Паѓа на сите. Најлошо е од 3от до 5от месец. Ништо не можеш да направиш, ќе си порасне пак после тоа.
Не дадов пробиотик и се среди столицата, цел ден си кака жолто и мешето мирно ама денес ја згрешивме работата изгледа, ручав риба печена, негде прочитав дека праела грчеви и еве после 6саати почна пак да си крчи мешето и едвај заспа, дадов еспумисан се надевам ќе се смири Можно е да е од неа? Ич немам искуство со грчевите не плачи многу ама се витка, се мачи стварно е жално за гледање.. шо да давам друго или доволни се еспумисан?
Ај сега барам совет, а не осудување… Понекогаш кога не може да заспие од кај 4/5 сабајле го земаме кај нас на спална и заспива одма со нас. Спалната ни е голема и нема да речам опасност. Дали постои шанса да се навикне? 5 месеци сме. Ми доаѓа и мене убаво кога е до мене и го гушкам. Вечерва не знам што се деси, корнеше од плачење во 1, едвај три саати поминати од дохрана- никогаш не е гладен толку рано. Му дадовме мое молзено го гушнав и заспа до мене. Обично спие 5/6 саати без будење
Ау… после третиот месец наеднаш како гром од ведро небо. Такво драматично паѓање на коса што се исплашив. Цели снопови коса ми паѓаа и тоа после бањање не престануваа. Сега е маааалце подобро, ама баш паѓа исто. Роботот дома ми знае хахах само го чистам, сѐ е влакна од мене. Фала му на Бога имам долга и густа и ова ми дојде ко ретчење и полесно ми е за фенирање ))))))))))))
Мене дури и порано, почна накај вториот ама како што викаш наеднаш паѓање. На чешлање тоа е хорор, топки цели. И мене ми беше густа и долга а сега репчето преполовено за жал. Не само тоа, на бебето влакна од мене во рацете му наоѓам, косата цело време фатена лабаво и џабе. Плочките коа ќе ги видам влакна се ежам, и јас душата му ја вадам на роботот.
Јас не гледам зошто осудување? Јас со малиов од 2месеци спијам,поточно он со мене и мм се лути ама кое олеснување е за доење не разбира. Па од 1 ноќ не верувам да се научи. Јас 1 ноќ пробав у креветче(ме замараа мм и свеки дека мн спие до мене)се вртеше мн и само плачеше и кенкаше и еве го "учам" уште Инаку да не ви доаѓа некој скок па се поклопил со денот? Јас знам во 5ти месец спиењето ни се поремети и потешко дури се успиваше еден период
Мајка, да те осуди некој што на бебе му даваш топлина и љубов? Дај те молам. Толку некогаш околината не притиска што не знаеме што е добро, што не. Гушкај бебе, задоволувај потреби и уживај. Ќе порасне, ќе го бркаш да дојде да се гушнете. Ако се навикне, ќе се навикне на љубов и топлина. Уживај и следи бебе.
Па тебе ако ти е убаво, што има врска ало се навикне. Ќерка ми спиеше од 6 месеци, до сега пред да се породам, скоро 3 години, со нас на спална. Без проблем си се премести во нејзина соба. Сега ми фали да ме гушка.
Kakvi lazacki cucli koristite, bebeto e 1 mesec. Mu davam samo za zaspivanje koga ne mu e vreme za doenje. Momentalno imam od babylove no sakam vase iskustvo so nekoja sto ke e poergonomska.
Омега од кога давате? На картончето од болница пишуваше да се дава, почнав јас, па педијатарот ми ја стопираше, вика нема потреба одма, давај само д+к. Сега кога бев на преглед заборавив да прашам дали да почнам. На ќерката од раѓање и давав, малово 2 месеци има сега.
На картончето ми пишуваше од 8 ден да давам д3+к1 и плус омега до 12 недела после тоа само д3 со омега на бејбитол
Мајка пробај молзи се јас му давам навечер молзено мое 150мл ми спие по 4 саати ќе испие и пак заспива не мораш формула кога цица му е потешко да извлече толкава количина колку што може со шишето и затоа ти се буди почесто. А супер ти напредува не е гладен. Мојот е 45дена.
Колку мл формула сте давале на 1 месечно бебе и на колку време размак? Почна многу да ми бљуцка па да споредам, да не му давам многу.
Консултантите за доење во Америка советуваат само за avent soothie- ја има во Данеа Фарм во Ремедика и hapi paci на др. Браунс која ја има во еурофарм во веро Тафталиџе. Avent soothie има и др верзија (боја) во зегин- иста е мислам. Овие две се најблиски до цицање и до задржување на мускулатурата за доење, другите се сите погрешни. Ова ти кажувам како паталец што се трудеше да му го развежба јазичето и правилниот фат за доење на бебето. Истражена ми е темава хаха
Majki kako gi banjate bebinjava do 6m na more? Dolgo belo bodi, nadolu isto beli pantaloncinja ili uv kostimce?