Може помага тоа што му давам шише навечер… 150 мл дохрана или мое молзено и последниов период ми спие 6 саати- мене не ми се фаќаат ролку, додека се измолзам, истуширам и легнам… ехеее. Ама и кога се буди имам веќе спремно мое молзено од 150мл импосле си спиеме до сабајле гушнати. Барем нешто арно видов од неговото нецицање
Ќерката се будеше дур не ја одбив на 1.година на секој саат два да цица. Доено бебе не сум слушнала да не се разбуди. Батково сега си пие и по 2 шишиња млеко, па ќе го видиме каков ќе е после 4ти скок.
Како се справувате се рефлукс? Почна после секој оброк да повраќа, а и навечер во спиење поврати и тоа спиеше 2-3 саати, среќа што седам будна и ја гледам па реагирав на време, ама веќе не се издржува. Мајчино млеко пие, 40 дена има. Ми дадоа сируп Algoral Infant, дали некој го користел? И еспумисан ми дадоа, ама од него многу ждрига и уште повеќе повраќа од ждригањето. Сѐ на сѐ, секунда не е мирна, цело време се грчи и повраќа, а сега и тешко заспива, т.е. воопшто не заспива и веќе не се издржува. Педијатриве викаат нормално е, ама проблемот не е решен и не знам чаре...
Мислам помага и шо има рутина. Го бањам, во темно го облакам и галкам, му ш’шкам тивко и му пејам и одма шишето и се комира
Да прашаш за перница, да спие подисправено… не знам што друго може да помогне. Бебиња што се на формула пијат АР тип на формула и така не им се качува нагоре
И перница купив и пак џабе, во раце ја држам исправена и повраќа... Вчера па и со еспумисан кога почна да и свират цревата, како и да ја поставиш во секоја положба ќе ждригне и ќе поврати... Ова на полошо оди со терапија мислам... Подобро да прекинам да давам секакви капки па да видам како ќе биде
Нас само анти рефлукс формула ни помогна. Сеуште го држиме 30 минути во раце после секој оброк. И со новава формула знае да бљуцне или поврати ама значително помалце него претходно. Нашево стана неиздржливо дека премногу плачеше, го болеше хранопроводот. Повраќаше/бљуцкаше на интервали до 2 часа после јадење и не спиеше од мака. Перница купивме, душекот беше поставен искосен, буквално сите предлози ги пробавме. Сеуште го чуваме и ние дека знае да се засркне на сред спиење. Сега и од плунка се засркнува За на доење, запознаена сум дека има сируп што го имаш спомнато ама не знам колку помага. Ние се преродивме искрено, не менувам по 10 облеки дневно, не мирисаме и ние и он на кисело . Можеш да се консултираш со Наташа Никчевска од Систина. Она е педијатар за гастро, можеби ќе најде решение некое. Јас прекинав да го ждригнувам дека обавезно повраќаше и на тоа.
Со првата ќерка на 11 месеци, а е доста висока од мала. Дури и сега мислат дека е поголемка во годинки,а има само 3 ипол. Рано ти е да го смениш.
Ај ве молам кој може да види кога е втор скок, овие 3 дена страшно е плачењето, вриштење, нозете ги крева во вис .. Ништо не ја смирува, нит тропалки нит ништо... Го исфрлив Колиеф, останавме само на Еспумисан или Саб Симплекс.... Термин и беше на 16.06 а се роди на 21.06 Сега во петок е 9 недели
Дали би му наштетило на бебето нешто магнезиум ако пијам? Имам грчеви во левата нога не можам ни да спијам ни да стојам, бебе само цица 5ипол месеци е
Џабе е сѐ, не се нервирај. Ако е скок треба да се издржи и мојот така беше тој период. Нерви челични активирај и тоа е. Гушкајте се, ако цица ставај го почесто за да се смирува…
Мене кога ми е во скок послабо ми цица или одбива од една града сака од друга не.. Моментално сме 5ти скок на најјако пуштени
Еве го ист е. Мене ми искача по термин во втор скок дека е. Само да се кенкало, да се викало, да се будело на саат време. Нејќе да цица, ми се намали млекото, по 3 шишиња ад пие дневно. Ќе фати ќе цицне 5 мин и прекинува. Хаос
Супер ќе си уживате на море барем.. и јас планирам др недела вакцини, тешко нас со таа рота ама ајде ќе пројде.