I jas se mislev denes, od Sk sum pa so helanki i bodi na kratki. Dvosoben stan okoli 100 m ni e, vo dr 2 sobi ostavam po malku vrati od balkon otvoreni.
Нас дома ни е сеуште топло, во стан сме. Монментално и клима имаме уклучено. По боди на кратки е сеуште.
Мојот е по боди на кратки, синоќа надвор бевме плус чорапи му ставив и го покрив со тетра. Сликава врска нема, на 15 степени капа и ракавици. На 1 степен што треба, во јамболија да го мотам ?!
И мојот спие само по боди на кратки и чорапи. Го покривам со тетра и најчесто го наоѓам откриен или без чорапи.
Може прашањево е за темата доење, ама ај да прашам тука. На комбинирано сме, ама некако како да немам млеко баш, а толку сакав да дојам. Бебе е 25 дена, пие кога-како, од 70-100 мл ад, скоро секогаш после подој (дали двапати дневно даваме дирек ад, т.е кога не сум дома, мајка ми му дава). Се хранам здраво, пијам доволно течности, чаеви кои стимулираат лактација, ама нема доволно. Од деснава протекува малце на алишта кога немам влошки за гради, ама од левава ич. Не знам дали да барам одговор во генетика (ниту мајка ми, ниту сестра ми доеја повеќе од два месеци). Прашањето ми е, дали да инвестирам во електрична пумпа за измолзување? Да не ми е касно?
Јас мислам дека не е касно, сеуште се воспоставува лактација. Power pumping можиш да правиш со пумпата.
И мене ми нема логика на 22 степени по долги да го облечам, навечер е сигурно толку и уште го облеквам денски и навечер само по боди на кратки секако повеќе спие па е плус покриен со тенко ќебенце, ние сме во куќа малку е по свежо,ама пак и од мене тргам жешко ќе ми е толку да се изнаоблечам
Ние сме во стан бебо е 2 недели, денски е топло, така да е по ромпер (ако така се вика) целосно по куси, и куси ракави и куси долу, само тоа. Навечер дека спиеме со отворени прозори и знае да е свежо му облекувам целосно тенко по долги без ногавици еден слој само без боди и е покриен со тетра пелена. И мене скроз дилема ми е облелувањето.
Ние сме 5 недели уште сме комбинаирано, само јас давам 30 до 50 мл, дополна два пати на ден ако има потреба или ич не давам. На неколку навратиносетив дека бара повеќе и не му давам веднаш дохрана. Го оставам да влече од градата за да стимулира. Мачење е и за мене ама утредента веќе има повеќе млеко. Јас како на 6 саати да насобирав да му е доволно, а тој си бара на 2, 3. Се молзев кога спиеше за да стимулирам и повеќе бебето на града. Колку повеќе влече, толку повеќе ке има.
За мене пумпата беше пресудна за да надојде млеко. Касно го ставив на цицање поради комплицирано породување, немав никакво искуство претходно, мајка ми исто не доела, но со совети од Јасна- Бебелогија, стимулација со пумпа (електична,не мора да е скапа-види Локо Кроко) и многу упорност на 40 дена престанав да му давам дохрана и супер напредува.
Мајки дали бекоја имала искуство со зелена столица кај бебе 3 пати денес многу течна. И лош мирис... новороденче. Комбинирано мајчино со ад. Незнам дали да носам на дежурен немаме никакво искуство извинете за сликата ...
Моево имаше многу лош мирис на какање вториот ден кога дојдовме од болница, мислам дека му беше од кафето што го испив, поточно млекото. Тоа ми беше ново тој ден. После тоа цел месец не пиев, не се повтори. После кога почнав пак да пијам си беше океј. Може и не беше тоа, ама јас така си поврзав.
Ставај го почесто на града, прво едната па после другата. После подој не давај веднаш шишенце, и на почеток нека седи и по саат време. Течности над 2 литра, пупма можеш за зголемување на млеко да користиш ама најубаво со бебе.
Мислам дека ова не е за на дежурен. Следи наредниве денови како ќе биде, па кога ќе имаш прилика консултирај педијатар. Бела/црна/црвена столица се за на дежурен, сите нијанси на зелено и жолто може да се нормални или настанати поради некоја банална причина.
Kako ste zadovolni od probiotik neonate? Kako da ima poveke gasovi moevo. Prethodno na bio gaja bevme
Мојава има зелена столица од старт, ама она кака па по 7-10 пати во ден (само на доење). Ми рекоа дека не е страшно, многу цицала и брзо варење имала и затоа зелена каката. Од кога почнав со чајче 50мл дневно (бекутан анасон), еспумисан, почна и скроз жолти да има. Сега веќе е 1м и ретко и се случува сеуште да има зелени. Колку пати кака за вака обилно да е? Ми рекоа и чим има жолто во каката (парчињата), не е страшно. Можеш на педијатар да покажеш, но не ми изгледа страшно Нашево и пострашно изгледаше, зелена флороцентна течна дури какаше Спојлер: Кака А имаше и темни зелени, цели зелени... Антибиотик да не примаше и твоето? Мојава примаше во болница, па си мислам и ради тоа да не беше..
Јас со пумпата си го зголемив млекото... 2,3 дена по болница мнооогу ми омекнаа, ама претерано многу како да се издишаа. Почнав со power pumping, пиев многу течности, многу одмарав и ми надојде убаво пак. А колку повеќе ад додаваш, да знаеш и толку поголема шанса твоето млеко да се намали.. тоа е нормално, зошто бебе ги задоволува потребите со адаптирано млеко. Нон-стоп на града, по подој стимулација и со пумпа и еднаш во ден power pumping. И да не вадиш ништо со power pumping, на најслабо ќе пумпаш за стимулација. Јас пак да приметам дека ми е нешто намалено, правам power pumping. А со 3 деца дека сум, некогаш ќе се преморам, некогаш вода нема да пијам доволно и знае да ми намали... А вчера па пак многу ми омекнаа, ме болеа по цицање цели (ме штипеше)... и сабајлево на ептен меки земав power pumping да направам и на двете и извадив 160мл лева и 150мл десна града А меки, ко да нема млеко.. ама ете имало Плус дека бебево алчно, а ми омекнат мислам дека нервозна е дека гладна е. А она "гладна" од старт е. Преку ден душа ми вади, на саат време знае да бара да цица...