Можно е дека отидовме покасно на 2 месеци и 22 дена, а мислам @TammiB5 имаше пишано треба да поминат 42 дена. Јас сепак залепив лепенки што ладат, температура на колку време треба да мерам?
Link od video koj ima maka so temenica kaj bebe https://www.instagram.com/reel/C95u6puSKJ9/?igsh=bWN6YXpnenpzdm4z
Здраво мајки, искуства со патување со бебе од 1 месец? Прашувам за 3 часа пат и сместување на планинско место? (хотел во природа) Баш читав дека имало врска надморската висина па ме интересира до колку е безбедно?
До 1800мнв е ок. Давај да цица по пат, цуцла ќе следите како ќе реагира. Ние на 3месеци бевме 1850м супер пројде се изнаспа
Мајки на бебиња што имале жолтица дали испитувавте колку му е хемоглобинот по прележување?Докторката ми кажа дека може анемија да се јави од жолтицата. 06.06 хгб 137 17.07 хгб 112 препишани пикофер 01.08 хгб 104 Подолго ли треба да се пие терапијата за да има резултат или не делуваат капките бидејќи се намалува?
Дали некој ќе сака да сподели искуство со мало бебче и милениче маче или куче. Бебето е 2,5 месеци и дома чуваме мачка 3 години стара. Војна водиме со мм дали да го пуштаме во соба кај што е бебето со надзор секако. До сега мачката е постојано во друга соба и се немаат запознаено со бебето . Многу ми е жал за неа иако за сега изгледа како да не и пречи што поголем ден од денот е затворена во друга соба. Мачката не е многу дружељубива се крие обично кога ни идат гости, ама е мирна и досега не се покажала како проблематична. На одредени луѓе знае да им заражи од страв. За сега покажува мал интерес кога плаче бебето, јас мислам дека може да си продолжиме да си живееме нормално сите заедно како досега, мислам дека ќе го игнорира бебето ама мм прави проблеми. Некој да сподели искуства на што да се внимава кај бебето кога се во близина на милениче или на пример некои препарати за мачка за да и ја намалам анксиозноста (сега и давам валеријана и иако неочекував мислам дека и помага).
Ние сме исто, мачор 5 годишен чуваме во друга соба, скоро три месеци сме. Премирен е но прави многу влакна, мене не ми се пушта со бебето само ради тоа. Премногу ми е жал, а баш мислам дека на син ми ќе му е интересно со него. Би размислувала да го пуштам со нас кога ќе престане да се митари. Има долги влакна, мајка му е персиска мачка, се прави влакна.
Јас чувам две кучиња, но веднаш ги запознавме со бебе. Бевме претпазливи многу на почеток, но многу брзо се навикнаа на него, мирни се, претпазливи. 3 месеца сме, сѐ уште немаат некоја голема интеракција, бебево не им придава многу на значење ко нешто различно. Јас во моиве кучиња имам доверба, одамна ги чувам, но сепак не ги оставам сами сами со него. За мачка не можам да кажам, скроз друг карактер се од кучињата, но мој совет што поскоро да ги запознаете.
Јас имам германски шпиц. Замисли самојед, само од 6 кила. Влакна колку сакаш. Нема сега се митари, после не. Цело време паѓаат влакна. Два пати во денот џогирам сега кога бебе е веќе нон стоп на земја. Второ дете ми е, веќе си знам што ме чека. Поише кучето од децата го бранам, отколку децата од кучето. Преголема доверба имам во него, дури не ни лае, а камоли да гризне, ама сепак е животно и стално мора да има 4 очи отворени, особено со бебе. Ама ни на крај памет не ми било да ги двојам. И тоа куче е член на ова семејство. Со мачки немам искуство, знам дека може да се понепредвидливи, ама и мојот совет е да ги споите што поскоро. Полесно ќе се навикне мачката на бебе, отколку утре на тодлер што ќе ја закача кај и да ја најде зошто ќе му биде ново и интересно.
Со истиот проблем се соочивме во скоро, ја чувавме скоро месец дома со мало бебе одма од старт само што се роди ама цело време очи отворени, бебе со неа без надзор никако. На крај сепак одлучивме да ја вдомиме во друг дом неможевме да се посветиме на неа особено маж ми што цело време тој ја чешлаше, нокти и сечеше, тоалет и се останато сега со бебе многу тешко. Искрено мене ми беше и за вланка што премногу се митари а и тоа што сепак има непредвидлив карактер нашата мачка, незнаев како може да изреагира..иако беше домашна мачка не можев да и верувам скрос. Искрено нас ни беше претешко..да имавме помош да ја причува некој одреден период додека подпорасне бебето можеби и немаше на таков чекор да се одлучиме
На кучето не му е местото во домот тоа е мое мислење. Ако има двор во ред ако не до дете кучето не оставам..
Фала ви женски на одговорите за миленичињата. Некоја идеја како да го убедам мм да ги споиме што побрзо. Он некако многу се смени во однос на мачката после бебето, дури сакаше и да ја вдомиме на друго место, ова моментално е компромис Надеж ми е што гледам дека многу бавно но сепак го враќа стариот однос кој нејзе...
Претпоставувам немаш милениче дома. Членката кажува ситуација каде миленичето прво било во домот, уште пред детето. Тој што не сака да чува мачка/куче дома, апсолутно не треба да чува, ама ако некој сакал да чува, не се предомислува магично со раѓањето на детето. Јас го земав кучето неколку месеца откако се запознав со маж ми, тогаш дечко. Од него добив коментар дека не сфаќа како земам таква обврска, он не би чувал куче дома. И тогаш му реков дека јас сега идам во пакет со кучето. Ако не му се свиѓа, да раскинеме со време. Сега сме заедно преку 8 години, со 2 деца, и кучето си е тука. Иако не е нешто потресен за кучето, никогаш немало дискусија да се вдоми на друго место, ни кога се земавме, ни кога се родило дете. Тоа си е моја обврска, дали 3 пати го прошетал во овие 8 години, ама го прифатил дека е дел од домот и ќе биде до последен ден. Секако дека сум го дресирала, воспитувала, за да немам проблеми нормално, да нема агресии или проблем со хигиената дома, што го правев и кога бев без деца. Можеби ќе треба работа со вашата мачка, зависно од темпераментот, ама со упорност можете да си живеете хармонично и со ова бебе и колку и наредни да имате.
Јас имам 2г и 8м дете и 10 годишна мачка. Мачката наша не е ама ич дружељубива. Постепено пред да се роди бебе ја извадивме од спална заради хигиенски причини ( многу влакна пушта ), и се навикна така. Кога дојде бебе дома, не ја рецкаше ама ич. Ја запознавме така што и дадовме да го мирисне раче на бебе, прво фрчеше дека непознато човече и дошло дома. После сама се пикаше во ќерка ми, ама се плашеше дека ова моево хипер е и само мава со рачињата. Long story short; ко потпорасна ќерче малку, и даваше храна за да се засакаат. Ама мачка ко мачка, си држи дистанца и ден денес. После година дена почнаа да седат и двете во иста соба. Никогаш ама никогаш ја нема нападнато ќерка ми. Иако оваа знае да биде нападна, и вришти у фаца, ја фаќа за опаш и слично, мачката само си бега некаде кај што нема да ја дофати. Едит: Бонус слика, мачката доаѓа секоја вечер кога си легнува ќерка ми и се гали..не е запоставена.
Ние имаме мачор 7 години. Немам намера да го носам/давам некаде. Ама од друга страна ние веќе му го знаеме карактерот. Тој и кога идат деца на гости, бега, се трга на стр, зошто го малтретираат и он може да ги гребне. Си се чува сам. Е сега бебето кога го донесовме пред некој ден, претпазливо следевме. Мачорот само од далеку душна и не му ни пријде веќе. Ни мене не ми приоѓа, осеќа дека се грижам за некој друг. Иначе нон стоп ми идеше во скут мене или на маж ми за галење зошто мнг мнг сака да се гали. Навечер не приоѓа до креветче. Знае да легне под него ама кога јас сум буднами да ме гледа. Инаку ми спие до нозе цело време. Кога плаче бебето седи мирно и го гледа. Од др стр ние уште од мал го научивме на зборот "не" и знае дека кога тоа ке кажам се трга. Не ги оставаме сами во иста соба. Ама не го тргам него на стр. Маж ми ке го изгали повремено за да не биде љубоморен и толку. Инаку да, долгодлак ангорка е, има влакна, ама за бебето се ми е посебно. И он не приоѓа на тие работи.
Да прашам и јас за носето. 7 дена има малиот, ама понекогаш кога цица како да му кркори носето. Инаку нормално си дише. Дали е тоа нормално и дали нешто треба да се прави?
Ако бљуцка/повраќа може да му е од млекце во носе. Јас со аспиратор за носе го вадам. Исто знае и по некое мрсулче од време на време да има. И мене ми беше чудно на почеток, мислев од гради хрчи.
Се чистат од плодовата вода првите недели. Ако продолжи подолг период, проверете да не е нешто друго а на почетокот тоа нормално е