Јас ги ставам во лажичка во млекце и така му ги давам бејбитол витамините. Не ни седи мирен да му капнам, плус што ми е језиво да не ми падне капсулата во уста.
Јас на првото некаде на 8 9 месеци почнав попплека на банање и за еден месец убаво му се отвори... така планирам и сега здравје
Моево цуца раче... многу се нервирам.. Претходно дигаше глава, сега само лежи и цуца раче.. пробав и со перниче истото го прави. Почнува и да плаче, не обожава лежење на стомак. Ортопед ми рече додека не заплаче да лежи свртен на стомак. Не ми даде временско ограничување.
Леле, иста мака. 2 и пол месеци е, го ставам на меше, абе кога почне да вика, куќата ечи. Ич не сака, ама ич. Денес бевме на педијатар пред да прима рота, вика докторката мора да вежба, ич нејќе да се врте. На лево пак така и така, на десно ич. Мрзлив е за тоа, ама ќе мораме. А и некако левата страна повеќе ја сака. Дури и главчето му беше сплескано, кажа ортопедот обавезно вртење и сега на спиење, на лежење само вртам на десно. Му се изедначуваат страните полека.
Исто се и моетп цуца...на 24 ти правеме 4 мес.. сега овие 2/3 недели почна така повеќе да сака и да ја дига ама пак легни и цуца раката и жива вода се прај ...дури како нервоза покажи од со цуца и сака да гп дигнам
Исто, ортопедот ни кажа дека едната страна од главчето му е посплескана . Вака не можам да приметам дека многу коса има. Нонстоп го вртам на другата страна. И на стомак главата цело време ми ја врти на посплесканата страна. Моево е два месеци и една недела. Тука сме некаде. Мојов цел беше испотен од што се нервираше дека намерно го оставив на стомак иако плачеше. Уф толку беше живчано кога се роди, за сега да биде мрза. Се надевам ќе се средат
Prodavam pumpa medela nekoristena i sediste za vo kola freeon nekoristeno https://www.freeonbaby.com/product/freeon-car-seat-epic-i-size-40-150-cm-black/
Мајки, зошто бебето преку ден не ми спие?Мислев е скок поминаа 2 недели, два месеца сме и сеуште не спие, само што го заспав само 8 минути спиеше сам во креветче и толку. Сила и нерви немам само што сум задремала и ете го се буди плаче и не спие јас стварно незнам што да направам.
2 месеца е 2 скок. Кај нас почна околу средина на 7, скоро до крај на 9 недела траеше. Дење око не склопуваше, 5 минути и се будеше.
Јас имав сличен проблем, не можев да го спуштам, само во раце спиеше, штом го ставам во креветче плачки. Мене ме спаси слинг марама, по цели денови го шетав во неа, заспиваше после неколку минути клацкање и си тераше долго.
Мојата е родена со 2800, испис со 2700. Прва контрола после 8 дена од раѓање 2740, а следната контрола на нејзини 15 дена 3000! На комбинирана исхрана сме и докторката предложи да намалиме со дохраната а да појачаме на доење. Ама јас немам повеќе млеко, и ми е жал да ја оставам да плаче (советот беше - ништо не му е и да поседи гладно). Не ја бутам со сила едноставно јаде колку и се јаде. Има некој друг со сличен скок во тежина да сподели искуство??
Јас сум сега извадена од памет дека премногу и давам и дека ќе го здебелам бебево а таа си сака да си јаде, дали од стрв дали од глад кој ја знае
Малото 3м ми настина. Се слушнав со матичната, рече да не ја носам дека вриело вируси рече само да го чистам носето редовно. А за окото што и е полузатворено и солзи да мачкам со Тобрекс 2-3 пати на ден, а во аптека ми рекоа мало е за толку доволно е еднаш дневно мачкање. Кого да слушам? Ве молам за совет