Ние исто бебе имаме хаха. Се што напиша, го живеам деновиве. И заедно на спална спиеме, ама така откако е роден, значи не се буди од мене. Денес почна да се удира по ушињата, да ги корне...ми иде повеќе дека е маката од забите. Двата кеца доле веќе му се гледаат.
@Oxsana А дали го изморувате доволно во текот на денот- да биде на земја на подлога цело време да игра да се врти?
Помош.. кичмава ми паѓа веќе... Додека беше помала без проблем си возеше во корпа надвор и си заспиваше ама сега хорор никако не сака да лежи, сака само во раце и гледа све наоколу ( све и е интересно ) .. па и дома исто, само во раце сака да е ( некое време само на кревет со играчки) нит на земја нит на меше нит ништо...првото не ми правеше проблеми кога го легнав на земја
Vo kengur ili kolickata dr del ama ne znam kolkavo e bebeto. Jas go klavav na 60 stepeni iskreno od 3.5 meseci negde taka sakase i udobno mu bese sedese iamo rano bese.
Пробај смени го шишето. Моето исто прво го сакаше само тоа од пумпата после ни тоа. Купивме на авент и одма го прифати
Мајки малата ми е скоро 3 месеца. Овие денови се кака ама не ја полни пелената, не знам дали е лошо тоа? Бојата е супер ама многу малце. Наредна недела сме на вакцини сигурно ке ја мерат таму, до 2 месец супер напредуваше..
И моето му е затнато носето хрчка така, аквамарис шприцкам и после влечам со носко, ссмо не знам дали правам точно оти шмукам и не излева ништо а апла се осеќа дека има.. Легнато шприцкам и чекам 2 3 минути и влечам, не ни знам дали точно влечам, појако да повлечам ми е страв да не и направам нешто..
Мајки со што чистите папоче на бебе? Тука ништо не ми дадоа, а гледам од денес има течност како крв на бодито и памперсот. Уште не ни е паднато. Ај ако сака некоја мајка нека ми пише што треба, вечер доаѓа со авион еден близок па да ми го купи. Фала ви.
@Marsi* мене ми рекоа со алкохол додека да падне, а од кога ќе падне да го ширам, да капнувам хидроген и со чепкалка за уши да го чистам. Хидроген користев додека пенеше. Кај нас многу брзо падна папочето и многу брзо се среди, дали една недела со хидроген го чистев. И моево бебе е со мрсули ама тврди. Користев nisita ама мајка ми денес не нашла па ми купила аквамарис за бебиња. Со аспиратор за нос не можам ништо да му извадам, а сестра ми успева. Па ми рече да ставам крема на носот и нежно да го масирам надолу. Со масажа ми успева, се симнуваат надолу и му ги вадам.
А јас се чудам шо оваа недела почна за ушињата да се тегни а викат и за утеха им било тоа плус. Сега го заспав абе со ѕвер ко да се бориш. Морав да клекнувам да трчам по соба да се смири.
Мојава од завчера се затна, вчера џабе влечев не искачаа ИЧ. Денеска оддеднаш се живо излезе. Не ни влечев нешто силно. Ставав и од Синомаринов и после влечев и многу се одзатна, диши и не хрчка. Ама асални мрсули извади... густи
Тука бебињата не ги бањаат и затоа сигурно не ни даваат никакви препораки како да се третира. Бабицата само ми кажа кога ќе падне и ако има крвче, да се третира со вода. Јас си ја бањав и сигурно убаво го немам заштитено и гледам има по бодито течност. Од утре ќе третирам со алкохол ќе го чистам па се надевам дека нема да имаме некој проблем.
Мариз Синомарин спрејот го користите така ли? Ако да, од кога може да се користи кај бебе? Моево крчка цело време и му смета при пиење на млеко. Јас имам носко за во правосмукалка ама страв ми е дека уште е мала. А така со него во уста да ставам и да шмукам ќе биде ли проблем? Или да си седам мирна 9 дена сме.
Дали го возите бебето сами во кола и каде каков е законот за транспортерот да стои и што е најправилно?