Како го местите памперсот кај машки бебиња? Курето нагоре или надолу? Бабицата ми кажа надолу, но не знам дали само додека падне папочето или и понатаму..? Совети од баби,стринки нагоре да го местам, но сепак бабицата ми е порелевантен извор. На педијатар одиме за месец дена.
Ако го ставаш нагоре, ќе ти се моча во половината и ќе протекува пелената. И да не се измоча одма, со мрдање секако курето ќе се сврти надоле. Не се замарај, само залепи пелена и терај.
Ke cistis so tapkanje alkohol (ke pobaras vo apteka za papocna regija) + ke stavis bivacin prasok i ostavi go mestoto neka se isusi
Мојов почна со смеење и по малку гугање, прошла недела, значи од 7 недели. Носко за на правосмукалка. Од плуќа вади. Од раѓање двете деца се вртат во круг кај и да ги ставиш да спијат. Ќерката е 3 години, уште истото го прави. Малово е скоро 2 месеци секоја вечер попреку го наоѓам.
Сега се враќам од педијатар и ми рече само надоле да му го местам до 40 дена. Тогаш да се видиме повторно и ќе даде дополнителни насоки.
после првиот скок почнавме ние да гугаме, смееење, пратење со поглед тропки кои при крај на 2 месец се засилија се повеќее и повеќе... сега сме 2 и пол мес скоро веќе и не забележува, ни се смее секогаш враќа со насмевка.. гуга побеќе со повеќе гласови ..ќе ск видиш и сама ке мене
Мисла. ДЕка ке смене.. и ние бевме истите до 40 дена дури и неќе да лежи сам како да осеќа, да знае дека го оставаш и самл враце леле реков ќе се научи враце раце ке ни паднат.. ама како минаа 40 дена... бебе почна да гуга, да се смее, да му се интересни тропки, шаренила, надвор ппобеќе да гледа во дрвја, зеленило и почна да си лежи повеќе и да заспива подобро... е сега бидеќи имам уште едно дома немам време да одам вспална и самп да се успиваме, имам релаксатор ама повеќе е лежечки не е од тие на струја што се па не. Е ни свиткан како во гнездо да е.. таму спие ...или на лреветот од дневната ..или надвор вколичка две дремки има таму ... и вечерта си е вкреветче
Како си помогнавте во 5ти скок? Активности, игри… што би ме советувале? Мислам дека започнавме.. според апликација сме, бебе плаче на секои 10 мин, плаче без мене, плаче со мене, се смирува само ако легне врз мене. Сака да јаде, но јаде и плаче… вика, плаче и се смее во исто време.. седи со маж ми се врти со поглед спрема мене… Не сака да спие - плаче …
На која апликација следите скокови? Се вратив неколку страни назад не најдов. Денес бевме на педијатар за прв пат, рече дека бебе супер напредува. За 5 дена има качено 140 гр. и дека тоа е добро. Го прашав за икањето, рече дека тоа е нормално, да не се грижам, но ако ика долго време може да му дадам 2, 3 капки вода. На раѓање е измерен 46 см. сега они го измерија 52 см. и не ми се верува дека е 6 см. пораснат за 11 дена. Денес бидејќи бев таму знам дека е точно, може ли во болница да е измерен погрешно или навистина е можно да порасне толку? Има ситни бубулички на телото, бебешки акни биле. Кремата за тело да ја ставиме во мирување, сега да го бањаме со купката на мустела, крајното плакнење да е со хиперманган и на крај со јекодерм на цело тело. Среќа папочето падна и според педијатарот е добро, нема потреба од прашок, само со хидроген да го чистам.
Еве ги скоковите, апликацијата само подетално ги објаснува, ама не ти треба. За должинава поверојатно ми е да го згрешиле сега во мерење. Измери го сама ти дома со метро. Мојов е буцко и крупен, порасна 4см за 20тина дена сега во 4 месец, ама бебе родено 46см, што реално е ситно, толку многу нагло да порасне и мене ми е чудно.
Со хиперманганот мора да бидеш внимателна. Икањето е нормално, не сум давала вода беше само на цицање. Бебешките акни исто се нормални ќе поминат. Wonder weeks ја користам за скокови
@marama За икањето не се дава ништо си поминува само од себе нема потреба од вода, посебно ако е на цицање. За висината не ти менува ништо битно е дека иде напред и си расте. Ќе приметиш по облеката. Акните се нормални знаат да се појават по цело тело во голем број. Се чисти бебето од хормони. Не се става ништо сами од себе ќе си поминат. Може да траат и цел месец. Хиперманган не би користела премн ја суши кожата. Нема потреба од хемии на бебешката кожичка ако се што се појавува е нормално и се очекува да помине само од себе. Јекодерм викаат дека правел мн алергиски реакции. Тој порано се користел сега има доста убава детска козметика. Да не ти е од постарите генерации педијатарот? @Spidy Според термин е апликацијава или според датум на раѓање?
Скокови се сметаат спрема термин, без разлика дали бебе е родено на термин. Првото ми беше родено 3 недели порано, па јас рачно си ги запишував датите за скокови на табелата (иако ништо посебно не приметив од скокови), сега второво е родено 40+2 па си ја следам табелата како што е.
Многу ми е чудно тоа. Што ако се работи за прематурче родено пример 33 недела. До термин упте седум недели?? Многу голема разлика ќе биде тоа со скокови.
Да, и така треба да биде. И сите milestones каснат на прематурчиња до годината, така и скоковите. Нормално е. Не може бебе недоносено за речиси 2 месеца да функционира од одма исто како навреме родено бебе.
На почетокпт нормални се тие акни и ќе се очисти самото... јас го банам со мустела и после маслото по целотело толку ништо друго... за икањето и кивање, забрзанп дишење при спиењр, смеење во споење, сето е нормално и 2 месец неаде се ќе исчезни т.с намали