Во колку легнува, во колку станува? Моево спие до пладне, ми рекоа да не сум го оставала толку, да станува во 8-9, мене ми е глупост тоа, бебе е до кога сака нека спие.
Јас менувам, моето не кака ноќе, никогаш до сега нема какано, но менувам без да бришам со влажни, само ставам нова пелена и продолжува да спие. Пред спиење, значи после бањање повеќе павловиќева ставам и до сега немало црвенило или слично.
На неколку месеца може ти е сеедно кога станува, ама ако спие до пладне на 7-8 месеца, а на 9 треба да тргнеш на работа и да го носиш во градинка, и те како може да е проблем спиењето до касно. Јас двете деца од раѓање гледам да ги легнам најкасно во 21ч. Бебето сега е 6ипол месеца, легнува во 20ч, станува околу 7 сабајле. Мора да стане сабајле да ја носиме сестра му во градинка, така да воопшто не ми одговоара да спие до касно.
Како да ја навикнам со хеланки? Шпикозни прифаќа ама хеланки нема шанси, си плаче кога си носи па ја соблекувам и се смири одма, а не се тесни воопшто. Ептен се навикна гола да е летото
Ај јас да го вклучам алармот. Пишав на педијатарот ама додека ми врати. На раменцето на синко забележав мало поткожно топче, а на кожата е малку како модро. Читам нешто рекација од првата вакцина од болница. Какви се вашите искуства? Иначе сме два месеци и една недела.
И јас Фрош користам од старт, некогаш заборавам омекнувач да ставам. Ставив вчера кремиче со Цинк оксид се подсмири, денеска само водичка и кремче, ама мнг тенко ставам. Пантенол крема или маст ставаш?
Не ставај омекнувач ич.. и пази и на вас кога се допира (ако переш твои со омекнувач). Јас мелем, крем со цинк, уријаж крема ставив и ништо не ја смири 2 недели таква беше, бетер и бетер се ширеше... Пантенол крем (розевото од Галеника), Јасна ми ја препорача кога дојде кај мене (ја виде)..
Сакаме окт да се прошетаме некаде. Било кај децава да се издуваат (за тој споениот викенд). Каде би можеле со 2м бебе?
Нема зашо да менеш..ја му ставам нова накај 8 саат пред да го успијам и после менам сабајле кога стане 8,9 зависи
Колку смее да седи во транспортер? Денски не спие никаде освен во раце или во транспортер во количка, во него знае да сврзе и по три саати, убаво му е стуткано ужива а мене ми е шубе, а само шо ќе го оставам на кревет се буди, а навечер без проблем си спие во гнездо.
Модра точка има моето на рамото од вакцината, првото немаше, баш на вакцината на два месеци што се става не прашаа дали има белег и кога видоа кажаа супер …
Само површински е, колкаво е бебето, моето е три, можеби и имало претходно но немам допрено за да знам.