Јас пробиотик уште давам,2 ипол год е .Уште од самото раѓање. Ние на 2 месеци купивме седиште 0+ што се прави во три положби. И еве 2 ипол сме си го користиме уште и секаде одиме со него.И си заспива во него без проблем,комотно .
Па што знам,немам искуство со релаксатори. И јас го исклучувам,во лежечка е да..уживаат внатре. Тогаш да не ми е на мисла
Подобро да си лежите таму, да го следат нон-стоп бебето. 15 црп не е многу. Како е бебето? Мојава беше со 30 леукоцити, но антибиотик венски 5 дена и и паднаа... ме прашаа да не сум имала инфекција нешто, но немав. Не знаеме од што беа леукоцитите така... @_budaletinka* оваа кака е сосема нормална по денови некакање. И тоа што полошо мириса е од тоа што не е какано повеќе денови. Ми се има случено со првото и баш памтам ваква беше каката... И на @angel4444 не кака по неколку денови, мислам и кај неа е вака...
Па штом лежат... и не ги нунка ништо... како да лежат било каде. Мисла би ми била за во транспортер... освен за носење на преглед не го користам инаку. Не знам за тоа дали има ограничувања.
Мајки поздрав, сакав да ве прашам нешто. Полни 5 месеци сме и почна да пие 150 мл по 6 оброци дневно- 900 мл на ден, меѓутоа почна да ја преспива ноќта- барем по 6 саати и тука губиме оброк. Цела недела јаде еден оброк помалку. Не бара за повеќе, меѓутоа не знам да не треба да го будам навечер и во сон да му давам…
Вчера бевмр на ортопед, па на двете ќе ви пишам што ми кажа за прашањава. Транспортер може да користи додека главата не му искача од горе, ноџињата може да се свиткани. Ние ќерката на 2 месеци ја префрливме во седиште, сега синко планирам после одмор, на 3, попрактично ми е транспортер за одмор. Ортопедот рече максимум 45 минути во релаксатор, зашто вратчето знае да им се искриви. Јас му ставам како јорганче подвиткано под него за да има поисправена положба
Може зависи каков релаксатор,моите се вакви и имат баш згодна лежечка позиција,барем така изгледа. Секако ортопедите знаат повеќе од нас
Мајки ајде и јас да прашам бидејки сум преплашена. Дојам и кренав температура, дали може и бебето да фати од мене мн ми е страв а и ом пред една недела беше болен се плашам пак да не нафати
Немаш потреба ноќе да го будиш штом спие, пробај тој еден оброк распредели го во денските за да надокнади ако мислиш дека му фалат тие 150мл. Веќе од 6м е очекувано бебе да преспива ноќ, само ќе кажам ти завидувам што сте 2цата одморени. 7ипол месеци - станува фиксно на 2ч да цица. Ако не дадеш - цела зграда ечи
Што пиеше? Парацетамол? Колку време те држеше и дали ставаше маска.. побудалев веќе а некни бебче беше со темп сега јас
Дали стварно после 6 месеци ќе преспива ноќ? едвај чекам.. блазеси и на членката што и спие бебето ноќе, многу значи да си одморена, ние сме 4 месеци и стануваме секои два саати а некогаш и на даат
Па не мора да значи дека ќе преспива. Мојава е 7++ и станува на секој 2 2 и и пол часа, а пред тоа сврзуваше по 6 часа сон.
Моево пак пред два месеци спиеше од 9 вечер до 5 сабајле ама пак денски воопшто не спиеше а сега еве на саат ипол два се буди не знам шо да кажам веќе
Нема правило, физиолошки бебе може да "издржи" гладно преку ноќ, веќе од 6м+. е сега тоа зависи од повеќе фактори. Еве моето Јарче легна пред 2ч42мин и моментално цица зошто плачеше како да било гладно 3денови. А до 5м спиеше по 5-6ч,убави времиња