Девојки ако може да ми објасните нешто повеќе за бебињата кои се дохрануваат и дојат. Ми објаснуваше педијатарот но имам некои раб не јасни. Значи јас и давам да цица но мн малку имам млеко она со сила да стискаш па да почне по некоја капка затоа мора да ја дохранувам педијатарот ми рече прво нека цица потоа дохрана строго на 3 часа дохрана, а цицање кога сака. Но тааа да цица секогаш сака кога и да и дадам по цел ден може да си ја држам на цицка, ќе поцица ќе престане пак ќе продолжи никако не ја пушта, со сила да и ја земам. Нормално ли е тоа, значи ли дека е гладна постојано? Дохрана и давам по 60мл целото го испие, и не го пушта шишето исто и го извлекувам со сила требали да и ја зголемам дозата или не ? Ако спие а време и е за дохрана морали да ја будам или да почекам самата да стане ? Бидејќи некогаш ќе испие дохрана па после 2 часа ќе заспие и за 1 час треба да ја будам ? Извинете за долгиот пост но само тука ми се разјаснуваат работите.
Majki moze bebe od 24 dena vo kengur? Na kengurot pisuva 0+ i pedijatarot mi kaza deka moze ama se dvoumam deka cela tezina pagja na gazeto, da ne treba da pocekam nekoe vreme
И во раце ако го држиш со раката под газот, исто паѓа тежината. Битно е ноџињата да се во позиција М, за да добро се наместени колковите, и нормално детето да е таман во кенгурот, да не му е голем па внатре свиткано да е. Ако е 0+, би требало да е во ред.
Дали во 5ти скок се тажеше ако види дека се одалечиш еден чекор? Не можам да мрднам,одма узбуна дига.
Се драми би рекла Вчера ќе му се фрлеше на мм од раце кога тргнав до кујна, се сврте скроз и кон мене се здаде,едвај го додржа не очекуваше, па големово "дете мое" му се лутеше 2ч после
Еххее, па мојава почна и мама да вика тој период и еве ја и ден денес, ако не сум и пред очи имаш маммаа мамааа ама па си ја сакам дека толку ме бара, ќе си ја гушнам и одма смајли
Висењето на града не значи дека е цело време гладна, значи дека сака мама да ја осеќа, близина сака. Ако сакаш дс продолжиш да ја доиш, колку повеќе ја ставаш на града, толку повеќе ќе се стимулира производство на млеко. Дохрана е строго на 3 саати, што значи имаш 3 саати простор да ја ставаш на града да цица, после тие 3 саати дај и дохрана. Исто за повеќе млеко, пиј мнпгу вода, 3 литра минимум, земи чај за лактација, пиј јогурт.
Цурава моја е сеа во мини лудило пред 6ти скок нешто се подобри со спиењето, денскиве дремки си ги тера, не можеш да ја разбудиш, ноќе не е идеална ама заспива накај 23/24 со тоа што, после 40мин ме бара мамаа додека ја трчам нешто да завршам, па поспива, па следно будење е за цицање итн ама се на се поспива 8 часа. Сабајле после 3 саатот драма беше, не сакаше веќе да заспие, па ќе видиме од што е сеа чудово Ти текнува кога се жалевме во раце само сакаат? Бетер имало Веќе 80% е спремна за лазење, се влече со нозе и на стомак по теписи, паркет, уште да научи рацете да ги користи и тргна низ станов да лази е тек сеа ако пиев ладно кафе, сеа не го ни пијам со саати, само викаме по неа, не таму, не ваму, и трчаме по неа, така да, забавното тек ти доаѓа играчки за мене си купувам она си игра со кутија од таблетки, далечинско, цвеќето сака да го влече и така
Мама кај тргна?! Ај назад Не е хумано колку се опасни, а малечки Ме следи со поглед,штом види се приближувам до врата одма 'аааааааааааа'
Да ја ставам цело време да цица и од двете. Но не знам пример денеска дохрана и беше во 5 часот а заспа некаде накај 7 цицајки. И сега јас во 8 мора ли да ја разбудам за дохрана или да чекам да се разбуди сама. Да ми дадоа на хип чај за лактација и уште еден од биљна аптека, млеко не пијам ама јогурт обавезно во денот по неколку чаши, плус некои правени природни сокови пијам поради анемичност, доста течности внесувам. Само ова не знам како да направам некој ред за дохраната сметали ако некој сат подоцна и се дад дохрана.
И јас бев во слична ситуација. Бебето нон стоп на града, прво цицање па дохрана па на крајот се молзев и додека да направам се тоа дошло време за нов оброк. Мислам дека треба да ја разбудиш. Моето бебе сакаше нон стоп да цица не ни спиеше само во раце на града. Многу е тежекот тој период ама ако сакаш да доиш ќе се исплати на крај. Кај мене малку по малку се зголемуваше лактацијата и по некоја недела ја исфрливме дохраната. Исто ако мислиш дека и е малку мислам дека е ок да и ја зголемиш дозата на ад. После според килажа докторот ќе ти каже како следно.
Јас немам искуство со дохрана ама би се водела по бебе. Бебе што е гладно, плаче. Пробај еден ден не ја буди, па види како ќе е. Со тек на време ќе си оцениш сама. Може некоја мајка со искуство со дохрана ќе ти даде некој совет плус.
Мајки на чико спрејот никаде не го наоѓам, дали смее овој за бебе 5++? Секако не планирам цело време, во количка си седи неа ќе ја испрскам од надвор, со мрежа ама за надвор кога е, ми е да не го изедат бидејќи одиме на одмор утре
А како ја исфрли дохраната, педијатар ли ве советуваше така или вие самите забележавте дека му е доста од вашето млеко. Многу сум упорна за да добијам млеко и затоа ја држам се на гради но,од вчера почна да се нервира дека и тече послабо од градите а од шише и е полесно, но се галиме, се молиме некако за да фати да поцица.
Така и јас се водам но педијатарот вели и гладно дете спие. Еве ноќта ич не спиеше по 15 мин и се буди и дохрана и давав и цицаше цело време и никако да заспие еве сеуште сме будни со мали дремки. Инаку вие како сте, кога излеговте од болница.
Кога излеговме од болница почнавме со дохрана 8 пати на ден. На втората контрола според тежината педијатарот рече дека качува повеќе на тежина од што треба и веројатно тоа се должи на зголемената лактација на млеко па намаливме на 4 дохрани. Следна контрола намаливме на 3 и на контролата после тоа ни кажаа дека нема потреба веќе од дохрана. Не знам дали и колку помогнало ама јас јадам овес секој ден, пијам млеко, безалкохолно пиво, лактамикс чај, холе чај и лактил апчиња. И кај мене беше многу слабо и не знаев дали цица бебето или не, оно си плаче и гладно и најадено за жал, со пумпа одвај 5мл или 10мл вадев.
Јас го купив на чико од зегин во еаст гате, провери таму… иначе не е клсичен спреј, кога ќе прснеш е бела течност и треба да се размачка