И ја имам едно поголемо.. вака е океу спрема братчето не прави проб ..ама ја не можам да постигнам бе.. насабајле дур станеме еднп друго дур средам соба.. он заспие ... па тррба да мислам за ручек што како ... и врќе накак 12 1 ме фати мене дремка па гледам да дремнам и јас оти сум како шекната после не ме бива за ништо... дали ми тррба време да фатам и јас ред не само децата
Со првата ќерка после месец од пробување вкусови и воведов оброк така ќе правам и со втората ( 5 месеци ми е уште некоја недела и ќе почнам и со неа). Првата ќерка на 8 месеци почна да прифаќа храната и да јаде пред тоа се што се правеше се фрлаше, не ја форсирав за да не и направам одбивност кон храната.
Обавезно на преглед, бебиња спуштаат брзо. Иначе ќе ти речат солен раствор во нос, инхалации со физиолошки, ако звучи полошо ќе ти дадат Cortair за инхалација. Моево е 4мес и 1 недела, од неделата кашла, тоа ми дадоа, исто беше и со ќерката кога првпат беше болна на 7мес.
Ние почнавме порано на 4ипол месеци, прво не сакаше, после 2-3 недели пак пробав и почна да јаде… гледај да и е време за јадење, да не е сита.
За мене е рај додека е во градинка син ми инаку нема шанса сама со 2цата по дома... башка најавија сипаници на едно дете со кое се дружи најмногу па сега деновиве го следам..
Епа пред 2м ми рекоа да спие на погидната перница ради секрет ама после тоа научи да се врти лево десно и морав да му ја тргам перницата пошто или ке се смкнеше вртејќи се или ќе се напикаше ао носот во нејзе. Може ради тоа сега така да кашла ? Мислам не кашла често еднаш-двапати па преку еден ден и сега има наученп и да вришти
20 капки до 4 пати дневно, можеш да комбинираш и со Харви и со биогаја и со колиеф, сите се со различен состав и различно дејство. Ако има гасови, еспумисанот ќе и помогне, ако не, џабе ќе даваш. Пробај чисто само со него, без другите, прво по 10 капки 2-3 пати дневно, ако нема ефект ќе зголемиш по 15, па по 20 капки.
Па ги стега нозете се дур не се искака, се вцрвенува и плаче и после и олеснува кога ќе искака И давам Харви два пати дневно Искрено незнам што е попаметно
zdravo majki, dali od 8 + veke bebinjata jadat skoro sve, mislam na mandzi domasni bez zaprska normalno, gravce lekja. itn sve sto su gotvime i na niv da im trgame bez sol, od koga pocnavte so ishrana kako sto si jademe doma
Која е правилна позиција во која треба да е бебе додека пие млеко од шише? Дали подигната главата, дали спуштена скроз, легнат на право или на страна? Некогаш многу ми мрда и е немирен додека пие и се мислам дали е поради тоа што можеби не му е згодно или ради гасови што испушта се напнува и мрда и скоро секогаш се погодува на пиење да ги испушта
Како спијат вашите бебиња? Мојата е стара 13 дена , преку ден си спие .. т.е сега се мачи со грчеви/гасови ама после банање си спие дп 4 саати а навечер ми е будна скоро 2 саати Кога ќе смени ритам на спиење? Заборавив како беше со првото
Мала е уште. Мојот тој период преку ден спиеше навечер повеќе беше буден со грчеви и гасови и цело време сакаше на града. Нас ни смени пред да напраи 1месец знаеше да ја преспива ноќта и 2 3 пати самп за цицање да се разбуди ама си продолжуваше и мислам дека беше еспумисан л дека му давав пред спиење и си прткаше не се будеше. А да и ако се разбудеше го ставав на мене и продолжуваше А имаше и денови и кога ќе се разбудеше и дремевме заеднп После 40дена почнавме со рутина бањање пред спиење повеќе активнпст во денот за да спие помирно ноќта.
Што може да биде?? Бебе 3месеци си го чеша десното уво кога плаче. Јас кога и ги фаќам ушите не реагира никако, скроз опуштена. Дали е некој индикатор за нешто