошто да се плашиш и да ти паѓа на памет ад. Секоја од нас си го знае бебето, така да ќе си осетиме кога и што му фали.
Госпоѓо смирете се, што ве тригернав толку Ми вадиш една реченица од контекст, па прочитај го целото мислење. Пишав дека не миеле со Фрош, ама ги вриеле. Муабетот беше за машина за садови и тие детергенти. Миј си со Фрош и уживај. И јас имам сјај Фрош де, непотрошен па уште и нов купив, нека има. Не се грижи , не верувам дека е намалена. И ние исти сме, примивме втори вакцини. Баш мислам е воспоставена лактација, бебе редовно цица и празни гради, вишок не произведуваш, и затоа малце молзеш. Не го дој повеке часа и ке видиш млеко колку ќе се собере. Мојов се успа една вечер 7часа не се разбуди, жива вода маициве ми беа со млеко растечено. А на молзење и јас пред некој ден едвај 50мл измолзев, за разлика од првиот месец-два по 150мл од шала молзев. Ако сакаш да собереш млеко залихи, молзи редовно и со тоа ке зголемиш количина...ама не се разочарувај, ако бебе не плаче значи е сито и си имаш таман толку млекце колку што му треба. @Cherry blossom89 Во исто време ист совет пишуваме, е ај Инаку менуваат, мали мој цицаше на 2 часа, па смени на 3, а после вакцинава виси на града 24/7, па како и се радува кога кр ја види, смешен ми е многу. Навистина после 4 скок се мали човечиња веќе
Здраво. Сакав да прашам дали е можно да има глисти од 6месеци. Преска кога и извадив пелена беше све како црни црви. Не знам дал7 да ја носам во др или да чекам до утре. Барав по интернет но све ми дава дека од 2фод нагоре. Многу сум стресирана не знам што да направам.