Совет кажете ми, каква пумпа да купам? Како да знам што ќе ми одговара за брадавиците? Дека читам во темите, некои купиле нешто што не им одговара? Како да знам да одберам?
Дали е можно подоцна да се јави реакција од шестовалентната вакцина. Ја примивме пред точно 1 недела првите денови немаше ништо. Сега овие 3 дена мир немаме. Постојано плаче малку крена тем вчера, засипната ми е. Не сака ни,во раце ништо само вреска буквално 40мин е со пчачење, ќе престане 15/20мин и пак продолжува. Дали влегуваме во некој скок. Бидејќи пред 3 недели си беше супер бебе ги снема грчевите, си легаше сама, навечер си спиеше повеќе ќе испие млеко пак си продолжува, преку ден дремнуваше 30мин. Сега се ни се преврте не спие ни ден ни ноќ се буди постојано, и бара да цица и си седи така со цицка во уста ако ја извадам се буди и плаче, цела ноќ ми спиеше во раце никако не сака во креветче, грчевите пак и почнаа.
Бебе полни 5 месеци за една недела. На почетокот давав био гаја пробиотик после преминавме на ваја. До кога се дава пробиотик?
Јас тоа не сум знаела дека има врска. Со првите две имав рачни, си ги погодив така. А сега имам електрична и тоа од Али Експрес, Real Bubee и пумпата за тие смешни пари (двојна електрична) е топ. Има разни јачини, јас до средина пумпам.. појако не можам, ме боли. Ама имам мали брадавици (пред доење и рамни), па затоа најверојатно секоја ми одговара. Знам на оние со големи брадавици не им одговара инката, зошто ако е мала инката.. а долга брадавица, нема да може да и пумпа млеко. Тоа треба да запазиш. Ако ти се големи, треба подолга инка. Real Bubee има мала инка, мене ми е таман.
Јас имам медела, во комплетот имаше две инки, поголема и помала, па си ја користиш таа што ти одговара.
Зошто користите пробиотик и од кога се почнува? Педијатарот тука не ми спомна ништо. Добив само капки за грчеви по потреба и витамин Д. Друго прашање, утешете ме ве молам дека има чаре? Бебе ич не сака да се вози ни во транспортер, ниту легнат во количка. Скоро месец сме, иначе. Нацицан, пресоблечен, соодветно облечен, ќе фатиме врата и само кенка дури не го земеш во раце. Мирен седеше во транспортер само на земање од болница кога се роди. Прееска се вративме со мајка ми од постојката за трамвај од што плачеше. Се изнервирав, избришавме тркала од количка и викам сега мора после јадење да седи во неа. Заспа (да напоменам преретко спие преку ден) и еве пола час седи во долгиот дел од количката. Што да се прави? Не е маж ми стално дома, а по педијатри ќе морам со превози, а не може стално во раце.
Како ги анимирате 2 месечни бебиња? Мојата никако на место не сака да седи, се наведнува да продолжам да ја шетам Ни да седам на место нит ништо.. Си бара внимание наоколу.. Дали ви се смеат кога им гугате? На моите и на сестрами се смее многу а мене не баш... а со неа сум 24/7 со првото беше обратно, мене ми се смееше најмногу
Да видиш што е ќерче, нема да те рецка . Јас го седнувам во релалсатор и со тие играчките што висат се занимава им гуга им праи муабет. На стомак го ставам цело време и тоа. Синко е 80 посто од времето намуртен и коа му збори некој се смее. Јас не го шетам во раце, да не ми се навикне уште од сега, буцко е, кај ќе ми е крајот.
Имав медела со инки 24 и 21 и немаше шанса да соберам млеко. Бев на лактациски консултант, мереше брадавица и испадна 16 да треба да користам и купив нова пумпа спектра и сега без проблем можам да соберам млеко. Ставај почесто во количка да се навикне, дигнито во раце, смири го па повторно легни го.
Му имам купено контрасни слики за 0+ и си ги гледа. Му ги редам во креветчето. Во раце ретко го држам зошто не сакам да го навикнам. Го легнувам и на кревет во спална и му зборувам и сликичките му ги покажувам. Моево на маж ми цело време му се смее, а он навечер го чува кога буквално само станува за млеко и презаспива. Читав дека наводно нас не гледале како да сме дел од нив. Другите им се нешто поновo што не го гледаат често и ги гледаат како игра. И јас се нервирам дека мене многу малце ми се смее
Баш како што викааш.. ајде да видиме како ќе пораснат Инаку ни јас не сакам во раце ама што да правам, така се смирува многу.. а 6 кила е , 60 цм машала
Да не те разочарувам ама ние сме 4ипол и никако не се навикнавме. Јас не се откажувам, цело лето секој ден на секое шетање по 15 мин едвај седеше и после стави, вади. Буквално ми се плачеше секое шетање, еднаш не сме прошетале раат. Мислев дека не го сака ради топлото дека е стуткан во транспортерот, сега почнавме во спортското и има некакво подобрување, разгледува околу ама пак после некое време плаче за во раце. Купивме кенгур пред некој ден и така е мирен
Што правите т.с кои активности ги имате со бебенцата на возраст од 3/4 месеци... и што прават наа ова возраст чисто да си имаме една листа на достигнувања
Ја ставам на водена подлога, подлога за гимнастика, подлога за играње за да лежи на меше и да пробува да се турка нанапред, релаксатор, на меше и контрасни книги, и давам меки играчиња да ги фаќа со рачиња и да пробува да ги држи. Ти?
- на под на подлоога - водена подлога исто -на меше многу не пбожава ама колку дава и сака го оставам и го аниморам со музички/ светлечки реквизити ... Од достигнувања: Се смее на нас Контакт има, прати со поглед играчки, ликови Обожава пред огледало Кога му зборувам секогаш враќа со насмевка Пробува да фаќа, и задржува играчка во раце веќе подолго време Става раце во уста Носи играчка во уста ( софи омилена) Си ја трга блузата, раката и гледа што има што носи ..шаренила му е сето и загледува Гуга/ писка нешто измешано хахха Не ми текнува баш друго ...
Ќе си плаче, ќе го возиш и после некое време ќе се навикне. Јас одев со бебе во количка по дада во градинка, околу 10тина минути пешки, рика цел пат. Заспива таму пред врата, спие до кај мајка ми, околу 15мин одење. Седиме 1 саат, тргаме дома. Рика цел пат до дома. Значи од 40тина минути шетање, пола саат вришти. И така си терав. Он вришти јас буткам. Некогаш ќе седнев на клупа откако ќе заспие и плачев зошто не можам раат од дома да искочам. Сега е 6мес, си го возам генерално без проблем. Знае да закенка, ама ќе дадам цуцла и некое играче и тераме. Некои деца никогаш не се навикнуваат, ама моја филозофија е ако си упорен ке си легне на брашното.
Јас не сум породена уште, ама пумпа купив. Морам да пумпам од причина што кратко ќе бидам на породилно, и ќе одам на работа. После дооолги истражувања, читања, разговори со други кои дојат, се одлучив за ваква пумпа. За дизајнот читав дека им е многу добар, и имаат програма која имитира природно доење и стимулира поголем доток на млеко.