Моето се роди 3870, сега на 2 и пол месеци е 6170. Денес вика докторката оваа тежина понаредниот месец требало да ја има. Детето сака да си јаде, значи ако не дадам на време ад, вришти. Месец и пол го доев, ама моето беше додатно, ад беше примарно, моето не му беше доволно. Што да правам? Му се јаде. Па нели викаат првите месеци по 1кг требало да качува. Моето досега 2300 качило, ама и големо бебе се роди.
Јас мислам дека ова е мала тежина за 15 дена. Да се консултираш со друг педијатар? Мојов качи 250 гр по неделата од испис рекоа одлично. После качуваше по 450 гр неделно од лакомост, е тоа е повеќе од нормала ама да го оставам да гладува нема шанси. И јас правев грешки мислев кога става рачиња во уста му се јаде и му давав ад на помалце од 3 саати. После го научив кога е гладен, кога има мака. Нека седат они дома со нас да ги слушаат гладни како плачат. Ме нервираат докториве некад со таквите коментари.
Во првите 15 дена качи 740 гр, на доење беше, дохрана ептен ретко давав, не ми кажаа дека е многу, супер ми рече. Не гледам како може да е многу било што во првите недели/месеци, колку сака бебе толку ќе му даваме нормално.
Мами, бидејќи сте поискусни, какво шишенце препорачувате за почеток, авент или томи типи? Не знам ниту дали ќе користиме, ама да земам бар едно да имам. Гледав и од двете има со air free вентил, што би препорачале вие?
Имам на авент. Ако ти е за грчеви дека би намалило, не се лажи. Од вчера кога врисна, викам ајде добродојдовте, бидете брзи и бегајте. Грчеви ќе има и вака и така, освен ако не е од тие деца да ги заобиколи.
Мајки мене ми треба совет за самостојно успивање на бебе 3 месеци.На АД млеко од старт.Ноќе го заспивам на раце па го спуштам на креветче во 8 или 8.30. И се буди на 4 саата после на 2 саата не мислам дека секое будење е за млеко бидејќи му давам и пие мала количина и немирно спие испушта звуци се врти и кемка а буден е 6.15 некои 9 саата нокен сон мусе собира а тоа е малку. Дневни дремки по прозори на будност по 40 мин до еден саат.
Прва контрола напредуваше 170 гр за недела дена, после за уште една недела уште 250 гр и после 15 дена 650 гр. Ми кажаа да исфрлам дохрана а му давав два пати на ден по 30 мл, некогаш само еднаш. И дури педијатарот ми рече да гобдојам по 7-8 минути, па ако сака почесто.... едвај фативме ред да не заспива по 7-8 минути, не па сега да му ја вадам градата од уста. Предходно знаеше почесто да бара, сега направивме некој ритам на 2 часа до 1ч и половина на доење, за навечер ако нема, пред заспивање дохрана. Ке видиме колку ке биде нареден месец. Мислам дека дете по книга не се чува и не се сите исти. Да му ги научиш знаците кога е гладно а кога сака нешто друго. Мојов полудува за цицање при крај, ама всушност не може да подригне. И тогаш го тргам и го ставам на рамо. Ти најдобро си го знаеш своето бебе.
Какво самостојно заспивање на 3 месеци? Да го легнеш во кревет и само да заспие? 3 месеци е. Поарно од сега помири се дека ќе го успиваш уште долго. Навечер спие? Мојов е ист преку ден, по 10 мин ама навечер спие цела ноќ. Такво си е бебето. Ќерката спиеше преку ден, навечер на саат се будеше, поарно вака.
Мојата сама заспива, има месец ипол И другите две дечиња исти беа. Надоени, бањати, во креветче и темница. Никогаш не сум клацкала. А спие цела ноќ, со тоа што претка се буди со затворени очи да цица.. цица и продолжува со спиење. Тоа е на 3,4, а од скоро и на 5ч..
Секогаш. Никогаш не сум ги клацкала, нит друго нешто правела. Второто (првата ќеркичка), спиеше до 1г, а после маста ми ја извади со заби вадење. На 13м беше со еден заб само и се намачи. Имавме еден бурен период после 1год и тогаш ја зимав до мене... ама како бебиња секогаш во креветче, сами без клацкање. Еве моментално седам на спална во темница, ја оставив будна во креветче и си заспа...
Темница, бели звуци, дланката на гради широко раширена и го мрдаш лево десно малку. Првото никогаш не сум го думкала, заспиваше самостојно и спиеше цела ноќ на 3ипол месеца. Второто ме пукна од грчеви и болести ама вака се одвикна од думкање на 3-4 месеца. Сега на 6ипол месеца ни за дремки ни навечер не го пипам, спуштам во креветче, ќе се повртка и заспива. На двете сум правела тренинг за спиење, така да спонтано да се научи бебе да заспива мислам треба ептен да ти се посреќи. Не е невозможно, ама многу е ретко. А со ред и рутина мислам дека речиси секое дете може да се научи самостојно да заспива.
Браво. Мене ќерката од 3 месеци до година ме гњавеше. После тоа раат видов . Нереално ми бебе само да заспива. Еве го синко со цуцла се успива. Ама два три пати си бара занишкување или гушкање.
Епа супер си е. Што ќе ти е да спие преку ден, навечер журка да е?! Синко заспива накај 10, исто 2 пати млеко пие не го ни допива, не се буди, ке кмекне јас се будам, му го давам и до 8 спие. Како што растат накачуваат саати ноќно спиење. А за преку ден само во кола, во количка ако се движи или врзан за мене спие повеќе од 10 15 мин.
И кај мене засега заспива сам.. гп носам вкреветче, цуцла и сам си заспива...засега е така дај боже да си останеме така
Мајки, бебето мое по дома е со ладни обравчиња и увциња. Облечено е со боди и тренеркички и топло е прилично внатре по кратки сме ние. Цел ден е така.. 2 и пол месеци е.. Хм?
Да ама како што читам прозори на будност ова моето врска нема со тоа, ете вчера ме фати инает нема спиење на мене,, секогаш кога ќе заспиеше го ставав во креветче се будеше одма за 10мин, и на крај преуморен беше нервозен, синоќа одвај заспа во 22 сепак е мало бебе нели треба да има дремки преку ден?