@WhiteCat33 што ли не чека какви бебиња ќе ни се погодат после 4ти скок да си поуживам со ова умно бебе мое
Еве го брат и сега од раѓање не спие, па се надевам дека после неговиот четврти скок ќе имам поумно бебе за разлика од нејзе.
Еве јас ќе ти дадам надеж, 4ти скок беше хорор, после тоа бебе спиеше како бајче, и си се врати во “нормала”. Ама тој месец, кога ќе ми текне и сега ми се плаче. Ќе биде подобро мама
За скоковите дали ги местите апликациите по термин или датум на раѓање? На Wonder Weeks ми вика дека според термин на раѓање треба да внесам.
Бебе е 7ми ден денеска,во креветче никако не спие од како си дојдовме дома само в раце, едвај по пола саат сон ако сврзи и тој и јас, дење ај во релаксатор ќе седи, во некој од нас ќе по лежи, или на спална со мене, ама ноќе е тешко, до мене неможам да го легнам и големио спие со нас.. Да се тешам дека е фаза и ќе помине или да се навикнам на неспиење? Со првото ич немав мака за спиење кај и да го оставев сам си заспиваше..
И ние бевме хаос на почеток, навечер спиеше само на меше кај мене или сопругот, не сакаше многу сам. Нон стоп на штрек бевме и дежуравме. Сега скоро 3 месеци е, си сврзува по 5-6 саати, се буди 1-2 за јадење, т.е не се ни буди се пријавува дека е гладен и во сон пие од шише во креветчето. Веќе не го ждригнувам, не бљуцка.
Охх добро е ме утеши си реков шо ќе се прај вака, гладен не е еве го од 6ипол уште лежи до мене се изнаспа.. Ништо од вечер ќе ги селиме изгледа тато и бато во дневна
Ние до скоро бевме со неспиени ноќи..Од коа се роди само на цицка беше по цел ден и цела ноќ,спиеше во мене ,штом ја оставам врескање ненормално следуваше... стануваше за цице на пола саат,таман задремам еве ја плаче...а за во креветче па да не зборувам (еве ја 2 ипол години е со мене спие на спална) целата бев укочена со подочњаци темни и страшни...Фаза е , ќе помине мајка...плус многу е мало...
Ќе помине, ако имате опција некое време поделете се со сопругот ти со малово, сопругот со поголемкото нека спие за да не прегорите неспани. Пробај да го повиеш, само пази да не го прегрееш
Само од ова не се плашев, се надевав дека ќе е како првото едвај го будевме за цицање, до кај 3 години спиеше во креветче сега еве го 5 е не се дели од нас се надевам ќе смени и ова Да ете се убедивме некако со големио да спијат со татко му во дневна, среќа па некако само на него му искажува љубомора па прифати. А пробав сношти така само со боди и го повив со чаршавче, и тоа безуспешно.
Нас на почеток сакаше во гнездо да спие, во кревет се будеше. Го префрлавме гнездото во кревет за да добие асоцијација дека тоа место е за спиење, пред да наполни месец престанавме и само на креветче.
И кај нас беше вака, прво кај нас на меше две-три недели дежуравме, па во гнездо, па гнездо во креветче и сега си спие само во креветче без проблем секоја вечер. Преку ден е на спална, гнездото го надрасна.
Ова значи дека моето бебе ќе почне да спие конечно во 4ти скок зошто сега ич не спие значи полошо не може да биде да се надевам само на подобро
Денес примавме вакцини, следно ни закажаа на 05.09. Не треба 42 дена да минат? Лепенки стававте врз боцнатото? Кога смеам да му залепам? Докторката ја прашав ми рече лепенки не се ставало врз вакцина и дека не одобрува.
Нас ни закажаа на 2месеци точно измеѓу. Сега да не има пак некоја епидемија па затоа. Лепенки не, ациди борици на газичка доволно е
Јас ставав лепенки што ладат за тт врз боцнатото,една на пола ја сечам.А и ациди борици на газичка или на крпичка мала. Ги менам на 3-4 саати
И јас истото си викав, дека не спиеше ама верувај уште потешко. Дремките му се обично кратки 30 40 мин ама заспиваше некако, сега у скокот додека не се исплаче рикајќи не заспива...У раце само спие спушти го стане плачејќи... Вечерта ќе заспие па ќе се разбуди рикајќи...Ама тоа е ќе помине па ќе чекаме друг скок па заби па шо бе друго..