Еве сега идеме од мерење. За непплн месец 850 грама се поправил. Со цицање само кога беше едвај 400. Треба инстикт мајчински да се слуша дефинитивно . Со поголемата истото беше само што не и дадов ад зашто педијатарот викаше доста е 400 и запиваше со вриштење и се будеше навечер на саат да цица. Не верував дека мое дете може толку да качи за месец дена
Педијатарот нам ни кажа бебињата обично на десна стр ја вртата главата, па да го вртам и на лева за главчето да се формира убаво. Пробај ставај ја на лево да спие или од лева стр да и збориш.
Ние 1 и 2 месец бевме 90 % на доење..и бебе качуваше по едно кило... е кпга започна 3 месец плачеше сакаше уште... цица и пак гладен и решив да дадан и ем цицаше ем пиеше
Според некои нови стандарди заради превенција на обезност просекот е 600 гр месечно, ама педијатароѕ нам ни кажа после неколку месеци ке вадиме просек. Јас обратно се грижам, качивме 1кг првиот месец од кои последните 2 недели 650 гр. Што значи сме почнале нагло да качуваме. Дохрана пробав да исклучам, ама по цели или плачење или цело време на града. Мајка си знае што му треба на бебето.
Инаку прашав дали да давам омега дополнително, ми рече ако адаптираното е збогатено со дха, да не давам, доволно е.
И мене ми кажа педијатарот дека со ад повеќе се качувало килажа и децата што биле на ад демек имале проблем со килажа понатаму во животот. Син ми првиот месец качи само 560г, беше само на цицање но имаше жолтица и две недели не напредуваше, од кога воведов ад вториот месец качи 1кг, третиот 900г. Воопшто не изгледа дебело и буцкасто, онака средина, баш нормално. Збуцкано бебе не значи дека е поздраво од другото и обратно. Воопшто не споредувам килажа со други бебиња.
A so taa omega so e? Za prvoto pred 5 godini ne mi kazaa ne mu davav, sega trebalo da se dava od prv den, so se smeni vo megjuvreme?
За мозокот и видот била добра. На времето знам се давале АД капки. Ова со дебелинава мислам дека е апсолутно индивидуално и зависи пд генетика. Маж ми е израснат на формула, од 80 кила не мрда, а јаде пола пита бурек за доручек. Мене искрено ме фрустрираше и за двете деца ти вика доволно е 400 да става месечно не давај ад, а од друга страна бебиња на доење по кило ставаат, а моиве плачат.
Можи, јас тогаш само д3 со к1 до 3 месеци и пробиотик, после само д3 затоа се чудам од каде наеднаш задолжителни.
Е да во право си, сигурно игра улога и генетика. А во твојот случај ми е сулудо што докторката форсирала само доење по секоја цена а бебето гладно, доказ дека во некои ситуации ни доктор не треба да се слуша.
Внука ми е сучка слаба а на АД беше и тоа се прејадуваше . Другата на доење е побуце. Се мислам дека е генетика во прашање дека и јас бев многу слаба како дете и сеуште сум. Исто и за имунитетот генетиката игра голема улога.
Првото дете качуваше стандард околу 600-700гр како бебе, второво првиот месец само на доење качи 1600гр, а во 5от месец со доење+ад+цврста храна качи само 300гр. Не може од еден месец да се гледа како напредува, а уште помалку дали ќе биде дебело. Битно да напредува соодветно во текот на повеќе месеци.
Сега вака што прочитав син ми 1.300 стави првиот месец, со доење и само една дохрана ад навечер. Ништо не ми кажаа дали е нормално? да не е многу? сега сме за една недела на контрола баш се мислам колку ќе биде
Јас до година и го пуштав тоа звук, од кога докторката во Систина ме караше...од тогаш не го пуштам,инаку препорачуваат специјалисти педијатри дека треба да биде најмалку 7 метра оддалечен од креветчето на бебето и најмногу под 50 децибели .
Не се секирај, и ние качувавме Точно по 1кг секој месец ,како бумбар беше . Еднаш и ни рекоа да припазиме на толку храна како не ....еве ја сулер си е.Некаде околу 11ти месец почнуваат да стагнираат во тежина и добиваат на висина.