Јас не се водам по табела колку милилитри треба да му е оброкот според возраста, гледам вкупната дневна препорачана милитража да си ја испие. Некогаш пие 150мл, а некогаш 90мл.
Istoto I so moevo se slucuva, sledna nedela pravime 40 Dena isto vaka se odnesuva. Dali pomina kaj vas Dali smeni odnesuvanje? Strav mi e da ne prodolzi so ova placenje na sekoi 5 min za grada I za cicanje
Да не е во скок? Син ми е во 4ти скок и на саат време бараше денес млеко а е на ад, ма каков размак од три саати тоа не постои во скокот.
И јас истото го приметив. Истиот пробиотик го давав и го прекинав чисто да видам дали ќе има промена. Многу лесно почна да кака по неколку пати на ден без никакво напрегање. Башка има пробиотик во самото млеко и не додавам плус Бејбитол веќе.
Мајки бебево ми падна од гарнитура. Цел ноќ сме будни и на кратко сум дремнала кога слушнав како падна со лицето беше надолу завртена на тепихот. Плачеше но јас веднаш и дадов да цица и таа цицајки заспа. Сега читам не требало така. Што да правам дали да ја будам да ја носам на лекар. Целата сум испаничена срцево ќе ми излета.
Ако заплакала одма, значи не изгубила свест. Не повратила, нормално јадела, нема за што да се грижиш. Имам многу искуство со паѓањево на деца нажалост, дури и со потрес на мозок, дупната глава, снимање. На тепих ништо не им е, особено ако не паднат на тил.
Жени нормално е до 40 дена да плаче цело време за цицање, ним цицањето не им е само храна туку и утеха, поврзување, уште не знаат каде се, 90% од бебињата го прават истото додека да фатат ред натаму си доење, прво уште ефективно не цицаат оти се мали и немаат сила, а и толку им собира стомачето. Издржете поминува, не значи дека се гладни па бараат во најголем дел од случаите.
На другарка малиот прави месец за некој ден. Константно вриштеше и она константно го ставаше да цица. Кога беше на преглед прошла недела во Систина за мерење лом ја направи докторката. Качил 570 гр за една недела. Според докторката константното цицање му прави тешко на мешето, му го дуе и затоа бебе вришти константно. Не може да се воспостави ред на дигестивниот систем, не може добро да се свари млекто затоа што константно има дополна на млеко. Го стави на рестрикции да цица на 2, 2 ипол саати. Другаркава го навикна на цуцла, воведоа ред за 1 недела и бебе се смири, нема веќе неконтролирано цицање и вриштење. Со нејзе го дискутиравме ова и дојдовме до заклучок дека сите педијатри викаат ред да се прави со цицањето на 2 саати и да не се виси на града, а цицање константно и он деманд препорачуваат лактациски консултанти. Е сега зависи кого ќе одлучиме да слушаме.
Он деманд е да се стимулира млеко. Тоа е најчесто неколку дена. Ако надојде млеко после може да се стави малку од малку ред. Секако ќе има кластери на цицање понекогаш, ама генерално бебе кое е најадено ќе си спие. Моево бебе една недела беше како швајцарски саат. Цица 15 мин, спие 2 саата. Имав многу млеко. После тоа почнаа грчеви, ни цицање ни нишање не го смируваше. Само потешко му беше, прејаден па повраќа и така во круг. Затоа од 2 недели почнав со ред и распоред. Немам искуство со немање млеко и верувам дека е потешко, уште не си се научил на бебе и бебето на светот, и веќе да имаш проблем. Ама ако има доволно млеко, речиси од старт може да се воведе ред.
Јас ни со првото ни со второто сега не сум имала многу млеко. Малиов сега почесто го ставав, ај викам со ќерката ред правев, да не затоа да немам. Врска немаше, ми надојде убаво, си викам еее ќе си цица он асално, на саат го ставав. На мерење пак тапа и он ко сестра му. 2 мес само цицање, воведов ад, од 2 оброци дневно скроз ми се намали сега, еднаш дневно цица.
Мајки што препорачувате која козметика за бебе? Видов најмногу препораки за мустела. Кое од овие ми треба за почеток?