Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.706
    Пол:
    Женски
    Секое бебе си е различно. Во првата година 100 промени има во спиење.
    Јас со ќерката од многу читање и следење Др. Гуднајт психички олабавив.
    Сега со синко си се водам по него како сака и сите среќни и лабави сме :D.
     
    На Lady Miami, plava.90, WhiteCat33 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Моево преку ден спие се помалку ама затоа навечер овие денови си врзува од 23 часот до 5 часот. И подобро за мене затоа што преку ден не спијам, а навечер не ми е проблем да станам да му дадам млеко и он да си продолжи.
    Проблем преку ден е што му се спие, ќе заспие на 10 мин. и после плаче, па после неколку саати пак 10 мин. па пак плаче. Не знам дали е во некој скок ама се надевам брзо ќе помине.
    Среќа грчевите поминаа нешто после 40 дена. Кога го фаќаа му ги местев нозете ко Буда и полесно му беше.
    Сега има доста гасови ама па ретко кака, на 3,4 дена, па најверојатно од тоа и се гасовите.
     
    На Lady Miami, Tea SK, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.281
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш по ништо не сум се водела, само по детето како сака... и сите некако ред ми фаќале од старт. Еве ја месец ипол за 3 дена, она спие.. вчера заспа во 20ч, па се подразбуди и седеше будна и пак цицаше во 22ч. Од 22ч спиеше до 3ч сабајле.. се буди со затворени очи (баш за јадење само), цица и тераше до 7ипол пак. Пак цицаше 7ипол, спиеше до 9 и 15, цицаше пак и еве ја пак спие. Накај 12 скроз ќе се расони и будна е до вечер повеќе со кратки дремки. Грчевите исто мислам поминаа, зошто умничка е и будна кога е и ретко да се расплаче. Кога беа грчевите хорор беше, вриштење до помодрување и на секое на цицка...


    Инаку има јак осип по целото лице, глава (внатре и во косиче) и врат. Надолу по тело ништо. Елиминирав омекнувач секаков, сум земала од вчера до денес исправ се на 60ка без омекнувач и со дупло плавење. Чуден е осипов, се смирува и пак жбувнува. Ама страшно е на моменти со јако црвенило.. :( Се соочувал ли некој со ваков осип, само на глава? Креми по лицето не ја мачкам... од вчера само по препорака од Јасна и ставам пантенол...
     
    На Bella Nella, Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  4. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Кај моето почна така на лице, врат и на глава во коса. После и на гради. Атопичен дерматит ми рекоа. Различни креми помагаат кај различни бебиња. Сепак прати слика на педијатар да ти потврди.
    Користевме Стелатопиа од Мустела и не помогна. После се префрлиме на La Roche Lipikar, тоа му помогна.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.281
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пуштам и тебе па да споредиш... Почна од образите и се рашири насекаде. Гревче ми е, многу лошо изгледа... :( Неможам да ти пишам. Тука ќе прикачам.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    9.654
    Пол:
    Женски
    Со првото мн. се замарав колку,што,па прозори на будност,па чуда...а сега со близначињата на почеток почнав,ама се изгубив во следењето,дека уште мали едно станува,друго се заспива,едно кака,друго не сака,едно цица сега,друго после некое време :D и така заборавам кое по колку спиело,кога цицало,затоа баталив и подобро ми е.
    Еве 4 ти месец почнаа пу,пу,добри се,горе доле усогласени се во се'.
    Женското цела ноќ си ја преспива,а машкото знае да стане 2 пати.
    Важно во 7 сите 3 се будни да ја испратиме дада во градинка.
     
    На senza.parole, Lady Miami, plava.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Ти пуштив слика од моето во порака :)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.706
    Пол:
    Женски
    Ни за првото не читаше свашта?
    Јас за ќерката се збеснав само читав, апликации симнував. Па нервирај се толку спиела, волку требало, паники навечер во 8 ако не е во темна соба ритуали за спиење да правиме.
    Сега синко гревче по на дада му ритуалите. Во 8 навечер на игралиште го носиме, сега на одмор ние пиво пиеме во двор до 11, тој со нас во количка. Му викам на маж ми кај ми беше овој памет за првото, што убаво било да не се замараш.
     
    На senza.parole, sani99, Lady Miami и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Srekjna13ka

    Srekjna13ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2021
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Го носев малиот вчера на ортопед во Мајчин дом. Од старт ужаш и катастрофа и прием и се.
    Ми кажуваат широк повој, врз памперсот две тетри и плус шведска пелена.
    Колкчињата му биле се ок ама морало широк повој кај секое бебе до 6 месеци.
    Претходно,матичната кажа нема потреба од широк повој.
    Какви искуства имате со машки бебиња?
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    18.236
    Пол:
    Женски
    Кај кого беше во Мајчин дом?
     
  11. Srekjna13ka

    Srekjna13ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2021
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Кај Др.Даниела Георгиева
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.281
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    За првото најмалку се замарав мислам и ништо не читав :D Па затоа и за другиве исто... до душа за третово највеќе се тресам :lol: Ама пак во граници сум.. :rofl:
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    i mojov imavakvo tempo isto
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    13.552
    Пол:
    Женски
    95% од бебиња немаат потреба од широк повој, од каде тоа дека морало. Да не бил некој прастар доктор? Имам ќерка постара и сега машко бебе. Двете ги носев кај Талевски, никаква разлика во препораки од аспект машко и женско бебе, и за двете немало потреба да ставам широк повој. Се додека бебе само спонтано ги држи ноџињата широко кога е легнато на грб, природно си ја држи правилната положба.
    Тоа секое бебе да носи широк повој е од времето кога немало како да знаат дека има проблем, па за секој случај ставале на сите. Чим го прегледале бебето и се е во ред, не ти треба широк повој.
     
    На Lady Miami и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  15. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    3.908
    Пол:
    Женски
    И ние исто, заспивање 20/21, будење 12/1 и 3/4. Станување 7:30:D. Заспива сам со цуцла.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Колку време и треба за да заспие?
     
  17. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.389
    На првиот син му носев до 6 недели широк повој со памперс уште еден обратно ставен. На 6 недели го однесов за ехо на колкчињата и од тогаш престанав да му ставам. На второво 4 недели ќе прави не му носам на топлово широк повој. Педијатар ми рече да не носам, исто како и за првото на 6 недели ќе го носам за ехо.
     
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.706
    Пол:
    Женски
    Ама ти младичка ги имаш раѓано првото и второто, затоа. На 30 поише мислам им се замараме :D
     
    На .baby.love., Lady Miami, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.281
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    Па зависи претходно колку била будна.. некогаш како ја ставам за 5мин заспана е. Некогаш си разгледува и 20мин па заспива :D и преку ден ако е мирна, најадена, спокојна без ништо да ја мачи исто сама заспива.
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    3.908
    Пол:
    Женски
    Девојки, со мм бевме настинати, т.е јас сеуште не сум целосно оздравена, син ми фала богу засега нема симптоми и се надевам така и ќе остане. Следна недела треба да прима вакцина, по леукоцити би се видело доколку има нешто? Црп за да се испита треба крв од вена или прст?