Не верувам, не е топло, туку сабајле не можеше да се освести од спиење, еве сега жива сила не може да ја заспие таман реков изгледа го најдов чарето, ама ништо... Плаче веќе 3-4 саати и цица на пола саат и пак не се смирува... Не знам што да кажам...
Мојов нема дремки. Ќе се онесвести на 10 минути, пола саат и тоа е тоа. Единствено во кола, количка ако е па да врзе повеќе иначе шанса нема.
Мојот знае така да зеза, дека сме на комбинирано и кога ке почне на саат да бара, а нема доволно за најадување од града.. драма. Го носам лево десно, го смирувам и одложувам колку можам, па давам ад.
Прочитав некаде дека на тој начин бебињата сакале да го зголемат производството на млеко кај мајката и затоа барале често. Туку пробај да се молзиш после доење, така ќе ти дојде многу повеќе млеко и тоа за кратко време. Јас еден ден цел ден тоа правев, после секое доење ја молзев таа града и го собирав млекото, до поручекта таман извадив 190 мл за кога ќе збесне да имам резерва, ама напорно е многу и немам живци секој ден тоа да го правам.
Мајки голем поздрав. Утре одиме на пат, 5/6 часа ќе трае. Како да го облечам за вакво време за во транспортер? Не знам стварно, обично се поти во транспортер… Дајте ми совет за патување волку временски? Секако ќе застануваме на два часа за пауза…
Мајки, сакав исто да прашам кога почнувавте да ги седнувате? Ортопедот ни рече не, дека ќе си дошло само, ама вака гледам потпрени ги седнуваат… 6 мес сме
Нешто удобно и тенко за во кола за надвор нешто плус врз тоа, јас секогаш ставам фротирна крпа или тетра под главчето па ја менувам за да не се поти, материјалите на седиштата/транспортерите какви и да се сепак ќе потат на долг пат. Среќен пат!
Бебе е 6 и пол недели и педијатарот рече да му го отвараме пенисот после бањање. Мене некако ми изгледа рано, дали вие сте почнале толку рано? Вашите педијатри што ве советувале?
Како што ти рекол ортопедот така. Ко ќе биде спремно само ќе седне. Сега за сега ако дава знаци дека сака во таква позиција го држиш во скут полуседнато и му даваш раце да се поткрева само, исто и во количка да се пружа по играчки. Најбитно е да вежба мускулатура.
Никој не ми рече ништо, ни во болница, ни педијатарот. Сама почнав да го отварам после неколку недели, до кај 4 месеца некаде, кога се разболе па скроз заборавив на тоа. Сега е 6ипол месеца, отварам само колку да се измие на бањање ама не повеќе со цел да се отвори, чисто само за хигиена. Се гледа дека ако потегнам повеќе ќе распука кожата, па не ризикувам.
Ние кај синчето од старт го отваравме (без сила нормално, до кај што може за да го измиеме само). Премногу залепено до крај беше инаку, воопшто не ѕиркаше од старт главичката. Не се одлепи кај него само, мааалку главичката до кај 7г ѕиркаше и тогаш на операција на тестис му го одлепија скроз. Инаку не ми е јасно зошто советуваат да не се отвара... па се собира белко таму (од мочки, каки).
Кој Д витамин го давате? Педијатарот препорача Babytol, досега ги користев и тие со К1 и омега. А, ортопедот пишал Солдевит. Не знам кој да го земам.
Јас имам уште малку од Бебитол да искористам и после планирам Солдевит. Мнг ми се незгодни за давање, му истекува од уста и еднаш ми падна капсулчето во уста на бебето, страшно. Солдевит се со капалка/прскалка. Стискаш и готово. Ги имам користено за мене тие што се за возрасни. Обично со К препорачуваат ако е детето на ексклузивно доење. Не знам од кај ова излезе последниов период, порано само Д3 препорачуваа.
Да, мене ми пишаа со К кога излеговме од болница. Ама, кога престана да цица, кажаа да исфрлам К оти имало во ад. Сега давам д3 со омега и кажаа денес плус д. Во право си, незгодни се за отварање, и јас некогаш се плашам дека капсулата ќе ми се лизне и падне во уста. Ќе земам Солдевит. Еднаш по 3 капки?