Мајки, бебе ми е месец дена и мислам дека ми искача херпес на уста. Некоја со вакво искуство? Баш се исплашив.
Не се плаши,имав со првото дете и не префати. За тебе имаш лепенки во аптека за да го заштитиш да не се грижиш многу. И пиј вит ц од 1000мг. Сепак избегнувај да го бакнуваш
Дали сте нашле некое видео на интернет со вежбички за бебе? Ми покажа и ортопед и педијатар ама не можам да ги запамтам а ми кажаа мора да го вежбам рачиња ножиња и повеќе на стомак
На бебево многу јако му кркори мешето, нема проблем со какање, си цица нормално, некој пат ке заплачи ко ќе закркори, нормално е? Давам ваја пробиотик..
Видео немам видено а јас никогаш не и правев бидејќи се стегаше и ми беше страв да не ја повредам. Баш и на ортопед кога бевме вика вежби и правиш и во исто време пробува да направи јас одговарам не и таман изусти зошто ќерка ми се стегна и ни она не можеше. Вика пробувај ако ти се стегне вака не продолжувај. И така многу малку и правев а еве фала богу здрава права. Тоа всушност се грчевите ,на ќерка ми и помагаше топло на мешето загреана пелена со пегла обично ставав.
Мене свекрвата ми направи перничка со трици ,многу ми помагаше.Ја затоплував на пегла или на парно па и ја ставав на стомак и веднаш се смирува..и пробиотик исто така обавезно
Аха, првото немаше грчеви затоа незнаев шо е, а сега гледам каката темно зелена со малку жолто, зар е гладен или и тоа е од нив? Млеко имам и убаво си цица на саат време, ноќе на 3..
Како се справувате со излегување навечер? На роденден сме вечер од 19, но можам да го оставам со мајка ми- 5 месеци за некој ден. Имам измолзено млеко… најчесто го легнуваме кај 21/21:30 (бањање гушкање, јадење и во кревет). Би ме советувале да си дојдеме без да ја прекинеме рутината, нели. Така мислам да направам
Таа зелена кака колку ме збунуваше да ти кажам. Еден од гладно ,друг од ладно ,трет од не знам шо сите различно кажуваа. А искуство беше дека си беше се супер со детето... не знам стварно што совет да ти дадам. Гладно не е ако полни пелени и си качува килажа. Тоа само знам.
И нема ни да заспие гладен по тоа знам дури не се нацица доволно не заспива, а вака тоа кркорење и каката се смени од како почнав да давам ваја пробиотик, завчера вечерта дадов прв пат вчера почна мешето, денес какањево, се мислам да паузирам еден ден да видам како ќе биди
Ако имаш добра рутина, ако знаеш дека бебе фаќа шише, и ако имаш доброволец за тоа, слободно остави друг да го заспие. Секое бебе си има некоја цака (како да се нишка, која песна да му се пее...), ќе ја кажеш на мајка ти и готово. Јас на двете деца им давав шише со измолзено млеко од многу рано, баш за вакви ситуации. Малиот сега е 5мес, обавезно секоја вечер давам шише, дури и да сум дома. Си има таков ред за заспивање што апсолутно небитно е дали јас го заспивам или некој друг. Само оставам плус 50мл млеко во друго шише ако се подразбуди за саат време (што некогаш знае да се случи), и после нема гајле до сабајле. И на родендени, и на свадби сме биле последниве месеци, без проблем заспивал и со мајка ми и со свекрва ми.
Не знам зошто waja ја форсираат толку ,па сега кога спомна ми текна дека и јас неа ја користев... можно е да е од тоа. Баш паузирај види...
Фала ти за советот, да сакам да го учам и на други. Не го заспивам само јас мм исто го заспива. Сакам да пробам и со мајка ми, чисто да го навикнувам на различни сценарија и да не му биде шок…
Јас сама си ја барав на големото уба му се погоди, и баш други му нуделе на мм ама и тој ваја стриктно бараше, ама од дете до дете има разлика..
Знае ли некоја каде има маица за доење ама онака за шетање со кошула одозгора ( не такви како во стружанка со шипки за по дома )
Mamicki dete mi pie 8x120 ml mleko 4++ sme Navecer legnuva vo 8 so mlekce Stanuva vo 11 1 casot 5 sabalje za mleko Se budi vo 7-8 kako da napravam da ukinam bar eden obrok navecer?
Па прашај педијатар, нас на 4++ ни рече по 150 мл 6 оброци на 3,5 часа минимум, последен оброк до 22:00- и знаеше да спие до 4/5, ама сега и има некоја регресија и не стално е така