Бебе ми е 9 недели, последниве дена не сака никако да спие преку ден, спие само во раце таман заспал се задлабочил само што ќе го преместам во креветче или гнездо, се буди и не спие, цело време бара да цица, си мислев немам млеко ама само што ќе притиснам млеко излегува.. незнам зошто вака ама периодов многу мачно ми е, преку ден ништо неможам да направам
Исто сме и ние, утре прави 2 месеца. Веќе неколку дена е борба за спиење. И ако заспие одма осеќа ако го преместам во креветче и се буди и кенка. Заспива некад на спална додека го играм и не го чепкам дека одма ќе се разбуди. И немирно спие, цело време се буди, врти, кенка. Сака да го чешкам за да заспие..
Еве сум, денови отепувам гуглајќи и читајќи. Оваа најмногу ми фаќа око, според рецензиите, а и додатоци за брадавиците имаат во 5 големини кои доаѓаат заедно во пакет. До вечер ќе одлучам, морам.
Исто и моево. Да не има рефлукс? Мојава има, сѐ ѝ се враќа кога лежи на рамно и веќе си знае и одма плаче во количка.
Бебе ми е 8 недели. Од 23h еве го уште не се разбудил за јадење. Не знам дали да го бидам. Што ме советувате? Во поглед на напредок, пред 3 недели сме биле на педијатар, ок беше напредокот, сега не знам како е, не сме го мереле од тогаш, ама валда ок е.
Моето од старт спиеше по многу ноќе, на првата контрола кога видов дека напредува добро престанав да ја будам. Не буди без причина.
Обично првиот месец со жолтицата викаат да се буди за да напредува добро. Тоа веќе сте го поминале, остави бебе да спие. Ако спие, не е гладно.
Денес 9ти ден како бебе не е какано..Претходно какаше на 3-4 дена..Еве 3 ден го прекинав Бејбитол Неонате мислејќи дека е од него, давам Еспумисан за грчеви и Д3,К1 омега стандард. Инаку сме 5та недела и на доење само. Педијатарот ми рече ако не се искака до утре да дадам бебе клизма..Дали ви се случило на некој до сега вака и каква клизма да земеме? Инаку си цица, не плаче, мешето не му е тврдо,поретко дава напон за какање и се вцрвенува
Јас му ставив пола глицеринско чепче за деца. За 10 мин се покака. Неверојатно која количина искочи, 6 дена не беше какан.
Колку пати дневно шетате надвор? Мојата се нервира многу кога е на сонце, каде да најдам штитник за количка?
Од Бејбитол Неонате. Сега кака секој ден ама јас после тоа почнав дохрана со адаптирано. Мислам дека и тоа има удел што кака секој ден, пишува дека има пробиотик во млекото. Една недела после запекот само цицаше преку 1 ден какаше.
Јас кога почнав дохрана да давам, не беше искакано детево цела недела а кога беше само на доење, какше по неколку пати во денот. Сега си кака 2 пати дневно, некогаш еднаш. Бејбитол Неонате давам цело време. Секое дете различно.