1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.552
    Цела колекција на мустелка користиме и сум задоволна.. исто и веледа за газе имам и тоа е добро..
    Памперс бебји лов и виолета менам
    Прашок, влажни виолета
    Цуцла авент софт
    Шише имам на кан пол убаво го фати ама сега сме повеќе на цицање и гледаж да останеме така
     
    На behappy111 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.933
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Да се одбие нема, ама може да прави проблеми. Такво искуство имав со првото дете, и прошлиот месец баш пишував на форум затоа што второво дете уште поише ми се бунеше. Одбива да цица, и ако цица поише ржи него што голта. Среќа секое чудо за 3 дена. Првото дете ми правеше вака проблеми првите 3 менструации, второво само таа една менструација, од втората веќе беше океј. Тие денови се одмолзував и му давав во шише преку ден, ноќе полузаспан цицаше без проблем.
    За намалување млеко не сум приметила дека се намалило заради добиено втората менструација сега се поклопи со периодот кога престанав да го дојам ноќе, па мислам тоа повеќе беше од значење него добиеното.
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trinity9

    Trinity9 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Цуцли филипс авент (0-6м); флаши филипс авент 1+ (јас за моето земав 0+ не можеше да влече ич од тоа), една доволна ти е за почеток, ако сте само на доење нема ни да ја користиш; козметика користам на Чико и му одговара на бебе, и за пеленска регија оригинал павловичева; има сетови за нокти, мојот е исто на Чико; детергент и омекнувач на Фрош користам; АД млеко кога ќе ге испишуваат ќе видите дали има потреба да земете и ќе прашаш кое му го давале до тогаш, не земај уште од сега; пелени јас користам на Бејбилав, на почеток ќе ти треба 1, ама не земај многу, брзо ќе стигне за 2ка, други ок ми беа и Памперс и не беа лоши и Бекутан иако се дебели; влажни на пример јас не користам, во ДМ има памучни туферчиња на Бејбилав и на Балеа марамчиња памучни, го топам со вода, колку што знам најголем причинител за осип на пеленска регија се влажните марамици; лажичка силиконска за капки, четка за шише и Фрош сјај за бебиња; шприцеви неколку и стерилни чашки од аптека ми се најдоа многу; стерилни гази, бивамицин прашок, алкохол 70% за папоче нега; канта за пелени - не мора специјална, обична, ама посебна да си имате за тоа ѓубре; тетра пелени никад доста, се користат за сѐ.
     
  4. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    Бебе пет недели денски дремки му се во количка, но ако не ја свртам на страна да лежи не заспива, плаче.

    Кога ќе зацврсти со спиење ја свртувам на грб, но до тогаш спие на страна, некогаш според моја проценка дека заспала убаво поминува и скоро еден час…

    Читав дека не треба на страна до 4 месеци.

    Има ли некое друго мало бебе што сака на страна на лежи :?:

    Утре ќе одам кај педијатар секако и ќе се консулитирам и со нејзе.
     
  5. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Јас од мал го легнував на страна пошто главата незнаеше да ја држи на тил да лежи и во оние како браници го ставав. Ама не се лутеше како и да го легнев си спиеше
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Ииии мајкииии вадиме забчееее(fingers):rock:
    Му гребка на допир се гледа дека ѕирка вака е нормален не покажува никакви знаци освен што си грицка се што стигне. Да го мачкам со гелче или не?
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.361
    Пол:
    Женски
    Каков ред на 40 дена, не знае каде е оно сеуште не ред да фаќа. Рано му е, сега буквално спиете како оно што диктира, има време за фаќање ред.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.361
    Пол:
    Женски
    Бљуцкање најефикасно ќе го подседнеш на нога, ќе го држиш со двата прста на брадата и ќе тапшаш по грпче, или на рамо потпрени и ќе тапшаш, нема секако да го држиш исправено без наслон. Бљуцка
    нормално, сите бљуцкаат.
    Видете на јутуб има техники за бљуцкање.
    А и ждригање е многу битно кај бебињата, мора да го ждригнете, голтаст воздух и тоа му прави грчеви и проблеми со меше.
    Не секое ставање на рацете во уста значи дека е гладно, истражуваат, се тешат, нормално е, плачењто исто така е нормално, што да прави бебе од месец, два, ќе плаче тоа му е работа.
    Гушкајте ги, галете се, нема да ги разгалите сигурно, контакт со вас е најбитен.
     
    Последна измена: 16 јули 2024
    На marrisa и honey95 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.361
    Пол:
    Женски
    Моето не е родено тука, каде што раѓав имавме тренинг за спиење и апсолутно забрането од доктори и бабици е да спие на страна, со оградници и гнезда, додека не почне само да се врти бебето спие на тврд душек, без перница, со никакви играчки, во вреќа или ќебе мушнато во страните, спуштено бебе до раб на креветче(басинет) и строго на грб. Ако спиете заедно исто така ги практикуваш сите овие правила за безбедно спиење и да се намали ризик ид СИДС.
    Јас спиев со него во кревет пола од ноќта ама мм беше буден цела ноќ и не пратеше на камера, не спиеше со нас, не го покривав и спиеше во вреќа.
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    Јас сакам само на грб да спие, така и треба, но по 40 мин успивање само што ќе ја свртам малку и заспива, се надевам ќе помине потребата од заспивање така (facepalm)
     
    На Mumoftwo30 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.361
    Пол:
    Женски
    Некоја фаза е вајда, прати го штом ќе зацврсти стави го на грб, и моето заспиваше со цицање настрана во легната позиција, значи фактички настрана заспиваше, ама штом зацврсти го вртев на грб и така.
    Напорно е првите месеци кога веќе не ти е ни битно како спие само да се наспиете, имаше денови кога јас ќе спиев на софа тоа врз мене, а маж ми ќе седе до нас и ќе гледа филм само за да отспиеме некој саат оти само така сакаше да спие.
    Ама и тоа поминува, теорија е едно, а пракса сосем друго и сите во одреден момент ќе направиме нешто што е ризично за бебињата, ама поминува брзо и нема ни да сетиш кога ќе почне да се врти само и да спие, ете моево тотално проблематично бебе за спиење беше, се жалев по темиве, барав совети, плачев, се нервирав, мислев дека никогаш нема да спие, не верував дека некогаш ќе спие самостојно, ама ете моментално во дневна гледам филм, а он спие сам во спална.
    Мали победи.
     
    На mal.ecka и Bella Nella им се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.897
    Пол:
    Женски
    Мајки,денеска бевме на педијатар со близначињата.
    Се е во ред,пораснале како што треба. Машкото ми е уште така малку жолто,ми кажа дека има лактациска жолтица,дека за десетина дена ако не помине,ќе треба да биде 2..3 дена на АД,па пак на доење,сега се на само на доење и двете.
    Дали некоја имала вакво искуство,како поминала ваквата жолтица.
    Инаку сме 7недели.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trinity9

    Trinity9 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Моето утре ќе прави 12 недели, минатата недела бевме на вакцинација, ми кажаа до 3м дека ќе му трае, го дојам, го сончам и малку поспоро му се чисти. Бевме и на кардио преглед, докторката баш ја спомна дека може да е лактациска жолтица (иако како што читав таа сњ јавува по 2 недели од раѓање, тој ја доби во болница уште), па ми искоментира као: секако дека бебе нема да лишиме од мајчино млеко, има ли подобро од тоа… е сега на контрола кога ќе идам за 3м ќе видам до кај сме и што ќе ми кажат, зашто слушнав и за оваа варијанта што ти ја кажале тебе. Кога го вакцинираа педијатарката ми кажа штом е будно, свесно, си расте, не се замарајте, ќе се исчисти.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Јас дојам ,а добиено имав веќе вториот месец после пораѓај. Од тогаш навака секој месец најнормално и немало апсолутно никаква разлика во доењето дали имам добиено или не.
     
    На KikiKviki, Fenix05 и sani99 им се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Ред на 40 дена малку потешко. Не знае ден не знае ноќ, заспива кога сака колку сака, нит имав ред колку спиела денски нит ништо. Спиеше исто ноќе до кај 3 па си седевме па продужуваше. До кај 3месец ми спиеше НА мене на гради. Дневните дремки исто беа гушнати. Ако плаче и му се спие а единствено спие вл раце терај така,период е подобро да се наспие да не епреуморно , а ти мама ќе се укочуваат допрва раце ,грб,кичма.
    Бебе од љубов не се размазува,секое си има различна потреба за мазење.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    1.241
    @Tea SK кога и стави обетки на ќеркати?
    Се мислам кога да и ставам бидејќки Благовец е ептен далеку...
     
  17. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Поздрав мајки. Два месеци сме и ни се ближи време за вакцини. Син ми имаше жолтица подолго време околу 40 дена, д-р ни рече дека од неа може да е анемичен некој период и да направиме крвна слика пред вакцинација. Денес правевме крвна слика, реф. вредности на хемоглобин 110-165 на него му е 112. Ни препишаа пикоФер и пикоЦ да прима. Ја прикачувам крвната слика, што мислите? И реков дека малку изместени се вредностите ми рече не во ред се, тромбоцити покачени од што го стискале на прсте а лимфоцитите кај сите бебиња биле покачени. Од поискусните мајки ми треба информација, колку треба да е хемоглобинот за да е безбедно да прими вакцини, кои се други индикации за да се одложи вакцинација за некоја недела и дали на ден на вакцинација е во ред да си ги прима витамините и пробиотикот или да не давам ништо?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1824.jpeg
      IMG_1824.jpeg
      Големина на фајлот:
      147,1 KB
      Прегледи:
      8
  18. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    Од рубриката ‘прашања кои ме мачат’:
    Пипетката по давање капки за грчеви се мие или не?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    6.699
    Пол:
    Женски
    Нема уште.
    Кога ќе порасне ако сака ќе си стави.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    И јас така се мислам, а нешто ме убедуваат додека е помала полесно било :worried:

    Имам обетки мн убави на подарок добиено и се мислам.
     
    На Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.