If your baby starts a bottle but doesn't finish it within an hour, throw the leftover formula away. Bacteria from your baby's mouth can seep into the bottle, contaminate the formula, and make your baby sick if they drink it later. До сега ќе почнело да повраќа ако нешто му било
И јас прво прогуглав ама да видам некоја да не има лично искуство тука. Некаде околу 8:30 се деси тоа, еве го спие синко, се молам ништо да не е
Не се секирај мила, тоа мислам треба да е апла засирено за да му создаде проблеми, ќе плаче, грчеви, пролив,повраќање Не знам не сум 100% сигурна но ова некое логично размислување ми е
Ај едно смешно прашање од млада прв пат мама,што нема врска од ништо За ориз давање на бебе може од овој ориз ние што го јадеме или има бебешки?
Здраво мајки, ве молам за совет за дневни дремки. Бебуш има 40 дена, цица и му довам дополнително измолзено млеко но многу тешко се успива преку ден. Навечер спие од 11 до 3-4 во креветче, после тоа се е хаос. Цица на 2 саати но со спиење не можам да фатам ред. Само во раце заспива моментално инаку по 1,5 саат се нушкаме, клацкаме во количка, слуша шумови и ако заспие тоа е на 15-20 мин.
sea bev na lekar Eho na stomace pravevme Zeludnikot i kakata mu se kako da jadi cvrsta hrana Ni rece dr da probame so novalac IT protiv zapek i dia stop
И јас имам сличен проблем, 2 ипол сме ние. На секое преместување тој се буди. Заспивање што се вика 90% од времето на града. Престана надвор во количка да ми заспива, буден и секако по некое време кенкав станува. Баш околу 7-8 недела решив дека мора да спие, па гледам поголем дел да ми спие во раце. Како што читав, до 4 месеца битно било да спие макар и во раце, за после да има инфо дека е време за спиење, и ќе поминела таа фаза. Но и полека уште од сега почнувам да го оставам по малку да го учам. Нашите би рекле пази да не го научиш и размазиш, а па новите истражувања викаат дека толку мало бебе не можеш да го размазиш и дека после 4 месеца можеш да го учиш на некои навики. Не знам, на крајот од денот сите правиме како што мислиме дека е најдобро и кој колку има сили и живци.
Ај ќе ве молам помош Сабајле и вечер по 5мл и давам Nursey а околу 11-12 диастоп Меѓутоа сакам да пробам и со Ко-лактазе.. како да комбинирам со Nursey???
Добив на подарок бустер хранилка,оние што се натакнуваат на трпезариско столче,а во меѓувреме нарачав нормална хранилка и сега ме интересира бустерот врши ли исто работа? Или е за поголеми деца што се држат поцврсто? Моето уште не седи самостојно затоа земав хранилка со повеќе нивоа на наслонот. не знам што да правам не ми се складираат дома две хранилки непотребно
Бистер дур не седи стабилно не можеш да ја користиш. Од друга страна ако е поголемо детенце имаш ризик да летне со се столот назад, како што и се случи на другарка со малата, се одби со ногата од маса и директ на глава. Ако ти е на поклон јас би ја чувала евентуално за на одмор, а за дома купи си нормална хранилка, моја преорака дрвена, ние од пластичната партал паркетот го направивме.
Здраво девојки, бебе старо 13 дена, многу се мачиме со бљуцкање. Не можам никако да го подждригнам. Имате ли некои техники кои ги користите за да ждригне бебето? И за држење исправено ми е тешко дека главчето нели не може само да го држи и многу се плашам да не му наштетам некако.
Ако ти е за утеха еве ние 3 недели не сме го ждригнале, си бљуцка најнормално е и вишокот си го исфрла. А за исправено и да го држам не избегнува бљуцкање и исто ми се фаќа плус секогаш заспива на цицка па и не би го будела за ждригање