Да, без панталони. Навечер накај 7 излагаме, а преку ден зависи. Во саботата бевме сите на игралиште под сенка од 10 до кај 12 ипол, денес во 8 ипол го изнесов до кај 9 ипол, пекол беше. Зависи колку е топло.
Да не ја урочам, супер е. Го сака многу. Знае од време на време за инат дс е непослушна, ваљда револт покажува ама ок е.
Од колку месеци можам да почнам да го носам бебко на планина? Имаме викендица па сакаме да го однесиме на чист воздух, не знам дали смееме?
Смее, под 3месеци висината не треба да надминува 1800мнв Ние на 3 го однесовме на Герман планина, давај пробиотик, нека цицка по пат,хидрирај го
Јас пиев првите 2 месеци а после продолжив со комбинација на CA, Mg I Zink , po konsuktacija so ginekolog
Исто како јас да сум го пишувала ова. До толку скроз исто е моево бебе. Само што ние имаме само 20 дена, и уште кога излеговме од болница сме такви. Искрено страв ме фаќа за понатаму што ќе биде. Читам и јас совети искуства, дали ќе биде подобро или да се помирам со тоа дека ќе е такво додека да порасне.
Само смирено. Јас гледам дека чувствува дека сум исплашена или нервозна и не спие. Кога гледам декс не бива оставам нс креветче 10 мин излегувам пијам вода дишам и пробувам пак. А и периоди се. Некои денови е добар некоои не толку. Надвор кога излегуваме често протестира со спиење ама гледам да го навикнсм некако. Мислам најбитно да не се премори, да спие колку толку и само смирено.
Дали ми треба летна количка или и оваа 'зимската' што се прави и легната,полу седната и седната корпата ќе заврши работа летово? На сите пишува до 15кг ама свекрва ми е убедена дека малиов поише ќе тежи пошто сега имал скоро 9кг а е 5м и нз што да правам Мене ми е највеќе дека лесна количката дека сме во стан и надоле по скали полеснп е летната да ја симнивам пошто сами сме 90% од времетп
И зимската ќе ти брка работа, летните само шо се полесни и склопени фаќаат помалку простор. Е летните не знам колку бркаат работа во зима со оглед на тенките материјали, направени за да вентилира воздух. Инаку има летни и до 22 и до 25кг, не се сите до 15. И да знаеш дека бебињата ставаат на килажа брзо првите месеци, после стагнираат со колата, ставаат на висина. Големиот син на 3м имаше 8.5кг, на година 12кг, на 3г сега има 14кг. а сега на 3г дека ќе успеам да го убедам да се вози в количка
Ни дадоа сируп Nursey 2 х 3мл за грчеви ама сега ја гледам пак ја мачат гасови додека не се искака , смеам ли да дадам и друго? Родена е на 21.06 , 12 дена има
Колку време пројде од сирупот кога го даде? И мојов е ист. Сите ми ги фалеа Инфакол, од Грција ги нарачував, за џабе. Дур не му ги стиснам ноџињата да испушти гасови, не помага. Да го потрошам, па ќе земам Еспумисан, може повеќе ќе помогне. Ќерката ич немаше грчеви, ова од прв ден.
Па синоќа дадов околу 20.30 и сабајлево околу 08.30 Ама се мислам за Саб симплекс Незнам кое е подобро , дали и од 2те да давам или само 1
Даа и јас знам дека само во почетокот највеќе качуваат ама свекрива е убедена дека ке бил ѓуле малиов Добрп е самп ми требаше некој да рече дека ке врши работа и зимскава фалати
Еспумисан како се дозира воопшто, 12 дена сме И давам Hursey , дали може и неизменично да давам? Има ли растојание? Со првото давав Биогаја и Колиеф
Мајки почнавме со вкусови деновиве. Домашно и правам има пробано морков,јаболко и банана ама детево воопшто не ми е заинтересирано. Се мршти кога ќе голтне,плука,ја фаќа лажичката да си игра ,плаче се тегне,едвај по лажичка две да голтне. Нормално ли е се ова,колку време е потребно барем да почне уста да отвара? А отприлика после колку би било ред да имаме еден оброк? 5+ сме, гледам после првата дремка секогаш да и дадам кашичка .