Секако ја барав докторката ама не можев да ја добијам, на одмор е ваљда надвор од Мк. Прв пат ни се деси да има запек. Почна да кака на 2-3 дена ама па нормална беше столицата кога ќе се искакаше. Иначе да, крв од напнување и тврдата столица, ептен малку беше ама сепак имаше. Сега пак какаше нормална му беше столицата, се надевам така ќе продолжи, ако не ќе го носиме на преглед приватно.
Zdravo, kakvi vlazni maramici koristite? Bebuska ima dve nedeli i se pojavija kako ranicki na gazeto, koristam violeta 99% voda, pedijatarot mi dade krema da mackam i da izbegnuvam vlazni ama ne sekogas mozam da ja odmivam so voda. Sakam da smenam nekoi drugi, od koi ne ste imale problem.
Јас до 5 месеци (кога почнавме со вкусови) дадов 2 3 пати по неколку капки. Секој си одлучува за своето дете секако, без осуди од моја страна, и моето беше на комбинирана. Еднаш дневно пиеше АД пошто јас бев убедена дека не и стига млеко . И давав вода баш кога не можеше да се искака. Исто тоа што пиша др членка за пробиотикот, и јас давав Ваја ама како што читав, не беа многу членки задоволни така да и тоа е валидна опција.
Може да не е од нив, може едноставно од самата дразба. Пробај да не го оставаш влажно газето, пешкирче имај и тапкај му го пред кремчето. Јас сум задоволна од фрезидерм жолатата крема со цинк и камилица. Ако можеш често одмивај го, може да му е период. Инаку за нон стоп мачкам Продерм- тип павловичева. Значи сон, на него многу му одговара. Покремаста и тенкс од класичната павловичева. Ни еднаш ми се нема нафрлено
Здраво мајки, бебо има 1 месец, последните дена ми повраќа често или бљуцка, некогаш е млеко некогаш како засирено млеко, некогаш е одма по некое време од доење а некогаш по 1 сат, секогаш гледме да го иждригнуваме..денес и два пати во поголем млаз.. незнам дали е за грижа ова? на вечер сто пати се будам и скокам од сон мислам ќе поврати и ќе се задави..совет некој? го ставаме да спие на страна ама пак си се врти во сонот..
Не се секирај, на грб е најбезбедно за спиење и бљуцкање, нас ова педијатарот ни го кажа, моево 6+++ повраќа сеуште ама почетоците ми се траума, завршивме на ургентно само на 10денови кога беше бебе. Па педијатарот тоа не посоветува, да нана на грпче а кога ќе видиш бљуцка само сврти го на страна и ако се закашла потапкај. Знам е страшно ама така не може да отиде каде не треба претпоставувам е лакомко пие повеќе од што треба па има мака. Нас поради рефлуксот ни кажаа и да спие на подигнато (под душекот ставав пешкир да се накоси делот кај главата)
Да не јаде лакомо, па да голта наеднаш многу? Пробај да не е на пр гладен гладен за да јаде. И кај нас беше исто, често бљуцкаше, ама се среди после некое време (4+ сме). Пробај да го ждригнуваш на сред цицање и тоа помага
Јас баш читав за рефлукс и баш го подигнавме малку душечето ама сепак страв ми е многу ноќе само скокам од нигде никаде тоа и да не повраќа, јас трауми си направив
Многу е лакомо и вештачко кога му давам со авент шишенцето за не цели 5 мин 90мл ги пие и исто времено ќе се закашла засркне на секое свеста ми ја зема. Цица на секој 1сат или 1 и пол, освен кога сме излезени само тогаш ќе врзи сон подолг и тогаш не се буди. Јас често на почеток мислев не му стига млеко гладен е и потоа ќе исповратеше голем млаз и сваќав дека не е гладен единствено ме плаши да не се задави
Тргај му шише на 30тина мл да направи пауза, крени да ждригне, кај нас ова помагаше. А траума еве да те "утешам" не проаѓа баш лесно, ова моево се дави од плунка, воздух, помисла на млеко мм ми се дере дека сум пребледувала кога ќе слушнам звук на давење,кашлање и рипам го вртам моментално, а бебе лабаво си игра и го фаќа смеа кога кашла Инаку шишето со цуцла 1+ месец го држев од таа причина до 5 месеци
Не вика дека е гладен, туку да не е прегладнет кога цица. Нормално е бљуцкањето, има денови кога е повеќе, а денови кога е помалку. Не знам дали знаеш, често е поврзано и со грчевите повраќањето. Може не е во прашање рефлукс, може се грчеви. Да се угуши нема, веќе и они развиваат рефлекси. Плус сигурно и главчето кога спие му е на свртено на некоја страна, така и странично ќе бљуцне. Ама на педијатар најубаво ќе го видат за да кажат за што станува збор. И ако имаш млеко и си напредува, немаш потреба нели од дохрана.
Na novorodence normalno e da mu se malku sini stapalata i dlankite? Ne pamtam kaj prvoto dali bea vaka Edit: ko ke go pokrijam celio ubavo ne mu se sini, si velam da ne mu e ladno
Не знаев дека грчевите имаат врска со повраќање инаку утре сме на здраво бебе па и таму баш ќе се консултирам за ова.
Само што пишаво во темата адаптирано млеко. Со слични маки сме. Моево ноќеска имаше проектил повраќање. Исто додека пие се засркнува од што е лаком, вчера ни се засркна очите ги отвори скроз и главата наназад ја сврте. Мислевме отиде бебе, нозете ми се земаа. Јад почнав од вчера да му ја тргам цуцлата ако лакомо влече. Со грчевите точно е, се стега моево, крева меше и нозе и тогаш бљуцка или повраќа. Бара 90мл на 2 саати... сме пробале со помалце и тогаш на саат време бара јадење и не спие.. Дежураме со маж ми за да го пазиме дека ни се има случено од повраќање во креветче да се засркне дека цело време се врти лево десно.
Се размислував за таа перницата што е крената под агол баш за рефлукс, ја гледав во енци менци ама неможам на своја рака да ја земам така.Денес ќе се консултирам баш со педијатарот
Јас земав и таква од Лококроко, кога го ставам до него сум, не го врзувам. Пак ми бљуцна и на нејзе . Нас ни рекоа душечето да го поткренеме на косо, ама не помага многу и тоа.
А да пробаш едната страна од креветчето да ја поткренеш со една книга, да не биде повеќе од 20-30 степени? Јас еднаш на дежурен ја носев за засркнување и ова беше советот од докторите