1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Мајки на близначиња, споделете што купивте за бебушки, што најмногу користите, што е корисно и потребно ептен за почеток? Колички од каде купивте, гледам многу слаб избор по Мк…
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    За една недела правиме 2 месеци..Дали е безбедно и во ред да пробам да го ставам во слинг марама? Гледам во кенгур ги носат уште првата недела :D
     
  3. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    Бебе 2 и пол месеци. Ако се жалев претходниве денови дека не спие ич, денес па е ептен поспан.
    Одма почнав филмови дека нешто не е арен...
     
  4. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.471
    Пол:
    Женски
    Да не се грижиш јас мислам, така е и кај нас, додека беше во скок ич не спиеше, некни исто цел ден неспан нареден ден две дремки по 2/3 сати и на крај си легна во 18 30 и спиеше цела вечер само за млеко се разбуди
     
  5. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е вака да го гледам кај што спие.
    Го дигнав, се подразбуди, му сменив пелена, исто така разбуден ама поспан и додека го облеков веќе заспа.
     
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Ние сме 2 месеци и 3 дена, ја носам во слинг уште пред да има месец но по малце секој ден за да ја навикнам и јас но и она... Моментално слинг марамата ми е најискористено нешто. И по дома и за шетање. И кога ептен неможе да заспие. Затоа е наменета слинг марамата, да имитира утроба. Мислам дека скроз им е комотно на беблиња.
     
    На angel4444 и sani99 им се допаѓа ова.
  7. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Јас до 3м го носев во марама. После почнав во кенгур нанапред пошто нејќеше накај мене свртен секако од оние 0+ кенгури
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ANITA.sk123

    ANITA.sk123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    32
    ние до дега користевме авент од 0 до 6 месеци што се тие пиеше од нив сега наеднаш не сака преку ноќ дали е до шишето или не сака ад млеко да земе не ми е јасно, ставив и мое млеко во шише пак не сакаше.. да земам исто авент само од 6+ месеци, различни се цуцлите? Мислиш до тоа е ?
     
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    7.204
    Пол:
    Женски
    Јас во боба врап го носам од 3 недели.
    Оротпедот ми тече најприродна позиција за новороденче е во марама.
     
    На angel4444 и sani99 им се допаѓа ова.
  10. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Има ли некој друг со сличен ,проблем’, бебе откако е родено а веќе е 3+ месеци, заспива после 00-00 часот, спие убаво откако ќе заспие но пред тоа време ако ја заспијам се буди мнооогу често па дури и на 10 мин.

    Се роди лето и ајде океј беше некако тоа, но сега веќе сакам да променам саат, мене лично не ми пречи но поради обврски со поголемото дете убаво би било порано да ја заспивам.

    За дремки нема ред сеуште, планирам со четвртиот скок да ги средам (fingers), да чекам ли ова со четврти скок да се реши, не сум паметна што да правам :^)
     
  11. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Даа многу сака на подлога и да се врти на меше, си ги фаќа играчките. По цел ден мрда со раце нозе писка по играчките не знам како не се измори од тоа и цело време да се врти. Еве денес заспа во 21 се разбуди за 10мин пробав да ја презаспијам не сакаше целата весела беше сака да се игра и се игравме сменивме пелена и еве пак во 23 заспавме.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Исти проблем. Ако ја заспијам во 21 ќе се разбуди. А после 23 спие. Упорна сум да ја успијам порано секој ден пробувам ама не сака никако се буди. И јас барав помош дали ќе помине и како да и ставам ред.
     
    На Bella Nella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    И да нема ефект не се нервирај. Не мора да значи дека и кај тебе ќе биде исто но Јас сешто испробав и молзење и пиев чаеви, апчиња, колку вода и сок од јаболко испив ооо, па и боза со зор пиев, но млеко не ми дојде по 30мл молзев од двете. Бебе по цел ден ми беше на цицка и ништо. Ама еве 3 месеци сме не се одкажувам си давам колку има толку после дохрана. Докторката ми рече да престанам да не ја залажувам да не се учи на цицка. Но јас и давам, сакам да си ја дојам, можеби ми е грешка не знам.
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    Мене вака знае да ми направи преку ден. Ама тогаш не е проб, проблем е ноќе и за тоа немам искуство. Да пробаш од еден ипол час да почнеш да стишуваш игра да ја земеш во раце да гушкаш да галиш па после во креветче или на града не знам како ви е редот. Да не е престимулирана. Или кога ќе се разбуди за десет мин одма на града пак да презаспие, јас ова го правам некогаш што не значи дека е правилно ама ми успева.Ова вака само како предлог немам искуство за да ти помогнам. И читам подолу дека ја заспиваш во 23ч. Не можеш наеднаш да го повлечеш тајмингот, мора постепено. Почни во 22:30, па 22:15 и така да дојдеш за две недели до 21.
     
    На Oxsana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    На града сум пробала ама не ми успева.
    Но преку ноќ, а и вака кога не заспива антиколик шум знае да ми помогне. Но страв ми е да не се навикне само на тој шум да спие. Некој искуство со тоа да пише дали се ствара навика и потоа постојано да бара тие звуци.
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    12.763
    Пол:
    Женски
    Јас намерно ставам бели звуци. Првото дете спиеше со нив скоро година ипол.
    Второто сега исто, може во дневна да си игра, доаѓа време за спиење, го носам во креветче, пуштам да шушти, 2 пати ќе се сврти да се намести и заспива. Мене тоа ми е позитивна асоцијација. Плус не слуша ако се тропа по дома.
    Да го бара звукот, не го бара, ако е уморен знае да заспие во количка надвор или во кола, ама дома за дремка спие саатипол, некогаш и два, што надвор или на гости не се случило, дури и да пуштам бели звуци на телефон. Така да не е до звуците.
     
  17. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    989
    Пол:
    Женски
    Бебе скоро 4ри месеци, последнице 3 недели станува 5 пати прелу ноќ, цица по 6-10 минути и толку па после станува за брзо време. Пробав два пати ја враќав да цица подолго ама ми бљуцкаше во креветче. Се надевав дека како што расте ќе спијам повеќе ама еве исто е дури порано помалце се будеше
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    33.866
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум мама на близначки 5м стари.
    Вака јас купив количка на bugaboo donkey . Во мк а нема мислам.
    Највеќе ги коистиме тетра пелените и чистачот за нос оној што оди на правосмукалка.
    Вага :tmi: јас двапати у неделата ги мерев дали напреднуваат.
    Кадичка со постоје( ако си царски многу е практична).
    Користиме шишиња на МаМ.
    Пумпа за молзење на Medela. Бидејќи се молзам .
    Што знам алишта јас се зимам по две исто јер сакам да се во исто облечени.
    Инаку најкорисни работи ми се оние како шпикозни едноделни во тоа спијат од сам почетоок . И купувам секогаш бројче поголемо да се поноси малку не кнап растат како крофни. ( веќе собрав 5 торби големи од Primark чекам да ги дадам на некој кого му се потребни ќе ги поклонам бидејќи и јас добив доста д нив на поклон)
    И да исто што и за едно бебе би требало тоа треба и за две . Јас искрено не се мн замарам што и како
    За бањање ги бањам со хип шампонче не ги мачкам со ништо дупе миеме после какање кога сме дома надвор марамици.
    Алиштата им ги перам со нашите не ги двојам. ( ариел или ленор прашок користам и омекнувач на ленор бејби сензитив користам) .
    Колку повеќе внимаваш на се толку повеќе имаат проблем со кожата.
    Ние сега за сега сме супер никакви проблеми немаме .
     
    На Elliana и La-loca им се допаѓа ова.
  19. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Јас пак во врска со папочето.
    Од вчера почнав да му го чистам со алкохол и има доста крвче на самата чепкалка за уше.
    Гледам малку се поодлепило, се надевам во скоро ќе падне.
    Дали е паметно и сега да му ставам прашоче или да чистам само со алкохол додека да падне?


    И друго што сакам да прашам, вчера цел ден решив да му давам само мое молзено млеко и кога не беше нервозна фаќаше цице.
    Ама во рок од саат ипол се искака 4 пати пролив, целото стомаче ќе му зоврие и гласно ќе се искака баш пролив.
    Таман кога ќе заврши или додека уште пие млеко.
    Дали овие 2-3 дена да давам само формула да видам како ќе биде.
    Ептен ми е мисла бидејќи првото ми е алергично на кравји протеини и се измачивме додека не пронајдовме соодветна формула.
    Јас овие денови избегнувам млечни производи.
     
  20. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше кажано само алкохол, откако ќе падне алкохол па хидроген, ако има воспаление бивацин прашок.

    За ова со проливчето не знам, моето исто оваа ноќ за прв пат имаше проливче и прв пат какаше ноќе, јас би продолжила со мајчино сепак сметам дека не може да има поголема штета од АД.

    За да не нервозна најдобро малку од шише да помине малку гладот и после тоа големи се шансите да си цица.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.