Мене не ми личи на забче, можно е да се афти. Пред да ни кажат дека има географски јазик, мислеа дека се афти и ни дадоа мултивитамин да пие за да се средат.
Афтите болат и тоа многу болат кај бебиња. Ако ви се расположени бебињата, најверојатно е epstein pearl. Побарајте слика. Мојата имаше кога беше 3-4 месеци, нема потреба од никаков третман, само од себе минува. Се мислев и јас да не е афта, пишав на педијатар тогаш. Консултација секако не штети.
Не е афта тоа боли во право си плус се гледа сите сме имале афти. Е ова epstain pearl тоа ќе да е од премногу кератин се создавало.
Мајки, како знаете кога е време за ново бројче на цуцла за шише? Или, строго по месеци се ориентирате? Од Philips Avent користевме 2-ка (0+), од сам почеток, ама пишував дека премногу слабо влечеше, да не речам ич. Кога синко беше точно 20 дена, почнавме со 3-ка (1+) и до пред ден, два беше супер. Почна некако да му тече од двете страни од устето, додека цица и се чудев дека убаво фаќаше пред тоа, за да приметам дека исто сега слабо ми влече. За половина час испил само 20 мл. Е сега, гледам дека нема цуцла 2м+, туку 4-ката е за од 3 месеци и пишува Medium Flow, а синко е месец и три дена. Дали да ја купувам? Мислам секако ќе ја купам, туку дали да ја давам уште од веднаш?
Значи како ги местите ушињата додека спијат? Сано тоа уво е ептен свиткано и со трака исто а се поти многу одма па неможам со трака. Никако се враќа пак исто, цела вечер е на лева страна и си стои увото а преку ден спие на десна страна..
Јас се откажав. И моето ги превиткува.. прашавме педијатар рече нема наводно да му се клемпави ако генетиката не е таква.
Мајки изгледа настинав. Носот ми тече и блага нелагодност во грло осеќам. Страв ми е за бебето, како да си го заштитам? По цел ден е со мене, сами сме.
И јас сум мајка со корона веќе 4ти ден и се молам да не префати малото. И кај мене почна со мала нелагодност во грло. И температура качив вчера. Маска ми немаше поента да ставам дека цело време е со мене ... Ако го доиш ставај го почесто на града да му дадеш антитела. Моево е на АД и сега за сега не јавува симптоми. Се надевам господ ќе ми го чува. Стави маска ако сметаш дека за тебе има смисла.
Zdravo,dali nekoja clenka go ima ovoj kengur za bebe od 2 meseci sakam da go koristam ,dali e prakticen bezbeden i slicno.
Два дена не пијам кафе, бебево освен што спие повеќе, како да губи свест често кога е будна. Дали е ова нормално? Претходно по цели денови беше будна и навечер едвај заспиваше, ама ова што ја "снемува" на секоја минута ме плаши. Ви се случува ли и на вас така, да заспива често со отворени очи?
Мајки, искуства со вакцината на 2 месеци таа за рота, петовалентна и хепатитис, колку дена постои ризик за температура? Денес треба да ја примиме па искуство ако може. И како проверувавте за температура да не крене? На секој саат? Прво бебе ми е па немам искуство
Со помин мајка. И ние сме на ад. Пред еден месец стомачен имав, среќа не го фати тогаш. Се надевам и овој пат нема да фати..
Може да крене температура ден два ама може и нема, син ми имаше температура до 38.5 еден ден, стававме лепенки и дадовме парацетамол сирупче вечерта а веќе наредниот ден немаше температура. Меревме со бесконтактен, после 7-8 саати од вакцината крена температура. Второво бебе па немаше никаква реакција од вакцината.
Истиот ден или наредниот за температура. Ние и првата и втората доза истиот ден 37.5, го бањавме само главата не се топи и за саат време спушти. Се познава кога има теппература, очите светкаат, смирени се не се активни, ние мериме со обичен под мишка.
И јас сум настината, и мене ми нема логика маска, кога по цел ден е со мене. Ама мислам дека настинка и нема да префати. Тоа е. Следам темп само.
Да не ви е претопло дома? Првите две недели беше таков и беше претопло, цело време беше поспан. Вклучував клима за да нормализирам темп дома.
Цело време го следам и ги исправам . Дали додека дојам или кога лежи на страна, му ја кревам главата и му го исправам ушето. Не знам дали има ефект. Иначе му се нормални, ама страв ми е да не си ги искриви