Значи пукнав по дома цел ден , додека спие малата што попрво да правам ? Неможам над телефон да бдеам, првото е во градинка до 16 и досадно ми е искрено.. буквално без енергија сум скроз... Вие што правите инаку, се занимавате нешто?
Три месеци сме и вкупно преку ден спие околу 5-6ч, точен саат за заспивање преку ден сеуште немаме, мислам дека е рано за ред да имаме за дневните дремки. Во 24 часа спие ~15ч. Имавме период некаде околу 2 месеци кога почна да ја преспива ноќта не спиеше по цели денови, имаше 2-3 ептен кратки дремки од по 15мин.
Вежбај еден саат дневно. Книга читај. Визуелизирај. Одмарај со кафе. Ако добро сфатив досадно ти е и бараш идеи?
Како сте задоволни од мустела 50+ фактор за заштита? Земав за бебе од месец ипол, има некој искуство?
Најверојатно ти е прејадена. Некогаш имаат тивок рефлукс, им се враќа млекото ама го голта и не бљуцка. Не се плаши потапшај ја само по грпче. Додека се мали личи често како тешко да дишат ама тоа е нормално. Јас со моево веќе што не видов. Туку педијатар (гастроентерохепатолог) ми рече да му намалам формула на моево од 90мл на 60мл ради рефлуксот. Матичниот педијатар вика па дека време е да зголемам количина. Нели е малце 60мл? 41 ден ми е старо бебево. Он веќе со 90мл не се најадува
Сте користеле ли потпорна перница за бебе, од оние што се за спиење на страна? Не знам каква да купам, гледам има од 300 ден до 990 ден, па доколку некој веќе користи да сподели искуство.
Девојки колку ви се прозорци на будност на 5 месечни бебиња? Моето сега утре ќе полни 5 месеци.. Саат и пол до 2 издржува со кратки дремки по 30 40 мин. Сега у 4 и пол стана обично 7 8 легнува не знам дали да го легнам во 7 не верувам дека ќе издржи 2 и пол саати. А касно дремка ќе е у 6 и пол... Има спиено 3 пати по 40 мин и еднаш 1 и пол.. Мислете да го легнам у 6 и пол 7 или уште една дремка?
По правило би требало да биде будно околу 2ч-2ч15м, и да спие 2 пати по 1.5-2ч и еднаш 30 мин. Ама моево бебе може и по 3ч да е будно и да спие 3 пати по 30мин.
Мислам дека е малку 60мл. Ние оваа недела правиме 40дена и пие по 100мл кога оставам измолзено за да ја причува некој за некоја обврска ..
Епа моето будно е саат 40 50 мин и после се тегне оти мѕ се спие..Обично станува 5 6 од последна дремка сега ми стана 4 и пол и не знам дали да му нудам дремка или продолжам будност.
Ако сакаш да воведеш некоја рутина, најдобро да пробаш да го презаспиеш. Ако спои 2×30мин, после ќе може да издржи подолго буден. Малце е напорно тоа на почеток, ама после некое време ќе се навикне. Моето е на распоред од неполн месец, ама дремките му се средија сега неделава. Повеќето денови сам ќе спие саат ипол, или после првите 30мин можам да го презаспијам па да продолжи уште еден саат.
Дојди мајка кај мене.. Има работа за со две бебиња од сабајле,не ми е досадно. А пак после 15часот журка на најјако. Јас мислам дека "прегорев" веќе,се навикнав на умор. Ред уште немаме баш,ама полека почнуваат да ја преспиват ноќта,со станување за цицање. Прво едно,за 15..20 мин па друго.и така во круг.
Вие накај 3 месеци влегувате нели Мојата цел ден спие некогаш па затоа навечер журка си прави, си седи будна
Можно ли е од пробиотик Бејвитол Неонате бебе запек да има? Откако го почнав, мака има. Не е какан од саботата. Пробав вежби, топло на стомак, не помага. Јас јадев овес, пиев компот од сливи, пак не помага. Друго што да направам, се мачи бебе, писка?!
Дали откако почнавте со вкусови веднаш какаат цврсто? Една недела давам кашички и одма и' се смени каката, не знам дали е нормално од кашичка од слива да има цврста кака...
Јас давав од тој,машко така и така,ама женското по 16 дена не какаше,знам дека тие што се само на доење може и по повеќе денови да не какаат,ама 16 беше превише,меше тврдо ,се мачеше бебе и дадов клизмичка,се олесни.. Сега сменив ваја,од денеска почнав па ќе следам ситуација. Со првото давав ваја,добар и беше,затоа го зедов пак.