Да пробаш со греачите за меше за грчеви што се со семки, колиеф, или сирупот за грчеви, вежбите на меше (tummy time), или ако доиш пробај да пиеш чај од ким
На Фрезидерм има гел за колики, се мачка мешето го загрева, истиот ефект ко термофорчиња, а многу поедноставно и побрзо во тие моменти кога се мачат. Јас му ставам и откако ни поминаа грчевите за полесно гасови да си исфрла. Колиеф или Ко-лактазе (поевтини се) помагаат за грчевите, ама додека има убави болки барем по 24 капки на ден, ако стигаш и 28 давај. Мене со ова и плус Еспумисан 2 пати на ден му олеснуваше до степен да може да си поспие на раат, и да си има лесни и насмеани периоди.
Колку време е нормално да не е какан ? На доење сме .. два дена не е какан а гасови има чат пат не многу.. сабајле дури и смрдливи... не сум јадела ништо посебно нит па нешто ново
И двете се ензими што се ставаат во мајчино млеко за полесно сварување на лактазата. Брендот е различен и цената, Колиеф е 750 ден, Ко-лактаза 380, а се трошат за една недела отп. Кај моето бебе немаше разлика кога се префрлив на Ко-лактаза, може некој има поинакво искуство…
Да и ние така најдолго останал некакан скпро 7дена ама не покажувал знаци на мака Само нејќеше на меше пошто тешко му е Прави вежби често и држи ги ноџињата нагоре 10тина секунди Исто пробај над вц шоља пушти вода во мивалник и издржувај го бебето над шољата ќе ти пуштам слика како личи нз дало ме разбра така нас ни какнува некад а ја 6ти 7ми ден веќе чепче ставам и кака без проблем Пс јади по течна храна јас еднаш и испив чај за протерување ама не би ти препорачала мн ме болеше стомак 2 дена се скостив од идење во вц и дури и него ми се чини го болеше
Majki bebe e 42 dena i posldnive 5,6 dena nejke da spie vo krevetce nikako. Go zaspivame so drzenje vo race i koga ke bide dlaboko zaspano go prefrlame vo krevetce ama odma pocnuva da mrda so race noze, da pravi zvuci i posle nekoja minuta gi otvara ocite. Kako voznemireno da e. Nema sansi da spie probavme i so shumovi, povivanje,galenje ama ne ocite otvoreni. Spie samo na nekogo legnato i toa so saati moze da spie. Sto se sluci? Zosto naednas promena? Od prv den si spiese vo krevetce, gnezdo...
Да не сте во скок од развој , тој период сакаат да се гушкаат повеќе им треба топлина и љубов или пак ако има грчеви кога е во раце е свиткано и не го боли меше, кога се остави се исправи и олабави телото повеќе го боли меше од грчевите
Околу 40 дена е втор скок во развој. Се освестило бебе дека е родено, си бара топлина, близина од мама, тато.
Мајки на женски бебиња дали ги ставате широк повој. Мене матичниот ми рече да и ставам по една пеленка, а од државна педијатарот ми рече не мора. И нормално ли е бебето многу да прди. Значи постојано прди и додека спие и додека јаде и дење и ноќе. Можеби преку 30 пати на ден ќе прдне. Кака на 2 дена ама баш обилно се искака дури ќе и излезе од памперсот.
Za shirok povoj jas ke cekam sto ke kaze ortopedot...i nekako isfrlena tehnika e, ako ima nekoj problem togas se nosi nekakov aparat. Ova na emisija od ortoped go slusnav