Прво почнува да кенка и мрда пробувам цуцла да му ставам ја фрла и отвара очи, веќе тука давам цице. Пробувам и да го тапкам и шушкам ама џабе. Инаку заедно спиеме на спална можеби и од мене се буди. На креветче кога спие се лепи до спалната и така се буди. А не можам да го слушам како мрда цела вечер у креветчето хаха
На колку време да вадам мрсулчиња кај бебе старо месец и 20 дена... Од завчера почна да хрчка носе, вчера повеќе затната но ништо не успевавме да извлечеме, а плус киваше. Од сабајле е скроз затната, 2 тона мрсули и извлекувам... и ми подкашлува по малку. Порачав сеа синомарин за бебиња, но колку често смеам со аспираторчето да влечам?
Мојов е 3 месеци, ми крчи со нос и има мрсули веќе пола месец, исто како мене. Ја прашав докторката ми рече слободно вади неколку пати дневно. Јас со носко за на правосмукалка му вадам, а пред тоа капнувам изотоничен Синомарин. Твојава е помала малку, јас би вадела, поарно со аспираторче него не дај боже да и се симне надоле секретот.
Слободно со носко вадете мрсулчиња по неколку пати на ден. Ќе и олесни и нема да се симне на плуќа. И кромидче во нејзина близина оставете уште толку ќе се отпушти носот.
Како вадиш со Носко, ми е страв да не ја исплашам сепак јако е тоа... со првото вадам секогаш кога има.. капки или спреј Синомарин даваш?
Јас вакви порачав... докторка другарка ми рече да е 2.3% хипертон раствор. Знам бебиња брзо спуштаат па паника ме фаќа.. Моето е обично на уста со цефка влечам, ама убаво вади..
Не е јако ноското, така е направено, да се намали моќта на правосмукалката. Монодози синомарин. Ова @mariz што го постираше истово
Јас со истото прашање, со тоа што моето е 2 и пол месеци. Вчера преку ден дали заспа 3 пати по 20 минути и еднаш 1 час. Последно јадеше во 10 и пол и заспа. Очекував са стане накај 2 и пол-3 ама ништо. Малку промарда во ноќта еднаш во 3, сакав да му дадам ама додека станав заспа одма и тек во 6 и пол стана со плачење. 8 саати спиеше без да јаде и сега имам грижа на совест дали ноќта требаше да му дадам во спиење.
Јас не го будам. Вчера заспа во 8 и пол, до 2 не се разбуди. Кога стана, му дадов 120мл и пак си продолжи до 6. И педијатар ми има кажано да не го будам. Ретко се случува ова, инаку станува на 2 и пол-3 саата ноќе.
Го будиш со цуцлата и јас иста бев. И мојата исто правеше како што пиша, после сето ова и излезе запче. Сега помирна е па можам да ја презаспијам без цице. Да не ве чека и вас истово
Мојов на 4 саати ама не се буди, ќе закенка, ќе испие млекото и продолжува. Е синоќа јадеше во 9 ипол, промрда во 4 тогаш му дадов и си спиеше стандард до 7 ипол. Колку највеќе може да е без млеко ако не се буди? И јас исто како @HeLenna имам грижа на совест ако не му дадам. Првата ми беше на цицање, на секој саат цицаше, сега некако шубе ми е на 3 месеци по 6,8 саати нејаден.
Исто, исто. Обично се буди ама еве има и вакви денови кога нема да се разбуди, а претходно цел ден не спиел, ако го разбудам јас може и до сабајле да не заспие и да се разгњави. Не знам што е паметно, кого и да прашам ми викаат не го буди, биди среќна што спие.
Абе не ми е мене проблем да му дадам заспан додека е, проблемот е што тоа е невозможно, обавезно се буди и после не презаспива. Обично накај 4 му давам ама после тоа се буди и до 7 не презаспива. Е ноќеска не му дадов и тек во 7 заплака за јадење. Мн сати се тоа, 8 сати без млеко. Еве сеа си туфкам зошто не му дадов во 4.
Само што ми стигнаа од Зегин (онлајн порачав). Во упатство пишува по неколку капки во ноздра, но доколку е погуст секретот дека безбедно е и повеќе да ставиш. Да стане па ќе се бориме... После ќе одиме и до лекар да ја слушнат дека малку и ми подкашлува... Спојлер: Упатство
Мајки ве молам што може да е, бебе не дака никако да пие млеко од шише ниту вода ништо 5 месеци сме. Предлог што да правиме дали може да е до шишето?
Isto otvoriv da procitam za ova tema vcera mu dadov vo 1 si pobara 180 i kaj 6 rekov aj pak mn saati se i ispovrati se lom. Mislam kaj sin mi nema da davam poveke 2 pati noke ili povraka ili se budi od mlekoto. Ne znam sto e problemot dali nie mladi neiskusni pa ne znajme red da fatime.
Ние мислам дека сме во 4ти скок па ќе чекам да помине и ќе пробуваме некој ред да ставиме, можеби таа сама ќе си стави некој ред. Вака не бива и никој не ми верува само знаат да кажат така си го научила. Знам дека ми е касно, ама ако ми веруваш уште во 21 почнам да ја нишкам рацете ми паѓаат не заспива и готово. И во иста соба го успивам исто светло, песнички исти и пејам гледам како некоја рутина да е но не бива. Не излегуваме навечер тој период. Се дешава да заспие околи 20:30 но поспие некој минут се буди и не заспива потоа.
Може не е прашањето за тука, ама со што ги отстранувате флеките од ланолинот на медела од облека? Првиот месец ги мачкав градите и исфлекав доста облека. Пробав со тоа со тоа за флеки фрош за бебиња (иако е за мене ) ама ми останаа флеките па сега сакам да пробам да ги преперам пак.